verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тони Димков

Рецензија: Македонските археолози ја открија Билазора – најстариот град на Балканот

на 12. 09. 2013 | | sq
Објавениот текст повеќе прикрива отколку што открива нови факти и податоци. Содржината на текстот има суштински конфликт со насловот. Очигледен е обидот одново да се направи сензација со тема која, исто така, сензационално e третирана и пред пет години. Актуелните откритија наведуваат на сознание дека истражувањата сѐ уште се во рана фаза, а веќе се пласираат епохални откритија во глобални рамки, во прилог на античките корени на македонската нација. Линк до оригиналниот напис: Македонските археолози ја открија Билазора – најстариот град на Балканот Датум и време на објавување: 12.07.2013 Датум на рецензирање: 10.09.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите во текстот се базирани на претпоставки, кои со текот на истражувањата ќе треба да се докажат низ научната методологија. Основниот проблем со

Рецензија: Охрид рај за албанските проститутки

на 27. 08. 2013 | | sq
Репортажата која е објавена во весник во соседна држава, а чии извадоци се пренесени во македонските медиуми, содржи неколку елементи кои се причина за рецензија на написот. Покрај очигледната намера да се даде сензационален наслов, текстот содржи и дискриминирачки елементи со национална и социјална природа. За одредена социјална категорија е употребен терминот „проститутки“ со намера да се понижи нивната личност, место веќе усвоениот коректен израз „сексуални работнички“. Место да информира, текстот пристрасно и еднострано алармира за затекнатата состојба.  Линк до оригиналниот напис: Охрид рај за албанските проститутки Датум и време на објавување: 20.08.2013, 11:34 Датум на рецензирање: 26.08.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Вистинитоста на фактите главно зависи од гледиштето на новинарот што го спроведува истражувањето. Тоа не значи дека нема

Рецензија: Радмила Шеќеринска на Вимблдон

на 30. 07. 2013 | |
Класичен пример за тенденциозен медиумски атак врз одредена личност е текстот со наслов „Радмила Шеќеринска на Вимблдон“. Написот е полн со шпекулации, контрадикторности и невистини. Единствената причина за објава на написот е да се оцрни личноста нагласена во насловот на текстот. Линк до оригиналниот напис: Радмила Шеќеринска на Вимблдон Датум и време на објавување: 16. 07. 2013, 4:43 Датум на рецензирање: 23.07.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Текстот се темели на неточна информација добиена од анонимен извор. Написот е полн со шпекулации конструирани со цел да се оцрни личноста на заменик-претседател на политичка партија. Имено, иако „на некои од партиските колеги на Шеќеринска им било кажано дека новиот заменик-претседател на партијата во Лондон отпатувала службено, но нашиот извор вели дека ваквите

Рецензија: НАСИЛСТВО – Стравот од различноста ги прави младите агресивни

на 16. 07. 2013 | |
Написот е убав пример како треба да се следи и да се известува за темата поврзана со насилството меѓу младите. Верно се пренесени повеќе заклучоци од анализата на истражувањето спроведено во рамки на проектот „Мировно образование (2011-1012)“ на Првата детска амбасада „Меѓаши“. Без намера да дискредитира одредени личности или институции, написот говори и за причините и за  последиците од употребата на насилството кај малолетниците. Линк до оригиналниот напис: НАСИЛСТВО – Стравот од различноста ги прави младите агресивни Датум и време на објавување: 04.07.2013, 10:00 Датум на рецензирање: 06.07.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Написот е базиран врз факти од полициските билтени, компаративната анализа на Првата детска амбасада „Меѓаши“ и изјави на стручни лица. Дадена е можност со линк да се пристапи

Претплатете се за најнови вести