verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бесмислена реакција на некои медиуми за пишувањето на Порталб

on 9 - 07 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Веќе два дена, македонските медиуми блиски до македонската партија на власт и нивните сателитски портали, во полн замав критикуваат медиуми на албански јазик, нарекувајќи ги потпалувачки заради начинот на известување за случајот „Монструм“ и настаните кои следеа потоа. Неколку од овие медиуми се: Курир, Нетпрес, Република, Канал 5, Алфа, па дури и весникот Дневник отиде дотаму што веста со ваквите критики е објавена како главна вест на насловната страна.

Мета на овие медиуми е и Порталб, при што како пример за поттикнување на атмосферата на насилни протести се земени два наши текста, насловени како:

Овие медиуми велат дека текстовите се пропаганда, додека нашите извори ги квалификуваат како некредибилни и како реакции на некакви „граѓани и правници“.

Кои граѓани би биле достојни, според нивните критериуми, да реагираат и да го искажат своето мислење, а кои не би припаѓале на групата на „некакви граѓани“? Да ги потсетиме нашите колеги дека според член 16 од Уставот на Република Македонија, секој граѓанин има право слободно да се изрази и дека цензурата е забранета.

Сепак, им укажуваме на нашите колеги дека овие „некакви граѓани“ со години се присутни на јавната сцена во Македонија и се познати како критички гласови на актуелните политички и социјални збиднувања.

Исто така, ги потсетуваме нашите колеги дека овие „некакви правници“ имаат кредибилитет да зборуваат за случајот „Монструм“, уште повеќе со тоа што едниот од нив ги советувал и ги помагал адвокатите на овој случај, при подготвување на иницијативата на тужење на Владата за прекршување на правилото на пресумпција на невиност.

Ова реакција на македонските медиуми е бесмислена и може да се интерпретира како обид за одвлекување на вниманието од проблемите и вистинските причини за последните случувања во земјата. Според нивната логика, дали и оваа вест Дојче Веле е потпалувачка? Едно е сигурно, да се покријат, да се забошотат, или да се „разубават“ последните случувања во врска со случајот „Монструм“ не е решение и не придонесува за смирување на ситуацијата, туку уште повеќе ја загушува. А, кога зборуваме за професионализам овој пристап е во спротивност со принципите на професионалното новинарство.

Граѓанинот има право да биде информиран објективно, неманипулативно и да му се овозможи пристап до различни размислувања. Порталб ќе продолжи да ја извршува својата работа како и секогаш, професионално и во согласност со новинарскиот кодекс, каде што стои дека: „Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.“

 

Елида Зилбеари, главен уредник на Порталб

Bb8Q0EGCYAACwGK

Претплатете се за најнови вести