verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Xhenis Sulimani

Нова сензација со стара шпекулација

на 26. 08. 2016 | | sq

Напис –„Бомбата“ на Шаќири: ДУИ на Ахмети даде наредба за убивање на Aлбанците во Ваксинце (Видео)

  Поранешниот заменик-претседател на Собранието на Македонија, Хисни Шаќири, пред една година упати тешки обвиненија во насока на поранешната партија со која стана пратеник, ДУИ. Во „Интерактив“ на КТВ, Шаќири рекол дека првпат открива една бомба, но за која ништо не е преземено за да се потврди дали била вистина или не. „Сите бараат бомби од Заев. Јас ви ја давам бомбата овде. ДУИ ми нареди убиство на жителите на Ваксинце и на Косовците што беа дојдени да ни помогнат. Ова се случи во 2003 година. Името не можам да го кажам, но тој што ми рекол зборувал во име на Али Ахмети. Ни

Со скандалозен напис не се известува за скандали!

на 23. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Скандал/ Активистите на ДУИ во Сингелиќ (Хасанбег): Ако гласате за нас, ќе ви донесеме багери

Еден невиден скандал се случува во Скопје, каде и по пет дена од поплавите жителите сè уште се сред ужасот предизвикан од полавите. Жителите на Сингелиќ (Хасанбег) алармираат дека активистите на ДУИ во овие албански населби им велат на жителите дека доколку сакаат да им ги исчистат куќи, треба да ги убедат дека ќе гласаат за ДУИ, и дури потоа ќе им ги однесат потребните средства за чистење на нивните куќи, како багери итн. Тие ја коментираат веста дека ова не се осмелил да им го направи ни Чубриловиќ, а ни Милошевиќ. Жителите, кои ги осудуваат овие случаи, за медиумите велат дека наскоро

Вест не се гради од гласини

на 12. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Кој пукаше синоќа со „калашников “ во Тетово?

Пукотници од „калашников“ во Тетово синоќа ги вознемирија граѓаните. Пукотниците се слушнаа околу 20.50 часот и доаѓаа од Мала Речица. Според гласините, од еден автомобил БМВ со скопска регистрација е пукано близу еден локал во оваа населба. Се вели дека станува збор за израмнување сметки меѓу банди. Од полицијата нема ништо официјално до овие моменти./ Шќипмедиа.  

[Рецензија: „Кој пукаше синоќа со „калашников“  во Тетово?”]

Сериозноста на веста зависи од изворите врз кои таа почива. Доколку веста има цел да биде сериозна и во рамките на професиоалните стандарди, таа не може да се заснова на гласини. Линк до оригиналниот напис: „Кој пукаше синоќа со калашников  во Тетово?” Датум и време

Новинарството треба да алармира за виталните прашања со факти и со целосни информации!

на 5. 08. 2016 | | sq

Напис: Аларм: Водата во Тетово загадена од отпадните води

Тетово има проблеми со водата за пиење и во повеќето случаи има рестрикции. Сега, Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, потврди, дека во водата во Тетово може да се најдат отпадни води и оваа вода е забранета за пиење, пренесува „Телеграфи Македонија“. „Водата од резервоарите во Тетово е загадена со отпадни води и треба постојано да се дезинфицира за да не дојде до загадување со микроорганизми. Сугерираме дезинфекција и хлорирање на водата“, рече доктор Ратко Давидовски, специјалист за здравствена хигиена и екологија во Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово. Од Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, не информираат кога ќе се дезинфицираат и ќе се исчистат резерварите за вода од кои

Новинарот треба да се дистанцира од навредливиот говор

на 1. 08. 2016 | | sq

Напис: Азби Нуредини: Проклета да си ти криминална судијко Ѓулсиме Шабани

На годишнината на убиството на командант Шќипоња, судијката Ѓулсиме Шабани го потпишала ослободувањето од затвор на неговиот убиец! Шќипоња се бореше токму против ваквите неправди што им ги подготвуваше на Aлбанците системот на оваа валкана држава, но од каде да знае командантот дека токму самиот ќе падне жртва на предавствата на албанофоните предавници од родот на свињите! Ѓулсиме Шабани, бидејќи за пари и кариера прифаќаш да ослободиш убијци, да даде господ тебе детето да ти го убие некој во раце и потоа судот да го ослободи за да разбереш што е болка! Ти не си судијка, туку еден касап што без трошка страв од Господ провоцираш болка на двојното

Коментарите од социјалните мрежи не се релевантни за вест

на 19. 07. 2016 | | sq

Напис: Аналитичарот од Дебар ги провоцира Албанците од Скопје, Тетово и од Куманово, го фали Ахмети!

Аналитичарот од Дебар, Артин Спахиу, познат и по тоа што во еден напишан ред става најмалку две пофалби за ДУИ, силно ги провоцира Албанците од Скопје, Куманово и од Тетово. Тој претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го нарече „лидер на визијата“, иако за време на учеството на ДУИ и на Али Ахмети во владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во Скопје се случи убиството на Харун Алиу со другарите и случајот „Монструм“, во Куманово се случи предавството на 9 и на 10 мај и убиството на командант Шќипоња (кумановци и ден-денес не го прифаќаат Али Ахмети во нивниот град), додека пак во Тетово се случи „Југохром“,

Џелал Незири: Молкот е одобрување за корупцијата

на 8. 07. 2016 | | sq
Џелал Незири

Првиот човек на SCOOP, Џелал Незири, е еден од малкумината што долго време се занимава со истражувачко новинарство, кое ден по ден станува сè поретко во медиумите, не само во Македонија, туку општо, како последица на таблоидизирање на медиумите и доминацијата на „жолтите“ содржини. Во интервјуто за „Сервис за проверка на фактите во медиумите“, зборува за предизвиците со кои се соочува истражувачкото новинарство во Македонија, со посебен акцент

Шокантно: Реобјавување на стари вести за нови кликнувања

на 15. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Потресни факти од скопскиот затвор, зборува командант Чакала

Еден од поранешните команданти на Ослободителната народна армија што оперираше во зоната на Куманово, Липково и на Арачиново, Авдил Јакупи, познат како Командант Чакала, повторно објавил видеозапис на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што зборува за тешката состојба на албанските затвореници во македонските затвори. Тој кажува дека години по ред кон нив е вршено физичко и психичко насилство, пренесува агенцијата за вести ИНА. Чакала во видеоснимката спомнува дека во затворот „Идризово“ близу Скопје, се наоѓаат уште многу поранешни војници на ОНА кои се осудени на доживотен затвор, но и уште 200 други кои се осудени за воени злосторства, кои повеќе од 10 години се по затвори и никој не се интересира

Веста не се заменува со пропаганда за ќеф на министерот

на 3. 06. 2016 | | sq

Напис: Министерот Амети се качува на планини

Министерот за животна средина, Башким Амети, вчера му се придружи на Здружението на планинари – Скопје во качувањето на планината Китка. Министерот Амети пишува на социјалната мрежа „Фејсбук“ дека природните богатства треба да ги чуваме и да ги негуваме, бидејќи од сите нас зависи дали ќе ја имаме или не таа природа што ја бараме. Инаку, оваа активност се одржа по повод втората годишнина на Здружението на планинари – Скопје, при што една група активисти патуваа до планината Китка. Оваа планина се наоѓа на северо-западниот дел на Скопје, со надморска височина од 1.588 метри. Министерот Амети и порано обожавал планинарење и со ова хоби не престана и по именувањето на министерската позиција неодамна,

Вестите без факт – алатка на војската на пропагандата

на 27. 05. 2016 | | sq

Напис: Ким Мехмети „генерал на мртвата војска“?!

Ким Мехмети, кој се самопрогласил за портпарол на албанското незадоволство, малку денови го делат од тоа да се нарече „портпарол на мртвиот совет“! И, овој ден доаѓа со брзи чекори! Со секој ден што поминува, Ким е сè поблиску и поблиску до заслужената титула. За читателите што не слушнале за опозицискиот совет, тој првично беше наречен Натпартиски совет, но потоа беше преименуван, откако видоа дека тој не беше таков, бидејќи не беа сите ниту опозициски, а ниту позициски партии, како ДУИ и ДПА. Значи, реално, не беше ни „опозициски совет“! Таканаречениот „опозициски совет“ броеше две партии, Движењето Беса и ПДП. Движењето Беса уште не е легитимирано на избори, каде што ќе се мери

Претплатете се за најнови вести