verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бомбастични тврдења, а ниту еден извор на информации

on 17 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

[ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ ОДВИВАЛА СИНОЌА: АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА МУ СЕ ЗАКАНИЛА НА МИЦКОВСКИ, АКО ГО ОТКАЖЕ И 15-ТИ ЈУЛИ ТОГАШ ЌЕ МУ ДОЗВОЛИ НА ЗАЕВ ДА ОДИ САМ НА ИЗБОРИ БЕЗ ОПОЗИЦИЈАТА!!!]

Овој текст без посочени извори на информации произволно си пласира вест полна со шпекулации за „нервозни“ амбасадори и „вжештени“ телефонски линии.

Линк до оригиналниот напис: ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ ОДВИВАЛА СИНОЌА: АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА МУ СЕ ЗАКАНИЛА НА МИЦКОВСКИ, АКО ГО ОТКАЖЕ И 15-ТИ ЈУЛИ ТОГАШ ЌЕ МУ ДОЗВОЛИ НА ЗАЕВ ДА ОДИ САМ НА ИЗБОРИ БЕЗ ОПОЗИЦИЈАТА!!

Датум и време на објавување: 15.6.2020

Датум на рецензија: 16.6.2020

Рецензент: Стојан Синадинов

Текстот што го рецензираме речиси ја исцрпил целата содржина во насловот. Наводно, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, која му се заканувала на Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе го „аминува“ одењето на Зоран Заев и СДСМ на избори без опозицијата:

Особено нервозна била америкаската амбасадорка Брнз која му се заканила на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски дека ако не го прифати 15-ти јули, ќе му даде зелено светло на Заев да оди на избори без опозицијата. Таа му се обратила со многу строг тон на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, дознаваме од извори кои се добро запознаени со вчерашната драма во земјава.

Новинарите често ја (зло)употребуваат флоскулата „добро информирани извори“ за да пласираат непроверени вести. А за да се засили ефектот, овој текст има дури три извичници (!!!) во насловот, кои треба да ја потенцираат драматичноста на веста.

Американската амбасадорка уште пред речиси еден месец (20 мај 2020) имаше јасен став за предвремените парламентарни избори кај нас во услови на пандемија:

Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите, вели амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, во одговор на прашањето од „360 степени“ за коментар на „целата ситуација околу изборите, која може да прерасне во нова политичка криза“. Брнз вели дека техничката влада има ограничен мандат и дека требаше да биде на власт во ограничен период пред избори.

Брнз го задржи тој конзистентен став во текот на целата предизборна „драма“ околу датумот за избори:

Важно е во земјата да се одржат избори. На Северна Македонија ѝ се потребни избрани и потполно функционални институции – Влада и Собрание – за да се справуваат со многуте итни предизвици кои ќе имаат долгорочен ефект врз иднината на земјата, вклучувајќи го одговорот на кризата со ковид-19, како и подготовките за пристапните преговори со ЕУ. Што се однесува до датумот за овие избори, тој треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата, изјави Брнз за државната новинска агенција МИА на 12 јуни 2020.

А откако на 15 јули конечно беше договорен датумот за избори, амбасадорката Брнз го поздрави договорот меѓу најголемите партии.

Во секој случај, овој текст си прави конструкција базирана исклучиво на шпекулации, а ја пласира како стопроцентно точна информација.

Во преамбулата на Кодексот на новинарите на Македонија стои ставот:

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Но, во текстот не се испочитувани овие професионални принципи, а освен тоа е прекршен и првиот член од Кодексот каде, меѓу другото, е прецизирано дека:

… Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести