verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Иванов

Истражувачките стории се најпотиснати во општества со тоталитарни манири и со заспана, летаргична јавност

на 10. 11. 2016 | |
„Панама пејперс“, едно од најголемите достигнувања на истражувачкото новинарство во последниов период. Фото: Гугл   Неколкуте мали новинарски истражувачки енклави го белат образот на актуелното македонско новинарство. Тие се заслужните што медиумската публика, во денешнава македонска иформативна валканост, сè повеќе разбира зошто истражувачкото новинарство е толку вредно     Пишува: Зоран Иванов   Нема дефиниција. Ниту практиката, ниту теоријата уште не се договориле за единствена дефиниција за тоа што е „истражувачко новинарство“.

Ненасилно подјармени – евидентно корумпирани

на 8. 07. 2014 | |

Во отсуство на доминантно независни медиуми, независни финансиски од владата, или пак, независни од некои дефинирани и недефинирани политички или бизнис интереси на нивните сопственици, јавноста ќе биде инертна за разните форматирани случаи

  Пишува: Зоран Иванов   Проследувачите на дневните политички збиднувања секако се сеќаваат на Душко Илиевски млекарот. На оној обичен народен интелигентен и мудар селанец, земјоделец и фармер, говедар, кому власта му се нафрли со сите средства.

Идентитетот, стравот и атрофираната политичка и интелектуална мисла

на 23. 06. 2014 | |

Политичко-медиумската идентитетска шашма ги урниса националните евроатлански надежи. Македонската политичка, интелектуална и медиумска мисла по оваа тема се целосно атрофирани. Нам не ни е проблем идентитетот, туку дефицитот на лидерство, на политичка храброст.

  Пишува: Зоран Иванов   Идентитет не е прашање за полемика. Тоа не е некаков документ, лист хартија со државен печат. Идентитет не е тоа што пишува на пасошот или на кредитната картичка. Тоа се само практични документи

Балоните на македонската медиумска цветна градина

на 9. 06. 2014 | |

Власта може да контролира сѐ што е во стилот на нејзините тоталитарни манири или да не контролира ништо што не е во духот на нејзините слободарски демократски принципи.

  Пишува: Зоран Иванов   Походот за освојување на медиумите, кој по девет, десет години владеење еве резултира со нивна целосна потчинетост, денес му дозволува на премиерот да ни порача дека медиумите се слободни, независни и дека се „надуен балон“ тврдењата за

Говорот на омраза во медиумите го продуцира и институционализира власта

на 2. 06. 2014 | |

Каква врска имаат водителите навредувачи и нашата власт? Каква и која е врската на новинарските вулгарности со нашите институции? Факт е дека првите две институции на државата, со своето „гостување“, со своето присуство главно и често токму во емисиите кај ваквите „автори“, промовираат, лансираат и подржуваат јавна вулгарност.

  Пишува: Зоран Иванов   Двајца водители, „новинари“ ли, водители ли, што ли се (и двајцата се позиционираат според некоја „актуелна потреба“),

Неокомунизмот се вгнезди во македонското новинарство

на 15. 05. 2014 | |

Баш им е гајле на властодршците за демократијата, за слободно новинарство како еден од демократските фундаменти. Тие неа ја гледаат само од позиција на својата позиција. Го немаат чувството дека ја узурпираа и онаа скромната демократија што ја наследија кога дојдоа на власт. Ниту, пак, им е грижа за Брисел или за Вашингтон кога тие, нели, си се стопани на својата нива.

  Пишува: Зоран Иванов   Поимот од насловот

Претплатете се за најнови вести