verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бројки, спин-тези и коментари

on 22 - 12 - 2015       

11114 - 1

[Рецензија: Поради очајната поддршка од граѓаните Заев бега од избори]

 

Во овој текст имаме маневар за избегнување одговорност. Нешто како народната „Грижо моја, премини на друг“. Се префрла вината на другата страна во политичките преговори: за пробивањето на роковите, за (не)исполнување на зацртантите задачи неопходни за нормални избори напролет… Убав спин кој не го „перат“ ниту бројките од истражувањето на јавното мислење, кое недамна беше обелоденето.

 1111Линк до оригиналниот напис: Поради очајната поддршка од граѓаните Заев бега од избори

 Датум и време на објавување: 17.12.2015   14:21

 Датум на рецензирање: 20.12.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ТЕКСТ СО ДВЕ ЛИЦА

Да раздвоиме две работи – бројките и повикувањето на нив се едно, а извртувањето на состојбата, пристрасноста и коментаторскиот пристап се друго. Текстот, всушност, има две лица – првото, кое му дава некаков си кредибилитет зашто се повикува на резултати од истражување на јавното мислење и второто, апослутно нелигитмно од аспект на непочитување на професионалните стандарди. Ако написот се држел само до податоците на „Брима Галуп“ и ако се имал ставот на СДСМ, тогаш тој би „поминал“ без поголеми проблеми.

Ама! Во ваквите случаи, безмалку, секогаш има едно „ама“.

И така, „ама“ на бројките од анкетата се накалемени и спин-тези и коментари, апсолутно непотребни, кои целосно го урнисуваат материјалот. Малку за спинот.

„Зоран Заев бега од избори. Главниот адут му е одолговлекување на роковите, но и продлабочување на кризата преку спроведување на деструктивното сценарио“.

Интересно тврдење, ама невистинито. Меѓународната заедница, која му кумуваше на Договорот од Пржино, како и на преговорите што треба да доведат до реално имплементирање на договореното, кажа дека има пробивање на роковите и дека едната страна во разговорите е неконструктивна и не се однесува сериозно. Тоа, според посредникот во процесот, била власта. Токму странците предупредуваа дека без исполнување на сè што е утврдено, во април избори ќе нема.

Од самиот текст се препознава дека власта, најверојатно, е извор на дел од информациите, особено, на тие што се однесуваат на последните преговори на четворицата лидери. Ама, тоа не е наведено. Поточно, нема какво било повикување кој е „бриферот“. Барем да имаше и формулации од типот „дознаваме“, „наши извори“, „од вклучени во процесот“, што се вообичаени новинарски алатки за пласирање информации (иако, во последниот период често злоупотребувани). Така, на пример, не се кажува кој  вели дека Оливер Спасовски имал девет соработници, а Фросина Ременски шест? Можеби е така, а можеби не. Дилемата останува, макар што, можело да се прашаат повиканите дали навистина тоа е така. И да не се добиело одговор, сепак ќе се покажала одредена доза на ангажираност.

„Заев и СДСМ служат како портпароли на специјалното обвинителство. Истовремено се повеќе е забележлива нервозата во СДСМ, па Заев си го покажува вистинското лице. Заев и СДСМ станаа портпароли на Катица Јанева“.

Ова е коментар, без дилеми… А впечатокот го дополнува наредната реченица:

„Заев на лидерската, а Петре Шилегов вчера бесе портпарол на Јанева. Тој даде изјава што имала, што немала и што ѝ требало за да ги извршува работите во полн капацитет“.

Тенденциозно, нема што. Иако, нема ништо изненадувачки во заинтересираноста на една партија, во конкретниот случај опозицијата, за тоа дали и во какви услови функционира Специјалното јавно обвинителство. Зашто, од неговата ефикасна работа ќе зависат многу клучни елементи до најавените пролетни избори.

Имаме работа со необјективен материјал, кој ги злоупотребува бројките од анкетата за да ѝ даде поинаков тек на актуелната состојба. Ова е некакво новинарско самоволно амнестирање на власта за доцнењето во роковникот со задачи од Договорот од Пржино, „ама“ таков „попуст“ нема и за опозицијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести