verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бомбастичен наслов и манипулација со фотографија

on 12 - 12 - 2019       

Во време кога на повидок е изборен циклус, повеќе од кога и да е се појавува можност да се видат текстови што одат во прилог на одредена личност или субјект и „напаѓаат“ лице или друг политички субјект. Во такви текстови ќе се најде се, само информација не. Манипулација со видео, манипулација со наслов, недостиг на факти за потврдување на она што е напишано и многу коментари. Овие се најчестите елементи со кои се среќаваат читателите и ги наоѓаме во вестите што ги разгледуваме.

Фотографија од веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „Зборува Зиадин Села, пола од младината на АА, ја напуштија салата?“ Flet Ziadin Sela, gjysma e rinisë së ASH-së e braktisën sallën? (VIDEO)

Датум на објавување: 04.11.2019

Датум на рецензија: 22.11.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

Ако сликата зборува колку илјада зборови, зошто треба да се коментира видео од перспективата на една личност?!

Во текстот што го разгледуваме, авторот извадил видео парче и напишал текст каде ги опишува неговите лични ставови, без да ги заснова на факти. Авторот напишал дека за време на говор на лидер на политичка партија, сите симпатизери ја напуштиле салата каде што се одвививал настанот, но не го земал предвид фактот дека во тие моменти потезите ги правеше лицето што излегуваше на трибината, придружено со обезбедување и неговите придружници.
Авторот не ни утврдил на кого биле слободните места што се гледаат во видеото што го презентирал, дали биле на младите или на партиските функционери и партиските комесари.

„Во ова мала сала што ги собра сите млади на АА, зборуваше нивниот лидер Зијадин Села, но за време на неговиот говор, половина од салата се испразни, некои излегоа предвреме, а некои во ходниците. Се уште е мистерија зошто овие млади не го слушаа говорот на нивниот лидер Зиадин Села каде како што велат младите од АА ќе ја донесе победата на 12 април на овие избори. Инаку, АА на Села, како да се плаши да се кандидира сама на овие избори, продолжува да бара албанска партија од опозицијата да соработува против ДУИ на Али Ахмети“, се вели во текстот што го разгледуваме.

Во потрага по веста, се губите во текстот


Авторот на почетокот на текстот кажува како се одвивал партискиот конгрес, а потоа продолжил со она што исто така беше и главната цел на овој настан, изборот на претседателот на младите на партијата. Во третиот дел од текстот авторот се повикува на она што го рекол во насловот, со што манипулацијата е помалку очигледна, додека на крајот на текстот тој хипотетички зборува за „страв“ на лидерот на партијата придружувајќи го со бројни коментари. Авторот си дава за право себеси да коментира за можностите за коалицирање на оваа партија со другите партии, секогаш хипотетички, без да ги заснова на факти.

Да се прави професионално растојание од политичките субјекти

Авторот, за да ги постигне своите цели, не одржува одредено емоционално растојание од настаните и сопствените ставови и не покажува дека сè што тој пишува мора да се базира на аргументи.

Коментарот треба да биде јасно одвоен од известувањето, е прилично јасно рпавило во Етичкиот кодекс и во земјата и во светот на професионалното новинарство, но има плус уште едно етичко правило.

ЕТИЧКИ КОДЕКС

„Известувањето за политичките процеси, особено за изборите, мора да биде непристрасно и балансирано. Новинарот мора да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти”.

 Селективни докази и негрижа за основните податоци

Авторот користи аргументи кои поддржуваат некое тврдење и во исто време игнорира аргументи против тоа. Додека ги запоставува основните податоци, авторот оценува врз основа на селективни податоци, без оглед на основните податоци за случајот.

Треба да цените само откако ќе видите од сите агли

Читатели, кога ќе откриете дека во еден текст некои информации се занемаруваат, знајте дека се работи за криење информација, која може да се искористи за погрешно претставување на вистината, за пропагирање, за да му наштети на некого или на одреден субјект. Ако наидете на текст на кој му недостасува вклученост на сите страни во приказната, игнорирајте го, зашто вас се обидуваат да ве изманипулираат.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести