verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Симона Атанасова

Триаголник: СДСМ, избирачкиот список и професорот кочничар!

на 19. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: „Курир“: СДСМ повторно на перфиден начин го кочи прочистувањето на избирачкиот список]

  Коментаторски, необјакетивен и политички пристрасен текст, кој служи за манипулација и за дефокусирање од вистинската причина поради која повеќе од два месеца се доцни со прочистување на избирачкиот список. Линк до оригиналниот напис: „Курир“: СДСМ повторно на перфиден начин го кочи прочистувањето на избирачкиот список Датум и време на објавување: 17.02.2016, 13:02 Датум на рецензирање: 18.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ДО ИТ-ЕКСПЕРТОТ БИЛО?!

Според напишаното во овој текст (кој е преземен од друг медиум и е соодветно линкуван), главната причина поради која доцни прочистувањето на избирачкиот список е ИТ-експертот Сашко Ристов, кој поради предавање на факултет го кочел процесот. Така, за овој професор од ФИНКИ се

Конструкција од нафрлани обвинувања

на 17. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Дарко Алесков, од предводник на МОСТ, стана инвеститор и сопственик на згради во Бардовци]

  Текст конструиран единствено на паушално нафрлани обвинувања без понудени докази, документи или каква било потврда за напишаното. Четиво кое служи за манипулирање, но и за нарушување на угледот и на професионалноста на престседателот на невладината „Мост“, која е вклучена во набљудувачкиот процес на изборите. Линк до оригиналниот напис: Дарко Алесков, од предводник на МОСТ, стана инвеститор и сопственик на згради во Бардовци Датум и време на објавување: 09.02.2016, 14:03 Датум на рецензирање: 16.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ИНВЕСТИТОР, СОПСТЕВНИК НА ЗГРАДИ – А ДОКАЗИ ИМА ЛИ?

Написот (кој е преземан од друг медиум и не е линкуван), го обвинува првиот човек на невладината организација

Батали криминалот, плукај по обвинителките!

на 15. 02. 2016 | |

[Рецензија: Ова не е право и правда, ова е политика и политизација – и нема да помине]

  Напаѓачки коментар или извештај од прес-конференција? Текстот се однесува на прес-конференцијата на обвинителките од Специјалното јавно обвинителство и не е ништо друго освен манипулирачки, едностран и крајно пристрасен коментар, „случајно протнат“ во категоријата „вести“. Линк до оригиналниот напис: Ова не е право и правда, ова е политика и политизација – и нема да помине Датум и време на објавување: 12.02.2016, 15:43 Датум на рецензирање: 13.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ОСАКАТЕН НАПИС

Целта на овој текст е крајна и остра дискредитација на двете обвинителки Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи и нивно (неаргументирано) поврзување со опозицискиот СДСМ, а сето тоа за намалување на важноста

СДСМ со двајца членови „магично“ доминира во ДИК!

на 8. 02. 2016 | | sq

 [„Курир“: СДСМ ја потврди доминацијата во ДИК]

Во овој коментаторски и манипулативен напис се изнесува обвинение дека ДИК работи под директива на СДСМ,  иако за тоа во текстот не е понудена соодветна аргументација. Текстот натежнува од тенденциозни забелешки за отфрлањето на претставките на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како неповрзани со изборите. Линк до оригиналниот напис: „Курир“: СДСМ ја потврди доминацијата во ДИК Датум и време на објавување: 07.02.2016, 15:49 Датум на рецензирање: 07.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

КОЈ КОГО НАДГЛАСАЛ?

Написот (кој е преземен од друг медиум и соодветно e линкуван), има цел да ја дискредитира работата на Државната изборна комсија (ДИК), чии членови беа избрани според Договорот од Пржино, кој беше потпишан од четирите најголеми политички

„Бајати“ изјави извадени од контекст

на 5. 02. 2016 | | sq

 

[Визијата на СДСМ за администрацијата: Смени и бркање од работа]

  Целта на овој текст е да се оцрни опозицијата и да се влее страв меѓу народот, а особено помеѓу вработените во администрацијата дека ако СДСМ дојде на власт, ќе бидат избркани од работа. Крајната цел на написот е да ги убеди читателите да не гласаат за опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Визијата на СДСМ за администрацијата: Смени и бркање од работа Датум и време на објавување: 31.01.2016 13:48 Датум на рецензирање: 03.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

МАНИПУЛАТИВЕН НАМЕНСКИ ТЕКСТ

Текстот кој е преземен од друг медиум (тоа е наведено, само не е ставен линкот), е целосно едностран и коментаторски. Со стари нецелосно пренесени изјави, извадени од контекст и

СДСМ е виновен и кога ВМРО-ДПМНЕ има предност

на 1. 02. 2016 | | sq
 

[Нова нерелевантна анкета на СДСМ преку нивната агенција „Фактор Aдриа“ од Србија]

  Текстот е тенденциозен, уште со самиот наслов манипулира и изнесува еден куп невистини за една агенција за истражување на јавното мислење и за опозицијата. Целта е по секоја цена да се нападне СДСМ и да се убедат читателите дека и најмала позитивна информација за социјалдемократите е лажна и нерелевантна. Линк до оригиналниот напис: Нова нерелевантна анкета на СДСМ преку нивната агенција „Фактор Aдриа“ од Србија Датум и време на објавување: 26.01.2016, 14:08 Датум на рецензирање: 30.01.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НАФРЛЕНИ ОБВИНУВАЊА

Во овој коментаторски  напис се земени резултатите што агенцијата ги добила за рејтингот на партиите и со нив се манипулира за публиката да оформи 

Од спротивната страна на професионализмот

на 28. 01. 2016 | | sq

[СДСМ намерно го урива Избирачкиот список]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски, манипулативен, необјективен и изнесува неточни констатации. Целта на оваа објава е дискредитирање на опозицијата и наведување на читателот да се сомнева во неутралноста на Државната изборна комисија. Во конкретниот случај, комплетно е игнорирана втората страна на приказната. Линк до оригиналниот напис: СДСМ намерно го урива Избирачкиот список Датум и време на објавување: 22.01.2016, 17:01 Датум на рецензирање: 26.01.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НЕИМЕНУВАНИ ИЗВОРИ И ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА

Имаме тврдење дека членовите на СДСМ во ДИК не дозволуваат да почне прочистувањето на избирачкиот список и секојдневно ја кочат работата. Дополнително, следува и коментар дека целта на СДСМ, наводно, била да се одложат изборите поради слабиот

Тензија „инспирирана“ од шпекулации

на 25. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Тензична атмосфера на Централниот Одбор на СДСМ]

    Написот е манипулативен, едностран и сeнзационалистички. Освен низа шпекулации, во текстот нема ниту една конкретна потврда дека атмосферата на централниот одбор на СДСМ навистина била тензична и дека се употребувале свирежи, скандирања и пцости кон дел од членовите. Линк до оригиналниот напис: Тензична атмосфера на Централниот Одбор на СДСМ Датум и време на објавување: 21.01.2016, 15:19 Датум на рецензирање: 23.01.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

А ИЗЈАВА ОД СДСМ?

Написот којшто, инаку,  е целосно преземен од друг медиум ( тоа е наведено и ставен е линкот),  служи за да се оцрни одлуката на централниот одбор на СДСМ, партијата да не учествува на предвремените парламентарни избори доколку не се исполнат услови за

Лепена, сечена и извитоперена порака

на 19. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Соросовите невладини веќе не го кријат стравот од пораз, бараат одложување на изборите (ВИДЕО)]

  Во текстот се прави типичен политички спин, при што целосно се извртува клучната порака што повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи ја упатија  до еврокомесарот Јоханес Хан, Делегацијата на ЕУ и до Амбасадата на САД.  Имено, граѓанските активисти преку заедничко писмо побараа „одложување на предвремените парламентарни избори сè до моментот додека не бидат исполнети суштинските елементи на Договорот од Пржино и итните реформски приоритети кои се однесуваат на изборите“.  Но, ваквиот потег на граѓанскиот сектор написот намерно го толкува како страв од пораз (изборен)! Линк до оригиналниот напис: Соросовите невладини веќе не го кријат стравот од пораз, бараат одложување на изборите

Текст за кликови

на 15. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Славица моли за помош: Сопругот и ги однел трите деца во Турција и не и дава да ги види]

  Самиот наслов на текстот наведува на мислење дека оваа семејна драма можеби се случила во Македонија, што го привлекува читателот да клинке на текстот, за потоа да сфати дека на некој начин е прелажан затоа што ситуацијата се одвивала во друга земја. Линк до оригиналниот напис: Славица моли за помош: Сопругот и ги однел трите деца во Турција и не и дава да ги види Датум и време на објавување: 11.01.2016, 09:51 Датум на рецензирање: 14.01.2011 Рецензент: Симона Атанасова  

ИЗМАМЕНИ ЧИТАТЕЛИ

Текстот, всушност, e кратко прераскажување на фејсбук-статус на анонимна жена од Белград. Како додаток на текстот е

Претплатете се за најнови вести