verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: Одбројување до апокалипасата СИ-ЕН-ЕН: Астероид со јачина од 20 атомски бомби удира во Земјата на 21. март?!

на 24. 03. 2014 | | sq
Текст за воодушевување. Како фантастично да се исплаши народот до коска и цел ден да се тресе дали ќе преживее. Секако, тие што малку повеќе знаат за ваквите „теории“ само ќе се насмеат, но новинарството не се работи само за одбран круг на луѓе, туку мора да се претпостави дека текстот ќе го прочитаат сите од 7 до 77 години. А, што ќе претпостави еден пензионер од Пласница, кога неговиот внук ќе му го прочита насловот „ОДБРОЈУВАЊЕ ДО АПОКАЛИПСАТА СИ-ЕН-ЕН: Астероид со јачина од 20 атомски бомби удира во Земјата на 21. март?!“ Можеме ние како и текстот само да претпоставуваме, но со сигурност тврдиме дека вакви текстови се надвор од сите правила на новинарска етика и однесување. Линк до

Рецензија: ЦИГ: Пендаровски далеку пред Иванов за цели 30%

на 24. 03. 2014 | |
„Aнкетите претставуваат многу корисно орудие во политиката, меѓутоа можат да бидат и исклучително деструктивно оружје“, вели професорката Мирјана Најчевска во својата најнова анализа „Новинарите многу ги сакаат анкетите“. Така и овде пред нас имаме текст кој во целост ја задоволува поентата на професорката. Ова, на пример, е поентата на текстот: Непопуларноста на Иванов се должи на неговата безличност и лошиот вокабулар кон медиумите и јавноста, барем така одговориле граѓаните кои се опфатени со анкетата.  Анкети во Македонија досега, барем пред избори, се појавуваат со тони. Од различни институти, до организации повеќе или помалку познати, дури некои од нив и анонимни, направени за еднократна употреба. Иако во Македонија стана навика со потсмев да им се гледа на анкетите, испитувањето на јавното

Рецензија: Жешко во СДСМ: На пратеничките листи нема место за актуелните пратеници

на 21. 03. 2014 | |
Жешко најверојатно е само во текстот. Другото е шпекулација. Текстот од почетокот пренесува дел од друг медиум, за после да се поврзе со своите извори со име „како што дознаваме“. Секако тука се и „изворите од високи официјални лица на партијата“. Така почнува, така и завршува текстот. И сега можеме да му веруваме или не. Кој како е станат денеска. Линк до оригиналниот напис: Жешко во СДСМ: На пратеничките листи нема место за актуелните пратеници Датум и време на објавување: 18.03.2014, 11:54 Датум на рецензирање: 19.03.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРОВЕРИ, ПА ПИШУВАЈ

Акцентот е ставен на анонимни партиски членови. Членството на СДСМ, како што велат наши извори, во собраниските клупи сака да види и дел од актуелните високи членови

Рецензија: Кој ќе му се спротивстави на Груевски?

на 20. 03. 2014 | | sq
Текстот добро почнува и завршува некаде до средината. Но, да не е последниот пасус би била вест како и секоја друга. Ама, тогаш не би била сензационална. Со овој пасус: Она што останува непознато е како СДСМ ќе ги распореди своите адути. Се поизвесно станува дека Зоран Заев ќе побегне од дулеот со Груевски во првата изборна единица и дека наместо него, во изборната трка во „кецот“ ќе влезе Радмила Шеќеринска, политичар кој до сега има претрпено најмногу порази во директното соочување со Груевски. Таа ги загуби изборите во 2011 и во 2008 година во директен дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. пред нас имаме сензационална вест која не може да се провери, освен да се почекаат изборите. Линк до оригиналниот

Како се манипулира со фотографија, посебно во политиката

на 19. 03. 2014 | | sq
 

Политичари со добра политичка програма, можат да доживеат потполн неуспех заради една несреќно или површно одбрана фотографија, која покажува сосем друг имиџ од оној кој кандидатот го има, или би сакал да го има.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Досега секако дека сте ја слушнале народната „една слика вреди повеќе од илјада зборови“. Иако во минатото овој аксиом го прифаќаа мнозинството на луѓето, политичарите беа некако скептични.

Рецензија: Како Шилегов со минимална плата стекна огромно богатство?!

на 18. 03. 2014 | |
Ваквите текстови со црна кампања последниов период зачестено се појавуваат во одредени медиуми. Таков е и овој текст кој денеска е цел на рецензија. Уште од самиот наслов се гледа каков ќе биде текстот и што сака да се нагласи. Кога имаме наслов со прашање и чудење, читателот очекува да добие и одговор. И тоа вистински одговор. Но, кога ќе се прочита текстот се заклучува дека тој не нуди одговори, туку уште повеќе нафрлува прашања. Така, излегува дека вест која треба да понуди решение на целта, но, нуди само прашања, прашања и прашања. Се претпоставува дека читателот сам треба да го одгатне прашањето, притоа заборавајќи дека некои прашања едноставно не заслужуваат никаков одговор. Линк до оригиналниот напис: Како Шилегов со

Рецензија: (ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Под притисок од ВМРО-ДПМНЕ Роми се степаа кај Зелено Пазарче!

на 17. 03. 2014 | |
Новинарството не е список на желби, ниту се прави со емоции. Докажано е досега дека само текстови кои се издржани и препрочитани по неколку пати предизвикуваат внимание кај јавноста и граѓаните им веруваат. За жал, пред нас денеска немаме таков текст. Уште од насловот се гледа тенденцијата по секоја цена да се изманипулира со нешто што е очигледно. Дури целиот настан е снимен со камера, а да биде иронијата поголема, напишаната изјава во текстот од извесна граѓанка, инаку учесник во тепачката, не е снимена со камерата. Вест која можела да биде сосема добра и сензационална, дури, ако така се сакало, е уништена со тоа што е непресметливо изнасилена. Тоа се гледа веднаш, со што веста губи и на тежина и

Рецензија: Со кого зборуваше Стево Пендаровски по телефон, со Манчевски или со Енвер?

на 14. 03. 2014 | |
Епохално откритие. Фатен претседателскиот кандидат со кого зборувал на телефон. Телефонскиот разговор на едниот од претседателските кандидати, кој се појави на Јутјуб, секојдневно „ја тресе“ македонската јавност. Секојдневно, како во буре без дно се пласираат информаци која од која пошпекулативна. Да биде зачуденоста уште поголема, секоја нова шпекулација е повеќе небулозна од претходната. Да биде па работата и трагична, во оваа вест се имплицираат дури и меѓунационалните односи во контекст да се навредат и кандидатот за претседател и цела етничка заедница во Македонија. Тоа во овие времиња донекаде е опасно и далеку од здравиот памет. Но, кој вика дека во време на кампања во Македонија има здрав памет. Доволно е да се прочита овој пасус и да се заклучи колку

Рецензија: Шекеринска наместо одговори, дели часови по ароганција

на 14. 03. 2014 | |
Ова е текст кој изобилува со навреди. Од насловот, па се до крајот, вклучувајќи ја и фотографијата во текстот, на која се гледаат коментари од Фејсбук, е навредувачки и омаловажувачки. Дури текстот си зема за право да прави и психолошки профил на една личност, навредувајќи по сите основи, a притоа да не даде никави факти. Текстови кои се засноваат на „познавачите“ немаат ниту „Н“ од новинарство. Уште повеќе, пак,текстови кои мислат дека говорат во име на целата јавност уште помалку треба да имаат смелост да се нарекуваат новинарски. Доволно е да се прочита само овој пасус и да ви биде јасно каков текст денеска имаме пред нас. Познавачите и јавноста се згрозени од ваквата ароганција на Шекеринска. Коментираат дека кај

Рецензија: ФОТО: Погледнете колку луѓе го пречекаа Претседателот Иванов во Македонски Брод

на 13. 03. 2014 | |
Овој текст, ако судиме од насловот, има за цел да ни покаже една масовност за претседателскиот кандидат во едно гратче, кое и онака е меѓу најмалите во Македонија. Според логиката на текстот, штом во ова гратче се собрале скоро „сите“ жители, замислете колку, пак, подржувачи има во поголемите градови. Навудум детска „финта“ со текст, но не треба да се занемери податокот дека читателите не перцепираат многу од малку според насловот и според фотографијата. А, фотографии има и навистина се од настанот, но не знаеме колку се тоа многу, зборуваме за луѓе, собрани во салата, или, пак, што значи малку. Исто така, ако сакаме математички да ја анализираме веста, треба да имаме податок, па според квадратурата да дознаеме колку луѓе оптимално

Претплатете се за најнови вести