verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Симона Атанасова

„Тајна средба“ на јавно место и сред бел ден?!

на 11. 01. 2017 | | sq

 [Рецензија: КОЛЕДАРСКА ПЕСНА НА ЗАЕВ НА ВРАТАТА НА БЕСА: СДСМ крева раце од формирање на Влада, заедно со радикалите од Беса спремаат насилни протести!]

  Една средба е доволна да се изнесат куп манипулации, да се испревртат фактите и да се добие реалност далеку од фактичката. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и раководството на движењето Беса одржале средба за која медиумот тврди дека била тајна. Доколку средбата навистина била тајна, тогаш како има неколку новинарски екипи на местото каде што се одржувала и зошто ако средбата е толку тајна, таа би се одржала во партиското седиште на Беса, кое се наоѓа на многу јавно место во трговскиот центар „Мавровка“?! Линк до оригиналниот напис: КОЛЕДАРСКА ПЕСНА НА ЗАЕВ НА ВРАТАТА НА

Извртена изјава од Фрчкоски, претставена како став на СДСМ

на 5. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: „План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица]

  Манипулативен и едностран текст кој преку испревртување на фактите и додавање неточни информации, конструира една лажна слика преку која се наведува читателот да оформи негативен став за СДСМ. Линк до оригиналниот напис: „План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица Датум и време на објавување: 02.01.2017, 10:44 Датум на рецензирање: 04.01.2017 Рецензент: Симона Атанасова  

МАНИПУЛАЦИЈА

Текстот свесно ја манипулира јавноста дека СДСМ, доколку дојде на власт, ќе ги затвори дисперзираните факултети, ќе ги избрка студентите и сите професори на улица: „Илјадници семејства сè уште се сеќаваат на отказите и мачниот живот кој им го сервира

„Крвта“ во насловот ја нема во текстот

на 30. 12. 2016 | |

[Рецензија: (ФОТО) Страшна сообраќајка кај Струмица – Крв на сите страни]

  Сензационалистички наслов и лоша илустрација – морничава фотомонтажа се главната одлика на овој текст. Насловот манипулира со читателите и изнесува невистинити информации. Се тврди дека се случила сообраќајна несреќа која во насловот се опишува како „страшна“, но во текстот нема објаснување зошто се извлекла таква констатација. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Страшна сообраќајка кај Струмица – Крв на сите страни Датум и време на објавување: 25.12.2016 Датум на рецензирање: 30.12.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ПРОБЛЕМАТИЧЕН НАСЛОВ

Насловот тврди дека имало „крв на сите страни“, но во текстот се вели дека „нема информации за повредени или загинати“. Доколку немало повредени или загинати, а во случајов не се знае

Мегашпекулација претставена како мегаскандал

на 22. 12. 2016 | |

[Рецензија: МЕГА-СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Една судијка од Управен суд искеширана со 400.000 евра од СДСМ?]

  Манипулативна шпекулација без докази и потврдени информации. Едностран и коментаторски текст, пласиран под превезот „мега скандал“. Напис кој без ниту еден извор, а уште помалку доказ, тврди и обвинува дека судијка на Управен суд примила поткуп од 400.000 евра, ни помалку ни повеќе туку од СДСМ. Линк до оригиналниот напис: МЕГА-СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Една судијка од Управен суд искеширана со 400.000 евра од СДСМ? Датум и време на објавување: 20.12.2016 Датум на рецензирање: 22.12.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НЕДОСТИГААТ ДОКАЗИ

Текстот тенденциозно го нарушува угледот на судијката без притоа да понуди докази. Со вакви изнесени обвинувања не постигнува ништо друго освен што ја дискредитира

Разрешена медиумска дилема: Спасовски и Ременски сè уште се министри

на 15. 12. 2016 | |
Според измените на Законот за Влада, мандатот на Спасовски и на Ременски трае до денот на објавувањето на конечните резултати од ДИК. Фото: Гугл  

Вкупно 16 медиуми и портали ја објавија речиси истата (дез)информација во која тврдат дека министрите Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски, како и тројцата дополнителни заменици-министри се разрешени од нивните функции кои ги добија како резултат на Договорот од Пржино помеѓу четирите политички партии

  Пишува:

Конструкции за криминални шеми за предизборно оцрнување

на 9. 12. 2016 | |
[Рецензија: Заев го спрема и подготвува криминалното подземје за 11 декември: За само 24 часа Заев на средби со плејада криминалци]   Текстот е типичен пример како со чиста шпекулација се подгреваат предизборни тензии. Освен што е шпекулативен, написот е целосно едностран и коментаторски, без конкретни извори, а уште помалку – докази. Линк до оригиналниот напис: Заев го спрема и подготвува криминалното подземје за 11 декември: За само 24 часа Заев на средби со плејада криминалци Датум и време на објавување: 07.12.2015, 18:37 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова  

КОНСТРУКЦИЈА ПРАВЕНА ОД „ЈАСНОВИДЕЦ“

Написот тврди дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за 24 часа, ни помалку ни повеќе, се сретнал со „плејада“ криминалци за да предизвика изборни нерегуларности.

Празна Илинденска за слепи очи

на 8. 12. 2016 | |
 

[Рецензија: Народот препознава предавници, ги казни со празна „Илинденска“]

  Чист коментар без факти, без докази, зачинет со лаги и со манипулации за тенденциозно формирање на негативна перцепција за опозицијата во клучни денови пред изборите на 11 декември. Текстот има јасна цел – пропагандистички да ја манипулира јавноста, нафрлајќи тези кои се неточни, а се претставени како конечна вистина. Линк до оригиналниот напис: Народот препознава предавници, ги казни со празна „Илинденска“ Датум и време на објавување: 04.12.2015, 21:56 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова И покрај известувањето од страна на голем број домашни и странски медиуми, написот сепак се дрзнува да манипулира дека митингот на СДСМ одржан пред неколку дена бил слабо посетен и дека немало луѓе. „Ниту

„Ексклузивно“ подгревање тензии и немири

на 5. 12. 2016 | | sq

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НЕМИРИ ЗА НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДО 11-ТИ ДЕКЕМРИ]

  Текст кој во клучен и кревок период пред изборите закажани за 11 декември, тенденциозно подгрева насилна атмосфера и тензии преку ширење шпекулации кои ги претставува како ексклузивна информација. Во написот се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, наводно,  подготвува насилно сценарио откако ќе загуби на изборите на 11 декември. Според напишаното, целта на ова сценарио, кое вклучува крв и немири, ни помалку ни повеќе била бегство на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НЕМИРИ ЗА НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДО 11-ТИ ДЕКЕМРИ Датум и време на објавување: 30.11.2016 Датум на рецензирање: 04.12.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ШПЕКУЛАЦИИ

„Во ВМРО-ДПМНЕ се спрема сценарио за уфрлање на радикално насилни структури кои

Премногу дупки во приказната за „македонско сценарио во Америка!“

на 28. 11. 2016 | |

[Рецензија: Сорос плаќа демонстранти со 15 долари на час!]

  Написот што е предмет на оваа рецензија прави невозможна компарација помеѓу САД и Македонија и ја нарекува „македонско сценарио во Америка“! Текстот тврди дека организации на Џорџ Сорос стојат зад протестите што се случуваат низ неколку американски градови по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Освен тоа написот се обидува да ја наметне тезата дека учесниците на протестите добивале 15 долари на час. Насловната фотографија на текстот, на која во  фотошоп е измонтиран бизнисменот Џорџ Сорос на еден од протестите во САД, е тенденциозна и го манипулира читателот. Линк до оригиналниот напис: Сорос плаќа демонстранти со 15 долари на час! Датум и време на објавување: 21.11.2016, 18.30

ВМРО-ДПМНЕ од Курц добила поддршка на настан кој сè уште не се случил

на 27. 11. 2016 | | en
 

[Рецензија на текстот со наслов: „Меѓународна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ“]

  Ова е школски пример за нарачан текст и објавен во медиум заради промоција на една политичка партија. Типична пропаганда за да се постигне впечаток кај публиката дека партијата ВМРО-ДПМНЕ добива меѓународна поддршка. Текстот ниту е коментаторски, ниту сензационалистички, ниту едностран, туку изгледа како вообичаена вест од митинг. Но, главна маана му е што е објавен три часа пред воопшто настанот да се случи. Ова претставува целосно манипулирање и дезинформирање на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Меѓународна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 27.11.2016, 15:46 Датум на рецензирање: 27.11.2016 Рецензент: Симона Атанасова „ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија вчера одржаа изборен митинг во Скопје. Партијата на митингот доби

Претплатете се за најнови вести