verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бајачи и јасновидци повторно и повторно

on 10 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Што точно предвиде Баба Ванѓа за спас на Македонија!?]

 

Текстови во кои има приказни за тоа што предвиделе бајачите и јасновидците низ историјата, се појавуваат речиси постојано во македонските медиуми. Тоа, најверојатно, покажува и до кое дереџе ни е дојдено новинарството, кога главните теми ни се баба Ванѓа, Нострадамус, Иван исцелителот, јасовитката Клеопатра… Инаку, овие текстови немаат никаква врска со вистината, објективноста, содржајноста и слично, туку се само четива кои ги има за повеќе кликнувања без поголема важност. Но, тоа не е ниту толку важно за овие написи. Важно и проблематично е што ваквите писанија имаат читатели, па дури и има луѓе кои им веруваат. Е, тоа е сериозен проблем кој го креираат медиумите, пласирајќи вакви информации преку кои се бега од реалноста и преку нереални пораки се влева некаква лажна надеж кај граѓаните.

Mediamk - 004 - final - 001Линк до оригиналниот напис: Што точно предвиде Баба Ванѓа за спас на Македонија!?

Датум и време на објавување: 01.06.2015, 12:49

Датум на рецензирање: 08.06.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Откако постои новинарството, јасновидците се интересни и за медиумите и за народот. Тоа е и разбирливо затоа што секој има желба да ја дознае иднината. Поради тоа, речиси секојдневно можат да се прочитаат и да се слушнат разно-разни претскажувања за тоа кој ќе победи на избори, кој политичар ќе има подем, а кој пад во својата кариера, каква година ја очекува државата, дали ќе се подобри економската состојба, дали ќе се реши спорот за името, итн. Тоа, можеби, и на моменти е забавно, сè додека не се претера. Овде токму тоа е и најголемиот проблем. Помината е црвената линија на добриот вкус. Од неколку прични.

Прво, никаде не е наведено кој е тој човек што зборувал со баба Ванѓа? Да, спомнат е со презиме, но – толку. Нема каде точно работел, во која поранешна влада. Нема зошто отишол кај оваа јасновитка. Се наведува дека бил приватно, но дознал и за Македонија. И како сето ова може да се провери? Никако! Нема ниту сведок, како дете, внук и слично, кој би раскажал дека навистина неговиот роднина бил кај баба Ванѓа и го дознал она што го тврди овој медиум. Вака, имаме само шпекулација или нагаѓање дека навистина можеби и било така. Башка, овој текст шета низ медиумите со години, а ова му е само последна верзија.

Во вториот дел од текстот се зборува за рудникот Алшар. И околу овој рудник постојано се шират мистерии, исто како и во овој текст. Сето тоа не е проверено и нема релевантни докази. Точно е дека таков рудник постои и дека има извесни минерали, ама – толку. Досега не е преземена некоја инцијатива да се провери што точно и во колкави количества има за да може да се каже дека овој текст е веродостоен. Вака како што е напишано, со претпоставки и со легенди, тоа е само шпекулација за која треба цврсти докази за да стане вистина.

Ова не смее да се случува во медиумите до оваа мера. Тоа само го вулгаризира новинарскиот простор и го загадува со небитни и со штетни работи. Или, на крајот на краиштата, ако веќе и има вакви написи, тие треба да бидат сведени на минимум.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести