verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без втора страна, нема вест

on 24 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Голем раскол во „Беса„. Aлармирани центрите во Истанбул!]

 

Според новинарскиот кодекс, новинарот треба да ја опфати и „втората страна“, односно да им даде можност на двете страни што се прикажани во новинарскиот продукт да ги искажат своите ставови. Ова начело уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изразува сомнежи или обвиненија или кога некој е цел на напад или критика.

aktuale1Линк до оригиналниот наслов: Голем раскол во „Беса“. Aлармирани центрите во Истанбул!

Датум и време на објавување: 17.08.2015

Датум на рецензија: 19.08.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Во новинарскиот продукт што го рецензираме новинарот искажува сомнеж за евентуален раскол во Движењето „Беса“, повикувајќи се на внатрешен извор од политичкиот субјект, но не ја потврдил информацијата што ја пласирал во јавноста.

„Еден анонимен извор на висока позиција во „Беса“ информира дека постои голем ривалитет помеѓу претендентите за претседател на партијата и отпор кон актуелниот координатор, кој што е неприфатлив за некои асоцијациии, кои што сметаат дека е нехаризматичен и недостоен за да го води движењето.“

Наместо да ја потврди информацијата, обидувајќи се да обезбеди и други извори, новинарот со неговите коментари се обидува да го потврди тоа што го напишал во насловот. Тоа е практика која не ги почитува новинарските стандарди. „Овој ривалитет може да создаде голем раскол во движењето за што се алармирани и некои центри во Истанбул, кои што решиле да испратат емисар за да ги помири водачите на асоцијациите внатре во „Беса“.“

Шпекулациите и сомнежите треба да се мета на новинарот, но за да ги потврди, а не за да ги пласира непроверени или без да се опфати и страната за која се наведени сомнежите.

Новинарот има право да известува за можни сомнежи, меѓутоа во овој случај требало да има и официјален став на движењето. Како таков, текстот се смета за тенденциозен и наместо во информирањето, вниманието на јавноста се насочува токму кон елементите што не соодветствуваат со коректното известување.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести