verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Силвана Жежова

Заев и Јанева, „петок и сабота“!

на 28. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, без конкретни аргументи, се обидува да му наметне одредено однесување на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за првото судското рочиште „Поткуп“, на кое тој не се појави. Насловот на текстот има интенција да ги доведе во „специјална врска“ шефот на опозицијата и специјалната јавна обвинителка. Линк до оригиналниот наслов: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител Датум и време на објавување: 25.1.2016 Датум на рецензија: 26.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

СПЕЦИЈАЛНА ВРСКА

Лидерот на СДСМ се доведува во корелација со специјалната обвинителка Катица Јанева, иако за овој случај („Поткуп“) е надлежен Основениот суд Скопје 1. Притоа,

Промашен наслов

на 15. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Шок: Европа ќе врати во Македонија стотина илјади бегалци?]

  Насловот има интенција да ја шокира јавноста (дез)информирајќи ја дека Европа ќе ѝ  врати на Македонија стотина илјади бегалци. Во текстот нема факти што ќе ги потврдат ваквите наводи. Напротив, материјалот што го рецензираме најмногу се однесува на состојбата со мигрантите во другите европски земји. Линк до оригиналниот наслов: Шок: Европа ќе врати во Македонија стотина илјади бегалци?  Датум и време на објавување: 14.1.2016 Датум на рецензија: 15.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

БРОЈКИ ИСТРЕСЕНИ ОД РАКАВ!

Во овој текст единствен дел што се однесува на Македонија е фрагментот од изјавата на комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муижниекс (кому му е згрешено и презимето, па е напишано 

Предупредување: снежна бура од наслов!

на 14. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се снежна бура во Македонија]

  Насловот на текстот (со зацрнети и големи букви) има интенција да го привлече вниманието на читателите и притоа тој свесно предизвикува паника дека ќе ни се случи снежна бура! Дури, направен е таков избор на насловната конструкција што прозвучува како„бурата“ да се случува во моментот. Имајќи предвид, пак, дека сите официјални предупредувања од можни временски непогоди ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, насловот без конкретни докази во текстот ја дезинформира јавноста. Линк до оригиналниот наслов: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се снежна бура во Македонија Датум и време на објавување: 13.1.2016 Датум на рецензија: 14.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

СЕЕЊЕ ПАНИКА

Во содржинскиот дел на написот нема елементи што ќе го поткрепат тврдењето искажано

„Ликвиден“ текст за ликвидноста

на 13. 01. 2016 | |

[Рецензија:Како да останете ликвидни во 2016?]

  Неликвидноста е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат македонските компании, а пред истиот предизвик ќе бидат исправени и во 2016 година. Текстот што го рецензираме, дава одговори на прашањето кое се поставува и во самиот наслов „Како да останете ликвидни во 2016 година“. Поткрепен со извори, анкета , податоци од релевантен странски медиум (Гардијан), текстот е информативен и содржаен за компаниите. Линк до оригиналниот наслов: Како да останете ликвидни во 2016?  Датум и време на објавување: 8.1.2016 Датум на рецензија: 13.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова

 

ДЕСЕТ ОДГОВОРИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛИКВИДНОСТА

Текстот почнува со порака до компаниите дека е потребно да се грижат за своите побарувања, укажувајќи на ризикот од штетата

Трпезата за Бадник, одредница за личната среќа!

на 9. 01. 2016 | |

[Рецензија: Што треба да има на бадниковата трпеза за да имате среќа годинава?]

Насловот на текстот се обидува да го поврзе тоа што се наоѓа на трпезата на еден верски празник со среќата на луѓето во текот на годината. Интенцијата на овој напис, всушност, не е ништо друго освен привлекување повеќе читатели и кликнувања. Линк до оригиналниот наслов: Што треба да има на бадниковата трпеза за да имате среќа годинава? Датум и време на објавување: 5.1.2016 Датум на рецензија: 8.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ПТИЦИТЕ НЕ ПЕАТ ЗА БАДНИК!

Не постојат научни докази, а не е ниту слушнато, ниту видено дека за Бадник престануваат да се одвиваат голем број природни појави поврзани со животинскиот свет, како што се наведува на 

Текст како „обвинителен акт“

на 26. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ]

  Текстот што е пред нас зрачи со тенденциозност  уште од насловот: „ Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ“.  Целиот материјал натежнува од  обвиненија за Бекири за кои отсуствуваат какви било факти. Со леснотија и без докази му се припишуваат криминални активности, кои тој, наводно, ги извршувал во име на СДСМ. Линк до оригиналниот напис: Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ Датум и време на објавување: 22.12.2015 Датум на рецензирање: 25.12.2015 Рецензент: Силвана Жежова   ОЦРНУВАЊЕ Написот на самиот почеток му припишува на Бекири партиска поврзаност, како и тоа дека, наводно, намерно креирал лажни афери за да 

Мал чекор за човештвото, голема манипуалција за историјата

на 22. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Стенли Кјубрик признал – Слетувањето на месечината е фимска монтажа, а не вистински настан]

  Овој прилог има цел да „докаже“ дека слетувањето на астронаутот на НАСА, Нил Армстронг, на Месечината во 1969 година воопшто не се случило, туку тоа е само добра режија на режисерот Стенли Кјубрик, кој, наводно, во интервју го признал тоа. Притоа, целиот прилог во информативниот дневник се темели само врз основа на видеоснимка објавена на „Јутјуб“, во која не може да се утврди дали тоа е вистинскиот Кјубрик или само некој добро избран лик кој потсетува на режисерот и зборува во негово име. Линк до оригиналниот наслов: ШОКАНТНО: Стенли Кјубрик признал – Слетувањето на месечината е фимска монтажа, а не вистински настан Датум и

Сценарио за бегство од избори на „ти реков – ми рече“

на 21. 12. 2015 | |

[Рецензија:  Заев на лидерската очајно креирал сценарио за бегање од избори- странците зачудени од неиздржаните изговори]

  Текстот се обидува да ни пренесе дел од атмосферата во која течеше последната лидерска средба, на која шефовите на најголемите политички партии се договараа за експертите на ДИК. Притоа, на првиот човек на опозицијата, Зоран Заев, му се припишува однесување на таа средба за кое не се изнесени доволно факти. Написот има коментаторски пристап, а за наводните жалби, констатации и негодувања од Заев, се повикува на неименувани извори од преговорите. Линк до оригиналниот наслов: Заев на лидерската очајно креирал сценарио за бегање од избори- странците зачудени од неиздржаните изговори Датум и време на објавување: 16.12.2015 Датум на рецензија:18.12.2015 Рецензент: Силвана Жежова   ПАУШАЛНИ

Манипулација со бројки за миноризација на став

на 16. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ВИДЕО: Масовен протест на Студентскиот пленум – 12 лица го блокираа Ректоратот на УКИМ]

  Текстот е манипулативен со интенција да се обезвредни значењето на „Студентски пленум“, со нагласување на бројката од 12 студенти, кои ја блокираа работата на ректоратот на УКИМ. Овие студенти не настапуваат самостојно и се глас на целата организација. Намерата е да се намалат значањето на протестот и на ставовите што оваа група на студенти ги застапуваат. Линк до оригиналниот напис:  ВИДЕО: Масовен протест на Студентскиот пленум – 12 лица го блокираа Ректоратот на УКИМ Датум и време на објавување: 14.12.2015 Датум на рецензирање: 16.12.2015 Рецензент: Силвана Жежова На „Студентски пленум“ неосновано му се припишуваат припадност на политичка партија и на организација, без конкретни

За сè е виновна новата министерка

на 14. 12. 2015 | |

[Рецензија: Мигрантите се смрзнуваат: Ременски ги остави прифатните центри без греење (ФОТО)] 

  Текстот се обидува да ја дискредитира министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, обвинувајќи ја дека илјадници мигранти во транзитните центри се смрзнуваат, наводно, поради нејзината неажурност. Но, во написот отсуствуваат факти кои реално ќе ја прикажат состојбата на терен, а нема ниту изјави од засегнатите страни, во случајот Министерството за труд и социјална политика и Центарот за управување со кризи, како надлежна институција која именуваше главни координатори во транзитните центри. Линк до оригиналниот напис: Мигрантите се смрзнуваат: Ременски ги остави прифатните центри без греење (ФОТО) Датум и време на објавување: 10.12.2015 Датум на рецензирање: 14.12.2015 Рецензент: Силвана Жежова  

НАТЕЖНУВА ОД ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Насловот и целиот

Претплатете се за најнови вести