Беспотребно разгорување меѓуетнички страсти
Објавено во Рецензии
on 19 - 09 - 2016 Автор: Симона Атанасова
Напис кој меша „баби и жаби“, истовремено беспотребно поттикнува страв, несигурност, а може да поттикне и насилство. Текстот уште со самиот наслов категорично поставуваа равенка меѓу победата на Хилари Клинтон на претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември, и насилства на Косово и тоа од страна на Албанци врз Срби!?
Линк до оригиналниот напис: АКО НА ИЗБОРИТЕ ПОБЕДИ КЛИНТОН: Албанците во Косово спремаат линч над Србите (Во меѓувреме текстот е повлечен)
Датум и време на објавување: 13.09.2016, 16:13
Датум на рецензирање: 18.09.2016
Рецензент: Симона Атанасова
Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил, поранешниот американски претседател, биле поддржувачи и пријатели на Албанците во Косово, па оттаму се вади и заклучокот дека ќе имало насилство во случај на победа на Хилари. Сето ова не е поткрепено со ниту една изјава, документ, некој логички след на факти употребени во аналитички цели.
Единствен наводен извор се некакви разузнавачки податоци, но не е истакнато за чии разузнавачи станува збор. Исто така, се тврди дека ова го пишуваат српските медиуми, но единствен линк од српски медиум цитиран во тектот е весникот „Ало“.
„Разузнавачките податоци откриваат дека Албанците во Косово наголемо подготвуваат насилни акции против Србите, пишуваат српските медиуми“.
Дека Хилари Клинтон ќе поддржела насилни акции против Србите, според текстот, говорел и фактот дека Бил Клинтон имал статуа во Приштина, а Хилари бутик со нејзиното име!? И сето ова е доволно за да се напише текст со силни националистички примеси, кој поттикнува омраза во, и така кревката меѓуетничка ситуација на Балканот.
Во текстот проблематична е и првата фотографија, која е направена од протест на Албанци, но не е наведено каде е сликана и за што бил протестот.
Текстот речиси целосно, сосе шпекулации и подгорување на меѓуетнички конфликти, е преземен од српскиот весник „Ало“, без притоа да се внимава што ваков текст би можел да има рефлексии и во Македонија.
Медиумите мораат многу да бидат внимателни во преземањето на текстови од странски медиуми, особено ако во тие написи има шпекулации кои на ниеден начин не можат да се проверат и да се потврдат. Таквите непотврдени факти можат многу лесно да бидат и невистини, како што е најверојатно и тука случај. Со конструирани написи на овој начин, единствено нешто што може да го постигнат е разгорување на етнички и националистички страсти и омраза, која потоа може да води и до насилство.
Текстот е изработен и пренесен спротивно на професионалните правила и етичките норми во новинарството и тоа од повеќе аспекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови