verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Светлана Јовановска

Рецензија: ГАЛЕРИЈА Николина Пишек предизвика хаос во Загреб

на 9. 10. 2013 | |
Текст без поента и значење. Веста ја опишува во неколку зборови прошетката на хрватската водителка Николина Пишек низ Загреб со опис на нејзината облека. Кога ја отворате веста, насловена со “Галерија”, се надевате барем дека ќе видите повеќе фотографии на водителката. Но, таа надеж е изјаловена, бидејќи може да се види само една фотографија која не открива ништо друго освен облеката на Пишек. Целиот текст има вкупно четири реченици! Линк до оригиналниот напис: ГАЛЕРИЈА Николина Пишек предизвика хаос во Загреб Датум и време на објавување: 06.10.2013 во 10.37 Датум на рецензирање: 07.10.2013 Рецензент: Светлана Јовановска Вистинитост: Текстот се базира врз фактите на објавената фотографија и ја опишува гардеробата на водителката, мини здолништето, чорапите, очилата…. и тоа дека водителката, омажена пред

Рецензија: ХОЛАНДИЈА: Педофилите бараат легализација на секс со деца од 12 години

на 8. 10. 2013 | | sq
Холанѓаните се држава во која педофилијата ќе биде дозволена! Ова е заклучок кој неупатен читател ќе го извлече од текстот на порталот „Телеграф“, чиј што наслов тврди дека во Холандија постои партија која се залага за легализирање на сексуални односи со деца од 12 години, како и можноста тие да користат лесни и тешки дроги. “Во Холандија групата „Мартјин“, која во периодот од 2006 до 2010 година дејствувала и како регистрирана политичка партија, се борела за легализирање на сексуалниот однос со деца, како и да можат да користат лесни и тешки дроги.» Овој поднаслов е шокантен со цел да ја прикаже во негативно светло Холандија, земјата каде употребата на лесните дроги како марихуаната се легализира.  Здружението “Мартејн”, иако навистина се

Рецензија: Ексклузивно: Жерновски трошел милиони за реклами

на 3. 10. 2013 | |
Во овој текст се објавени документи, кои, според порталот, треба да бидат доказ дека Општината Центар потрошила “милионски суми” за рекламирање, иако од објавените документи се гледа дека се потрошени 950.000 денари. Оваа сума не е мала, но според она што може да се види од документите, порталот си се демантира самиот себеси, бидејќи од нив се гледа дека едноставно не станува збор за “милионски суми”. Истовремено, се напаѓа Општината Центар дека ги корумпира медиумите но никаде во текстот не се наведува дека рекламирањето во медиумите е проблем со кој Македонија одамна се соочува и дека поради тоа е критикувана во извештаите на меѓународните организации. Без докази се обвинуваат и фирмите кои склучиле договор со Општината Центар како блиски до

Рецензија: Изјавите на Шеќеринска ги радуваат Грците

на 1. 10. 2013 | |
СДСМ и Грција имаат исти ставови за спорот со името и ја оцрнуваат Македонија во грчките медиуми и меѓународната заедница. Ова е манипулацијата на овој напис за интервјуто на потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска дадено за грчката верзија на интернет сајтот Еурактив, кое потоа е преведено на англиски и француски јазик. Изјавите на Шеќеринска, во кои таа ја анализира политичката ситуација и ставовите на Македонија и Грција за спорот со името, се подведени под насловот „Груевски го користи името за да создава внатрешни непријатели”. Може да се каже дека станува збор за валкан текст кој се обидува интервјуто на Шеќеринска да го претвори во напад врз сопствената земја, а неа и СДСМ за главни виновници за комплексната ситуација во која

Рецензија: Кирил Поп Христов со влошено здравје пренесен на клиника?

на 29. 09. 2013 | |
Читањето на текстот не дозволува да се дознае дали актерот Кирил Поп Христов е сѐ уште во притвор или, пак, бил пренесен во болница со нарушена здравствена состојба. Според текстот, болнички и судски извори велат дека тој е во болница, додека семејството тврди дека тоа не е точно. Наводите на семејството се наведени подолу во текстот чија цел е очигледно да го натера читателот да верува дека актерот е во болница, но не ја открива вистината за настанот. Линк до оригиналниот напис: Кирил Поп Христов со влошено здравје пренесен на клиника?  Датум и време на објавување: 24.09.2013, 18.56 Датум на рецензирање: 25.09.2013 Рецензент: Светлана Јовановска Вистинитост: Неопределени “болнички и судски извори” наведуваат дека актерот е во болница. Истото се однесува

Претплатете се за најнови вести