verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Сашо Орданоски

Белешки за популизмот: ЛАЖИ МЕ НЕЖНО!

на 10. 12. 2014 | |
 

…Ако дебатата на медиумите ја нема или ако ја има само на мал дел од медиумите, каде таа, заради одбивањето на власта да се појави во соочувањето на аргументите, наликува на „разговор на глуви“, тогаш демократската јавност не функционира како политички коректор на политичарите. Дополнително, кога мнозинството медиуми имаат еден главен уредник – Кабинетот на Премиерот – не само што нема дебата, туку нема ни елементарни вести за кои

Белешки за популизмот: ВАРВАРИ ПРЕД МЕДИУМСКИТЕ ПОРТИ

на 27. 11. 2014 | |
Папата Лео и Атила, бркањето на варвaрите од пред портите на Рим, нацртано по барање на Грегориј 13, 1581 година, Galleria delle carte geografiche, Musei Vaticani, Romа. Фото: Nick Thompson, 2011
 

Mногумина уште цврсто стојат зад неколкуте електронски и печатени медиумски капии притиснати од бројните анонимни орки на режимот кој блуе пропаганда, клевети и навреди по секој што се одважил да не се согласи, да не премолчи. Да, би

Белешки за популизмот: УШИТЕ НА ГОЛЕМИОТ БРАТУЧЕД

на 14. 11. 2014 | | sq
 

Медиумите се меѓу првите жртви на автократијата, бидејќи тие се „сврзното ткиво“ помеѓу трите столба на автократското владеење: клиентелизмот („кооптацијата“, што би се рекло во теорија), репресијата и легитимацијата.

  Пишува: Сашо Орданоски   Контурите на „бомбата на Заев“, таа долго најавувана „турска серија“ во македонска политичка продукција, веќе се исцртуваат. Како што зборува упатената чаршија, наскоро би требало да се забавуваме – бидејќи демократските солзи одамна ни пресушија

Белешки за популизмот: Телохранители со докторски дисертации

на 31. 10. 2014 | | sq
 

Од образованието се бара резултат, а не сконцентрираност врз процесот. Така се засилуваат принципите на послушноста, лојалноста и правоверноста, што е рецепт за општествен успех во денешна Македонија. Па, овде ни на прес-конференции не се дозволени прашања, а камо ли во образовниот процес!

  Пишува: Сашо Орданоски  Отсекогаш ме забавувала опсесијата на г. Никола Груевски со македонскиот образовен систем. Кога зборува за овдешното образование, од Груевски, невешто затскриено

Белешки за популизмот: Македонија како тотална институција

на 15. 10. 2014 | |
 

Владее дисциплина, беспоговорна лојалност кон партијата/фамилијата на власт и општа принуда по пат на надзор, наместо договор или координација. Суштински сме исклучени од „надворешниот“ свет, бидејќи тој не е достоен на нашето историско минато и вечна слава, слава ни. Послушниците добиваат милост од владетелот, а за турканицата да му се бакнат нозете уредно се известува низ строго контролираните медиуми: неколкумина повешти ласкавци од пред две-три години, фала-богу, веќе

БЕЛЕШКИ ЗА ПОПУЛИЗМОТ: Парите се отепувачка за политиката уредувачка

на 25. 09. 2014 | | sq
 

Во периодот 2010-2013 г. секојдневно се затвораа или се преземаа оние медиуми што имаа критички однос кон политиките на Груевски, а во тоа главно средство беа заканите и парите.

  Пишува: Сашо Орданоски   Полека, но сигурно, се заокружува приказната за тоа што се случи со македонските медиуми по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 г. Силно помогнати во освојувањето на власта од електронските и печатените медиуми на

Белешки за популизмот: Поглед зад медиумската пропаганда за бројно семејство

на 17. 07. 2014 | |
 

Пред, меѓу и по секој фудбалски натпревар, канонада од главно лошо направени, патетични пропагандни телевизиски спотови во кои поттикот да се прават деца се изедначува со патриотската задача на секој освестен нео-антички Македонец, како „вистински избор“ и единствено вредно нешто во животот, се поистоветува со среќата, успехот и смислата на постоењето, па дури и со поголемата близина до Бога!

  Пишува: Сашо Орданоски   Здравјето, силината, долговечноста и благосостојбата

Белешки за популизмот: ЛИДЕРОТ ОД НАШИОТ СОКАК (2)

на 3. 07. 2014 | |

Во македонската јавност доминира комбинацијата на позитивни перцепции за „ликот и делото“ на Никола Груевски, со статистички сигнификантно помала негативна перцепција за неговите карактерни и политички особини. Дури и ако се „отпише“ дел од оваа популарност на Груевски како резултат на недостаток на отвореност, односно изразитост на ставовите кај анкетираните – што претставува одредена инхибиција во оцените за Груевски јавно да се манифестира, низ одговори на анкета, критика и негативен

Белешки за популизмот: ЛИДЕРОТ ОД НАШИОТ СОКАК

на 2. 07. 2014 | |

Уникатно истражување за тоа како граѓаните на Македонија гледаат на премиерот Никола Груевски и како политичар и како човек.

  Пишува: Сашо Орданоски   Во декември 2013 г., за потребите на една пообемна студија, бев во прилика да спроведам опсежно истражување за  перцепцијата на македонската јавност и нејзиниот однос кон лидерот на десната популистичка артикулација во Македонија, Никола Груевски¹. Ги меревме корелациите и концентрациите на политичките ставови во јавноста во

Белешки за популизмот: Груевски е очаен говорник, омилен кај гласачите

на 18. 06. 2014 | |

Со анализата на реториката во настапот на Груевски лесно се препознаe карактеристичниот едноставен, разбирлив за пошироките маси и директен популистички говор, најчесто изговорен во просто-проширени реченици.

  Пишува: Сашо ОРДАНОСКИ   Ернесто Лаклау вели дека „далеку од тоа да е паразит на идеологијата, реториката  всушност би била анатомија на идеолошкиот свет“ на политичарот. Ако, во таков контекст, може да се генерализира, тогаш би се рекло дека левите („либерални“) популисти се

Претплатете се за најнови вести