verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Новинарството во забавата и во естрадата: Храна за очи, пост за интелектот

на 2. 05. 2016 | |
Разголени тела и шолји – забавно новинарство: за очите скокотливо, за умот празно. Фото: скриншот  

„Зарем нема материјал во податокот зошто еден тинејџер ја пее „Умирем од цирозу“ и го обожава пејачот, а не знае дали „Зајди, зајди“ е народна или авторска македонска песна и првпат слуша за Александар Сариевски. Зошто, нашите најмлади таленти се принудени да поминат илјадници километри за да докажат дека знаат да пеат? Кој се

Сендвич од Единбург „сликан“ на собирот од ГДОМ!

на 25. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Контрадемонстрантите незадоволни од сендвичите што се делеа денес на собирот од ГДОМ]

  Кога еден текст шири невистини, тоа нема никаква врска со новинарството. Таков е и овој напис. Искористувајќи фејсбук-статус, направена е вест, без притоа да се потврди или да се провери. Сето тоа е замешано со коментар и се добило ваква „каша“, каква што имаме за рецензија. Линк до оригиналниот напис: Контрадемонстрантите незадоволни од сендвичите што се делеа денес на собирот од ГДОМ Датум и време на објавување: 21.04.2016 Датум на рецензирање: 25.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕТОЧНА ВЕСТ

Фотографијата и статусот се земени од „Фејсбук“ и од тоа се прави информација која треба да омаловажи една политичка партија и нејзините приврзаници. Сепак, мора да се каже

Насловот мора да се совпаѓа со текстот, а не да виси

на 22. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: (ФОТО) Македонските политичари во паника ги изнесуваат парите и златото надвор од државава!?]

  Текстот, во суштина, не би предизвикал поголемо внимание, да не е насловот. Написот навистина е едностран, затоа што само голо се преведени информации од српските портали, без притоа да има „додадена вредност“. Но, тоа што, сепак, го прави погоден за рецензија, е невистинитоста или недоволната аргументација за потврда на насловот. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Македонските политичари во паника ги изнесуваат парите и златото надвор од државава!? Датум и време на објавување: 18.04.2016 Датум на рецензирање: 22.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ – НАСЛОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА

Написот е преземен од некој од српските портали што објавија информација за запленети злато и евра на македонско-српската

Неетичко известување

на 12. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес]

  Наспроти препораките за етичко известување кои сугерираат добро да се процени дали воопшто треба да се информира за некое самоубиство, особено ако не се работи за јавна личност, практиката кај нас го покажува токму спротивното: најбрзо што може се објавуваат такви информации и тоа на сосема погрешен начин. Таков е примерот со оваа објава, напишана во сензационалистички манир, која уште во насловот соопштува дека „Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес“. Во текстот, пак, нема потврда дека се работи за самоубиство. Линк до оригиналниот напис: Триесетгодишен маж се фрлил од зграда во Велес Датум и време на објавување: 09.04.2016, 15:19 Датум на рецензирање: 12.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ

ТВ-дневник: Фалење на власта, напади врз опозицијата, ред чудотворство и ете ти вести

на 11. 04. 2016 | |
„Соросоиди“, власт и чудотворство. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ во 19 часот на 10 април 2016 година]

 

ТВ-дневниците треба да бидат објективни, содржајни и вистинити. Тие го формираат јавното мислење, а гледачите треба да бидат точно и навремено информирани. Ова ги разликува професионалните од непрофесионалните медиуми. Тоа не беше случај со овој ТВ-дневник.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Гледачот останува неинформиран по гледањето на ова

Информирањето за избори е сериозен чин

на 8. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни] Треба да се отворат четири очи кога се известува, особено за битни и деликатни работи на политичката сцена во Македонија, дури и кога станува збор за медиум насочен кон македонската заедница во Австралија. Не е за занемарување фактот дека дијаспората има право на глас и вестите за изборите се многу битни за нив и за нивно информирање.   Линк до оригиналниот напис: СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни Датум и време на објавување: 07.04.2016, 00:25 Датум на рецензирање: 08.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

Веднаш мора да се каже дека насловот е невистинит: „СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема

Приказна која неаргументирано се подгрева

на 7. 04. 2016 | |
[Спасовски го прикрива незаконското работење на командантот на Алфите поставен од него] Овој напис воопшто не се труди да биде вистинит. Речиси целиот е пристрасен и професионално некоректен. Навивачките елементи се присутни од почетокот до крајот на текстот. Линк до оригиналниот напис: Спасовски го прикрива незаконското работење на командантот на Алфите поставен од него Датум и време на објавување: 4.04.2016, 21:09 Датум на рецензирање: 07.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НАПИШАНО, А НЕПРОВЕРЕНО

„МВР, засега, чува во тајност дали новоназначениот командант на единицата „Aлфи“ Примислав Димовски, постапил спротивно на процедурите, ослободувајќи  приведено лице, кое „Aлфите“ го уапсиле бидејќи кај него пронашле нож.“

Во овој текст, особено во посочениот пасус, гледаме непочитување на правилата на новинарската работа за проверување на фактите. А

Невидливи автори: Фантомски текстови од страв или од срам ?!

на 7. 04. 2016 | | sq
Чиј глас се слуша преку анонимните текстови? Фото: HonestReporting.org, 2014  

Новинарот го гради своето име како „бренд“ од кој живее. Но, на оние новинари, кои доброволно се решиле да бидат „невидливи“, тоа не им е потребно.

  Пишува: Владе Ѓорчев   Како никогаш досега, тенденција на пораст има појавата да се објавуваат текстови зад кои не стои автор, туку одговорноста ја презема рубриката или редакцијата. Оваа практика особено се

Новинарството не е кафеански муабет!

на 5. 04. 2016 | | sq
[ВИДЕО: Еве зошто Заев се исплашил од Бекир Асани]   Целиот текст се базира на шпекулација или, уште пострашно, целиот напис е како кафeански муабет базиран на искривоколчување изјава. Толку невистинити, недокажливи моменти,  во еден краток текст, тешко може да се најдат. Но, ете се случуваат чуда и овој текст, ако може така да се нарече, е токму таков – несодржаен, необјективен, невистинит… Нема  белег на професионален новинарски производ.   Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Еве зошто Заев се исплашил од Бекир Асани Датум и време на објавување: 01.04.2016, 16:35 Датум на рецензирање: 05.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ШПЕКУЛАЦИИ НАМЕСТО ДОКАЗИ

„Ќе излезе ли нова снимка од приватен разговор на функционерите на ДУИ , откако Зоран Заев се соочил со

Паниката кулминира, се редат пропагандистички објави

на 1. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Паниката во СДСМ кулминира: Нарачан нов политички театар на Катица Јанева]

  Текстот е класична шпекулација. Главниот мотив е да се деградираат и да се нападнат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Сето тоа се прави без аргументи и факти, со непроверени тези, за кои не може со сигурност да се каже дека се вистинити. Линк до оригиналниот напис: Паниката во СДСМ кулминира: Нарачан нов политички театар на Катица Јанева Датум и време на објавување: 30.03.2016, 08:08 Датум на рецензирање: 31.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ВИРТУЕЛНИ АНКЕТИ И РАЗОЧАРУВАЊА

„Зоран Заев ги добил новите анкети кои укажувале на зголемување на разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Според дипломатски извори кои биле во контакт

Претплатете се за најнови вести