verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Сашо Орданоски

Белешки за популизмот: Да си Гордана Јанкулоска

на 7. 05. 2015 | | sq
Гордана Јанкулоска, тефтерот на власта и најкористеното лице за прес-конференции на власта. Фото: Влада на РМ, колаж: СПФМ  

Не сум броел, но речиси сум сигурен дека во изминатите девет години Јанкулоска и МВР имаат одржано најмногу прес-конференции во споредба со сите други министерства на Груевски. Во која друга нормална и вистински демократска земја во светот министерот на полицијата е со години најекспонираната медиумска личност во јавноста? Нешто мора да е гнило во таквата Данска.

  Пишува: Сашо Орданоски   Сега е веќе сосема јасно дека еден од главните проекти на Никола Груевски по освојувањето на власта во 2006 година му бил Министерството за внатрешни работи на Македонија да го претвори во габаритна, приватна фирма за обезбедување на интересите и

Денот потоа

на 30. 04. 2015 | | sq
Нова зора, нов ден. Изгревот на сонцето во Скопје, населба Влае. Фото: Arangel Angov  

Прво се мислеше дека жестокиот притисок врз македонските новинари и медиуми е резултат на несреќниот спој на една „настината“ личност која дошла во контакт со неограничената моќ во државата. Но, со тек на време, во изминатите три-четири години, се разоткри дека „настинката“ од која боледува власта има заразен облик, со метастази по целото тело на

Белешки за популизмот: Зошто Груевски не го апси Заев?

на 16. 04. 2015 | |
Зоран Заев – „бомби“ и слобода. Фото: СДСМ промотивна веб-страница, 2013  

Фактот што Заев се наоѓа на слобода, и покрај заканите на пропагандните кловнови на власта низ провладините медиуми, не е резултат на „милоста“ или политичката коректност (?!) на фамилијата, туку на рационално пресметана „кост-бенефит“ анализа во последните недели или месеци од нивното владеење.

  Пишува: Сашо ОРДАНОСКИ   За употребата на ветото, како механизам за спроведување одредена политика,

Пропагандата на власта до гуша во… проблеми

на 6. 04. 2015 | | sq
Нападот на клоновите. Фото: СПФМ – колаж    

Во нашата средина, објавувањето анонимни коментари во медиумите е познат метод за политичка ликвидација, кој датира уште од најцрните пропагандни времиња на комунизмот од половината на минатиот век

  Пишува: Сашо Орданоски, експерт по комуникациски науки   За сите оние кои досега (се правеле дека) не знаат како изгледа водење валкана кампања низ провладините медиуми во Македонија, неделата, на 5 април,

Белешки за популизмот: Луѓе со потрес на мозокот

на 26. 03. 2015 | | sq
Зомби со потрес на мозокот (Concussion zombie). Секоја година во близината на Брајтон (В. Британија) пред Ноќта на вештерките се случува „зомби-марш“, инспириран од класичните хорор-филмови. За некои во земјава не мора да се прави посебна организација на ваков настан. Тие постојано маршираат како зомби со потрес на мозокот. Фото: Stevie Gill, 2011   Во својот очај, медиумската пропаганда на власта сè уште не се предава! Сега, најново, имаат пресна финтаџиска

Кога наративот се распаѓа, вистината избива на површина

на 20. 03. 2015 | | sq
 

Еден од основните лостови за владеење на ВМРО-ДПМНЕ во последните девет години со Македонија е цврстата контрола врз медиумското работење и пораката која излегува во јавноста, со што се постигнува прецизна контрола на наративот преку кој се владее

  Пишува: Сашо Орданоски, експерт за комуникациски науки   Контролата врз наративот е суштинската пропагандна задача на секој автократски и недемократски режим: приказната мора да биде конзистентна, интензивна и набиена со

Белешки за популизмот: Сто нијанси на црно

на 9. 03. 2015 | |
 

Токму во орвелијанскиот манир на „новоговорот“, мислам дека сегашната македонска десничарска пропаганда успеа од зборот „соросоид“ во последните години да создаде речиси опиплив политички ентитет, групна ознака за луѓе во Македонија кои ги краси космополитизам („непатриоти“), културно-политичка толеранција („педери“), граѓански активизам („странски платеници“) и инсистирањето на индивидуалните слободи наспроти диктатот на, особено, етно-националниот колективизам („предавници“) во кој овдешните националисти и шовинисти, но и посветлите „нијанси“ на конзервативците, препознаваат

МРТ: Дискредитацијата како суштина на информирањето

на 4. 03. 2015 | |
МРТ со ненаучена лекција и натамошни дискредитации – протестот пред Македонската радиотелевизија на Граѓанската платформа „Ајде“. Фото: ФОСИМ, 2015
 

МРТ во својата реакција на настанот, наместо да отстапи простор за оправданите протести на граѓаните, во духот на традицијата на највалкани пропагандистички техники, се обиде преку манипулација и клевета да го дискредитира собирот со тоа што ќе дискредитира еден-двајца од неговите учесници и говорници.

  Пишува: Сашо Орданоски, експерт по 

Белешки за популизмот: Внимавајте, деспотот повторно ќе лаже

на 18. 02. 2015 | |
Од „сериозна“ прес-конференција на премиерот Груевски, до монтажа со супер смешниот „мучачос“ за плиткоумните пропагандни обиди на власта – за само две недели. Фото: Влада на РМ (лево) и видеоклип скриншот (десно).
 

Бидејќи владините медиуми не објавуваат ништо за содржината на криминалите за кои детално се говори во телефонските разговори на највисоките функционери на власта, илегално снимени од парадржавата (а објавуваат сè за тоа како власта немушто одговара на

Белешки за популизмот: Да му се насмееме на деспотот

на 24. 12. 2014 | |
Познатите „контраразузнувачки обработени“ фотографии од неодамнешните протести каде поединци („внатрешниот непријател“ во овој случај) се обележени со црвени кругови (горе лево, извор непознат – засега…) и фото пародиите на студентите (сите останати фотографии, извор: ФБ). Обработка: СПФМ, 2014  

„Kога еднаш духот на потсмевот и на моќта на луѓето ќе излезе од шишето, тогаш му нема враќање назад“. (Срѓа Поповиќ и Младен Јоксиќ, Foreign

Претплатете се за најнови вести