verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Блискоста на фотографиите и политичката блискост се различни нешта

on 16 - 03 - 2020       

Илустрација

На 11 февруари во Собранието беше ратификуван Северноатлантскиот договор, со одложено дејство. Беа поканети претставици на соседните држави, претставници на НАТО, државниот врв и политичките лидери од земјава. Начинот на кој беа седнати гостите во салата „Македонија“ во Собранието, не беше нивен личен избор и не постои скриена позадина како што се тврди во текстот што го разгледувавме

Фотографија од веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: „ВИДЕО/Билал Касами залепен до Христијан Мицкоски од ВМРО!“  VIDEO/ Bilall Kasami ngjitur me Hristijan Mickoskin e VMRO-së!

Датум и време на објавување: 11.02.2020, час 20:53

Датум на рецензија: 16.02.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Манипулативен наслов

Насловот на текстот е тенденциозен. Авторот алудира на можноста за значење на фактот дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на движењето Беса, Билал Касами, седат еден до друг. Ова, според авторот, покажувало блискост помеѓу Беса и ВМРО.

„Денеска во македонското Собрание беа видени Билал Касами и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски како седат еден до друг. Инаку, блискоста БЕСА-ВМРО не се прикажува тука за прв пат. Пред неколку месеци, Билал Касами се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“ – се вели во написот што го разгледуваме.

Овој обид за манипулација паѓа брзо во вода. Во собраниската сала „Македонија“, јасно се дефинирани сите места за кого се резервирани. Секој пратеник и член на владата има свое место.

Во случај на вакви празнични и вонредни сесии, дел од местата се резервирани за гостите. Кој, каде да седне, е одлука на Протоколот на Собранието. Седиштата на политичките лидери кои не се ниту пратеници, ниту членови на извршната власт, се очекува да бидат на едната страна. Се разбира, тие ќе бидат близу едни до други, но тоа не е одредено од нивната блискост со политичките субјекти или политичката идеологија.

Дополнителен доказ за ова е самата фотографија која е објавена со текстот. На седиштата за кои станува збор се наоѓаат натписи со имиња на лидерите на политичките партии и други гости.

Техники на манипулација

Новинарот направил лажна аналогија кога го поврзал моментот на седење на Мицкоски со Касами со нивната евентуална политичка блискост. Двата факта може да бидат факти сами по себе, но не се поврзани едни со други. Новинарот морал да ја поткрепи својата претпоставка или теорија со селективен доказ, со ставање на фотографија во прилог на текстот и податоци од претходна средба на двајцата лидери. Овие методи се објаснети во Прирачникот за Кринтинк.

За читателите

Читателот лесно може да биде плен на вакви манипулации од страна на новинарот од една едноставна причина: тој не знае како функционира организацијата на овие сесии и не знае кој ги поставува местата за седење за присутните. Но, новинарот мора да го знае тоа. Ако има сомнежи дека тој сака да потврди за можната блискост меѓу двете страни, авторот треба да не се базира само на фотографија, што во овој случај не докажува ништо. Новинарот мора да ги потврди сите негови информации пред да ги објави.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести