verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Како да се испере мозокот!

на 19. 10. 2016 | |
[Рецензија: Прогноза на „букмејкерите“ за дербито на 11 декември: ВМРО ДПМНЕ – СДСМ = 10:0]   Урнек за пристрасно промо-четиво. Материјал што ги исполнува сите услови за да биде пример за тоа како не треба да изгледа професионален текст. Крајно дискутабилна вистинитост, во најголем дел анонимни извори, а и тие што се споменати се со партиска заднина, содржајност со ултранавивачка нота што, пак, подразбира висока пристрасност, многу коментари на место каде што не треба да бидат, преземен текст од друг портал… Училишен пример како не смее да се пишува.  Линк до оригиналниот напис: Прогноза на „букмејкерите“ за дербито на 11 декември: ВМРО ДПМНЕ – СДСМ = 10:0  Датум и време на објавување: 18.10.2016, 08:50  Датум на рецензирање: 18.10.2106  Рецензент: Владимир

Сè е исто, само Бранко го нема!

на 18. 10. 2016 | |

[Рецензија: Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)]

  „Бранко не чини, ама добар ни е за контра Заев“. Така накусо се опишува ова четиво со срамежливи промо-елементи за „стариот“ и со „клетви“ за новиот СДСМ. Исто како што до пред неколку години што и да направеше Црвенковски беше лошо, така е и сега – сите потези на СДСМ не чинат. Разликата е што сега ликот е Заев. Значи, сè  е исто само него го нема!  Линк до оригиналниот напис: Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)  Датум и време на објавување: 11.10.2016, 18:01  Датум на рецензирање: 16.10.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

 ЦРНА КАМПАЊА

Лош наслов и утната фотографија

на 12. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: ШОК, ТРАУМА И КОНТУЗИЈА ОД БРИСЕЛ ЗА ФАМИЛИЈАТА НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ : Во најновиот извештај за Македонија, ЕК ќе бара и специјално судско одделение]

  Овој материјал е врамен со лош наслов. Предолгата насловна конструкција натежнува од медицински термини, што прифатливи, што смешни. Исто како и приложената фотографија, која некако тера на смеење – да се зборува за извештајот на Европската комисија, а да се илустрира со зградата на Европскиот парламент.  Линк до оригиналниот напис: ШОК, ТРАУМА И КОНТУЗИЈА ОД БРИСЕЛ ЗА ФАМИЛИЈАТА НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ : Во најновиот извештај за Македонија, ЕК ќе бара и специјално судско одделение  Датум и време на објавување: 08.10.2106  Датум на рецензирање: 11.10.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

 НОКАУТИРАН НАСЛОВ

 контузија мн.

Насловот како „диво месо“

на 10. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Хан за секој случај, на Заев да не му текне пак да бега од избори]

  „Копи-пејст“ новинарство. Пример за размножување на исти текстови на различни медиуми, како да станува збор за фотокопирница. Притоа, воошто не се внимавало на потребното именување на изворот што се користи. Ова е, всушност, препишан текст во целост. Иста е дури и фотографијата искористена за илустрација. Линк до оригиналниот напис: Хан за секој случај, на Заев да не му текне пак да бега од избори Датум и време на објавување:  06.10.2016, 17:40  Датум на рецензирање: 08.10.2106 Рецензент: Владимир Мирчески    

НАЛЕПЕНА НАСЛОВНА КОНСТРУКЦИЈА

 Нотиравме дека буквално истиот текст е објавен половина час претходно на друг информативен портал, што е несоодветна постапка или плагијаторство,

Промашен наслов на „позајмен“ текст

на 7. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: ПОСЕБЕН СУД ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА КАТИЦА: Европратеникот испорача нови услови како алиби за бегство од избори!]

  Една мана со сериозни консеквенции…  Токму така, кога ќе се промаши насловната конструкција, последиците ги чувствува целиот текст. Колку и да е коректна содржината, како во овој случај, таа не останува имуна на лошото заглавие. Се менува целосниот впечаток за написот, се добива чувството на пристрасност и на обоеност.  Линк до оригиналниот напис: ПОСЕБЕН СУД ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА КАТИЦА: Европратеникот испорача нови услови како алиби за бегство од избори!  Датум и време на објавување: 03.10.2016  Датум на рецензирање: 06.10.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

КОГА ЌЕ ГО УТНЕШ НАСЛОВОТ…

Зошто? Зашто имаме пример за наслов-коментар: „ПОСЕБЕН СУД ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА КАТИЦА: Европратеникот испорача нови

Плукање по неподобните за власта

на 3. 10. 2016 | |

[Рецензија: Дали во Берово се крои шарената есенска стратегија?]

  Крајно шпекулативно четиво. Производ што треба да одговори на нечиите потреби да докаже и да покаже заговорничка шема во Македонија со СЈО во нејзиниот центар. Материјал што безочно ја злоупотребува својата позиција и наместо да информира, манпипулира и стигматизира одредена група луѓе, чиј заеднички содржател е дека власта многу „не ги мириса“. Линк до оригиналниот напис: Дали во Берово се крои шарената есенска стратегија?  Датум и време на објавување: 25.09.2016 17:34   Датум на рецензирање: 30.09.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРАШАЊА НАМЕСТО ОДГОВОРИ

Ова е напис на „климави“ темели. Стои на „стаклени нозе“. Вистинитоста е крајно компромитирана зашто на главните пласирани тези, наместо одговори, се нудат прашања. Неразбирливо! Ако веќе се нудат

Коментар во „кожа“ на вест

на 26. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица меѓу своите, на кафе со пратениците на СДСМ]

  Коментарот останува коментар и кога е „протнат во кожа на вест“. Нема многу да должиме. Ова е чист коментар од А до Ш. Ќе немаше проблем ако беше ствен во рубриката за коментари, а не во рубриката „Македонија“.  Линк до оригиналниот напис: Катица меѓу своите, на кафе со пратениците на СДСМ  Датум и време на објавување: 23.09.2016, 16:16  Датум на рецензирање: 24.09.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЕДНО КАФЕ-ПИЕЊЕ ЗА КОМЕНТАТОРСКА „БОМБА“

Две не многу јасни фотографии, низа шпекулации и, оп, ете сензација. Не велиме дека специјалната обвинителка не седнала на кафе-муабет со пратениците од опозицијата, иако тоа докрај не е јасно од приложените фотографии, но и да

Малициозна објава

на 22. 09. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Стиснатата тупаница на СДСМ главен симбол на Парадата на гордоста во Белгрaд]

  Малициозност – тоа е главната карактеристика на конкретниот текст, секако, надградена и проширена со сериозно ниво на спин, но и со перфидно дозирана дискриминација поради сексуална ориентација.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Стиснатата тупаница на СДСМ главен симбол на Парадата на гордоста во Белгрaд  Датум и време на објавување: 17.09.2016, 22:46  Датум на рецензирање: 20.09.2106  Рецензент: Владимир Мирчески  

 КОМУ МУ ПРЕЧИ ТУПАНИЦАТА?

 Крената тупаница е симбол што се користи одамна. Во некои текстови потеклото се поврзува со Шпанската граѓанска војна, во која овој знак го користеле комунистичките борци кои на тој начин сакaле да покажат единство и сплотеност, но и пркос наспроти фашистичкиот поздрав со

Медиумска одбрана на насилството

на 21. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Фатиме Фетаи против МПЦ: Обвинение за граѓаните кои ја бранеа црквата, заштита за платениците кои демолираа јавна сопственост]

Срамно четиво. Коментар како од најстрашните агитпропски времиња од минатиот век. Текст што манипулира повикувајќи се на верските чувства на граѓаните, притоа ставајќи се во одбрана на насилници кои, како што покажаа снимките од незаконските прислушувања, всушност биле инструирани и повикани да прават белји пред Oпштина Центар. Ова е медиумска одбрана на насилството и на партиското узурпирање на институциите на државата. Линк до оригиналниот напис: Фатиме Фетаи против МПЦ: Обвинение за граѓаните кои ја бранеа црквата, заштита за платениците кои демолираа јавна сопственост Датум и време на објавување: 15.09.2016, 14:57 Датум на рецензирање: 19.09.2016 Рецензент: Владимир Мирчески   ПРИ ОЧИ СЛЕП

„Сензационално“ распукан асфалт

на 13. 09. 2016 | |

[Рецензија: 5,1 степени по Рихтер ја стресе цела Македонија]

  Непотребно преувеличување на ситуација, која и онака предизвика паника кај граѓаните, особено кај скопјани. Би рекле „долевање масло на огнот“ со пласирање несоодветен наслов и фотографија, кои може само да внесат дополнителен страв и немир кај јавноста, која, пак, во моментите по силниот земјотрес во Скопје очекуваше нов поинтензивен потрес.   Линк до оригиналниот напис: 5,1 степени по Рихтер ја стресе цела Македонија  Датум и време на објавување: (најверојатно) 11.09.2016  Датум на рецензирање: 13.09.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ВО НАСЛОВОТ И ФОТОГРАФСКО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ Нема дилеми, во Скопје се случи силен земјотрес од 5,3 степени, а не од 5,1, според Рихтеровата скала, но оваа непрецизност ќе ја

Претплатете се за најнови вести