verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Има за „Платеничка револуција“, а нема за „Шарената револуција“

на 27. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО)]

  Шпекулации, неаргументирани тези, девалвирање, клеветење… И, сето ова го има во овој текст кој е направен крајно непрофесионално, без ниту еден потребен елемент за коректен и веродостоен новинарски производ. Написот нема прецизни извори на информации, нема аргументација, нема втора страна, но затоа натежнува од паушални обвинувања и со коментари. Линк до оригиналниот напис: Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО) Датум и време на објавување: 24.05.2016, 20:40 Датум на рецензирање: 26.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НАСЛОВОТ ГЕНЕРАЛИЗИРА

Да почнеме со ред.  Објавата е врамена со наслов што генерализира:„Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО)“. Ваквата насловна конструкција остава впечаток дека се работи за

Насловот ја залажува публиката

на 25. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Проколната матура 2016: По ученичката и професор умрел на прослава]

  Во време на матурски прослави ваков наслов многу лесно привлекува внимание, особено ако известува за смртни случаи или трагедии. Објавата што ја рецензираме во насловната конструкција намерно не кажува каде се случила трагедијата и ја залажува публиката дека станува збор за случка од Макдеонија. Всушност, станува збор за настан од Босна. Јасно е дека идејата е да се соберат што повеќе кликнувања и споделувања по социјалните мрежи. Ваквиот пристап е целосно непрофесионален и се коси со принципите на етички исправното новинарство. Линк до оригиналниот напис: Проколната матура 2016: По ученичката и професор умрел на прослава Датум и време на објавување: 22.05.2016, 16:50 Датум на рецензирање: 23.05.2016 Рецензент: Владо

Текст погоден од астероид!

на 19. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Астериод ќе не погоди на 16 мај, а светската војна ќе почне во јуни]

  Текстот предизвикува вчудовиденост и реакции од типот „Што сè нема во медиумите“!  А тoa што во моментот ја читате оваа рецензија значи дека сте меѓу среќниците што го преживеале падот на астероидот! Линк до оригиналниот напис: Астериод ќе не погоди на 16 мај, а светската војна ќе почне во јуни Датум и време на објавување: 14.05.2016, 13:06 Датум на рецензирање: 17.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПЕРУАНСКИОТ ПРАВНИК И АСТРОНОМИЈАТА

Овој напис е пишуван и пласиран во сензационалситички манир. Тој уште во насловот ни соопштува дека сигурно ќе нè погоди астероид  и дека светска војна ќе почне во јуни!  Неговата единствена цел  е да привлече

Обоен во бојата на владејачката партија

на 18. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: УМС на ВМРО-ДПМНЕ го „обои“ споменикот на СДСМ „Свиткана кичма“]

  Новинарството не признава  паушални и половични информации. Написите, покрај елементите што треба да ги имаат во занаетска смисла, мора да бидат вистинити, содржајни и објективни. Во текстот што го рецензираме недостига втората страна, тој селективно ги прикажува работите, нагласувајќи ги притоа само оние кои се линија на владејачката партија. А ваквиот пристап го прави ова четиво неверодостојно и непрофесионално. Линк на оригиналниот напис: УМС на ВМРО-ДПМНЕ го “обои“ споменикот на СДСМ „Свиткана кичма“ Датум и време на објавување: 12.05.2016, 18:43 Датум на рецензирање: 16.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ИМА ЗА КОНТРАБОЕЊЕТО – НЕМА ЗА БОЕЊЕТО

„Младината на владејачката партија и денес во знак на револт поради насилничкото однесување

За што да се информира: за изборната кампања или за демократијата?

на 17. 05. 2016 | |
Како да се известува од еднопартиски избори. Фото: Pixabay  

Избори со само една партија и за новинарите е нов момент, затоа што ваква состојба досега се нема случено во Македонија. Пример за тоа како да постапат не може да се земе ниту од соседството, ниту од Европа, затоа што ваква практика досега не паметат новинарите во овие земји. Сепак, дилемата за тоа што е работата на новинарот, да информира

Ексклузивно: Неточна и непроверена вест

на 11. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Иванов добил забрана за патување во странство, а Грујо од попладнево е во Систина]

  Овој „текст“ е класичен пример како не треба да изгледа еден професионален напис. Во две реченици има толку шпекулации, непроверени тврдења, неаргументирани тези, невистини, плус граматички и правописни грешки, што ја прави оваа содржина неквалитетна и надвор од сите новинарски правила. Може да помине само како кафеански муабет. Линк до оригиналниот наслов: ЕКСКЛУЗИВНО: Иванов добил забрана за патување во странство, а Грујо од попладнево е во Систина Датум и време на објавување: 09.05. 2016 Датум на рецензија: 11.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАФЕАНСКИ МУАБЕТ

Првата невистина од „текстот“, дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Гуевски, имал инфаркт, падна во вода веќе наредниот ден. Човек

ТВ-дневник: Необјективно до последен здив

на 9. 05. 2016 | |
Маратонот пофален, амбасадорката скриена, „фотографот“ исто така. Фото: скриншот  

И ова издание на ТВ-дневникот на „Сител“ беше во нивни стил. Необјективно до последен здив, до последен прилог. Иако според Изборниот законик (кој без разлика дали ќе има избори моментно е правно жив) медиумите во предизборието треба да известуваат избалансирано, тоа ни од далеку не беше случај со ова информативно издание.

 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ во 16

Приказна од еден агол

на 6. 05. 2016 | |

[Рецензија: ДИК им одговори на Спасовски и опозициските НВО]

  Овој материјал  е целосно необјективен, ја прикажува само едната страна, односно онаа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кога зборува за ставот на ДИК, написот, всушност, го пренесува единствено мислењето на  Силвана Бонева, која е само еден член во комисијата. А, ДИК како тело носи одлуки со гласање, кои подоцна ги пласира во јавноста преку соопштенија, што стануваат и официјални документи. Линк до оригиналниот напис: ДИК им одговори на Спасовски и опозициските НВО Датум и време на објавување: 03.05. 2016, 23:16 Датум на рецензирање: 06.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ВАЖЕН САМО СТАВОТ НА БОНЕВА

„Силвана Бонева која во ДИК го претставува ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Спасовски намерно сакал да им подметне податоци со кои

Од кога висината на платата е јавен податок?

на 5. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Ја обвинуваат Владата за тортура, а земаат двојно зголемени плати (ФОТО)]

  Текстот се расфрла со бројки за висината на платите на уметниците што протестираа пред Министерството за култура, незадоволни што оваа институција покажува игнорантски однос кон независните синдикати на Република Македонија. Написот спинува, ги поврзува уметниците со СДСМ и тврди дека протестирале барајќи поголеми плати, што не е вистина. Линк до оригиналниот напис: Ја обвинуваат Владата за тортура, а земаат двојно зголемени плати (ФОТО) Датум и време на објавување: 26.04.2016, 12:44 Датум на рецензирање: 28.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОЛИТИЧКИ ОБОЕНА СОДРЖИНА

Иако спинува за причината за протестотот, текстот заборава дека висината на платата е деловна тајна. Напротив, написот оди уште подлабоко и, наводно, „истражува“ кој уметник колкава

Медиумите не служат за омаловажување на колегите

на 4. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Новинарите од Канал 5 трк по бугарски пасош, бродот тоне, а глувците се спасуваат!] Текст со недоличен говор, со шпекулации, невистини… Иако има само една реченица, се гледа намерата со неа да се омаловажи новинарка од друг медиум. Притоа целиот текст се става во политичка конотација, без потреба, и што е најважно – без аргументација за тоа, односно без обид да се дознае дали новинарката можеби била на задача.   Линк до оригиналниот напис: Новинарите од Канал 5 трк по бугарски пасош, бродот тоне, а глувците се спасуваат! Датум и време на објавување: 28.04.2016 Датум на рецензирање: 01.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Текстов е направен на основа на една фотографија која се користи како доказно средство дека новинарката чека

Претплатете се за најнови вести