verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Саше Димовски

Рецензија: Кежаровски е осуден според Законот за заштита на сведоци предложен и изгласан од СДСМ

на 11. 11. 2013 | |
Модерна форма на „новинарско истражување“ каде што се прави класична манипулација со фактите и замена на тези, при што, авторот од лисјата што се обидува да ни ги открие, не успеал да ја види шумата. Или не сакал! Текстот, поткрепен со извод за гласање од Собранието на Република Македонија од 2005 година, кога се носел Законот за заштитени сведоци,  треба да не убеди дека не е важно дали осудениот новинар бил виновен или не, дали правилно се водела постапката, дали се утврдиле фактите, зошто толку долго траел притворот, туку најважно е дека е осуден според закон кој бил донесен во времето кога СДСМ бил на власт. За споредба, во американските медиуми нема да најдете обвинување против тие кои го донеле

Несреќата на несреќите

на 5. 11. 2013 | | sq

Несреќите и прашањата врзани за нив не се ексклузивитет само за новинарите од „црните хроники“, туку за секој новинар и уредник, посебно за новинарите кои се дежурни во време на викенди и празници, кога по непишано правило, бројот на несреќи е зголемен, а новинарските екипи намалени.

  Пишува: Саше Димовски  

ФОТО: Крв на сите страни – ужасна глетка на местото каде загинаа петте млади скопјани

 

ВИДЕО: Од луксузното

Рецензија: Во Основниот суд само 10,5% Албанци

на 17. 10. 2013 | | sq
Пример за дневно информирање кое целосно е ставено во служба на политиката на одредена политичка опција или заедница, каде што авторот си „игра“ со бројките така како што му одговара. Не е прецизен ниту насловот, кој говори за 10,5 проценти на вработени во Основниот суд, а во текстот се објаснува дека станува збор за процент кој е во сите основни судови на ниво на целата територија на Република Македонија. Авторот не прави дистинкција дали поединечната вработеност на Албанците во судовите и обвинителствата одговара или не одговара со бројот на вработени во местата каде што одредена етничка заедница е доминантна. Па така, во текстот нема податоци за застапеноста на Албанците во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево или Струга, но затоа се извлекува

Рецензија: Прилепчанец фатен со хероин

на 14. 10. 2013 | | sq
Класичен пример на несоодветно избрана фотографија за која не може да се тврди дека би требало само да ја илустрира информацијата дека е фатен прилепчанец со хероин. Во текстот се вели дека полицијата ја пронашла дрогата закопана во дворот на пријавениот, а на фотографијата имаме лице кое е фатено како пренесува дрога скриена во долна облека. Оваа фотографија е толку карактеристична и се однесува на конкретен настан и лице, што не може да служи како „општа“ фотографија која би се употребила во вакви ситуации. За илустрација на текстот, медиумот би можел да постави архивска фотографија на која би се гледала запленета дрога, но не вака експлицитна од друг карактеристичен случај, со што се доведува во прашање сериозноста на медиумот и

Рецензија: ФОТО: Во Македонија бубрег се продава за 80.000 евра

на 13. 10. 2013 | | sq
Уште еден пример на сензационалистички пласирана информација, илустрирана со несоодветна фотографија и неистражаена до крај, што ја прави несериозна и ја доведува во прашање и нејзината вистинитост. Веста нема автор, но новинарот кој ги разгледувал огласите на сајт за рекламирање, морал да обезбеди повеќе информации пред да објави било што, бидејќи наведената причина дека телефонските броеви не постоеле или не се јавувал никој, не се доволен доказ дека новинарот и

Рецензија: ФОТО: Џиновски ракови во Охридско езеро

на 4. 10. 2013 | |
Информативен текст во кој се пишува за необична појава во Охридското езеро, за присуство на нов вид џиновски ракови, но без да се обезбедат минимум информации кои ќе му дадат на читателот јасна слика за откритието. Посочувањето дека биолозите не знаат за каков вид се работи не дава јасна слика за тврдењето, ниту сериозен новинарски пристап за поголемо истражување, што може да ја направи веста интересна, читлива и погодна за цитирање или пренесување во други медиуми. Во ситуација кога во Охрид постои Хидробиолошки завод надлежен за животинскиот и растителниот свет во езерото, не може да биде доволен податокот дека биолозите не знаат ништо за џиновските ракови, а не се презентира податок од официјална институција: што ќе преземе таа, кој може

Рецензија: ФОТО: Изгледот на новите банкноти од 200 и 2000 денари

на 4. 10. 2013 | |
Класичен пример за манипулација, кој во фото веста, посебно во насловот, дезинформира, прикажува дека наводно таков ќе биде изгледот на македонските банкноти, новите деноминации од 200 и 2.000 денари, за во единствената реченица што им се нуди на читателите да биде кажано дека некој читател на порталот, всушност, предлага така да изгледаат планираните нови банкноти. Порталот не се потрудил барем во една реченица да каже дали Народната банка на РМ веќе одлучила како ќе изгледаат банкнотите или барем основната информација до каде е процесот со издавање на банкнотите и кога тие би се појавиле во платниот промет на земјата. Крајно манипулативна информација која со понудената фото вест и особено со понудениот наслов им сервира наводна вистина на читателите. Линк до

Рецензија: ФОТО: Пејачот Наум Петрески предизвикал сообраќајка и побегнал?

на 1. 10. 2013 | |
Пример за манипулативен текст, посебно во потенцирањето „фото“ дека покрај текстот се понудени фотографии кои би го поткрепиле тврдењето дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувал фолк пејачот Наум Петрески, а по несреќата побегнал. Понудените фотографии, сообраќаен полицаец со палка в раце и полициско возило со ништо не покажуваат дека се фотографирани на местото каде што се случила несреќата ниту има детали од неа, со што, на најбрутален начин се манипулира со читателот. Текстот е преземен од локален портал кој веста ја пласирал во прашална форма во насловот „Дали пејачот предизвикал несреча и побегнал“, но ниту авторот, ниту копирајтерите не се обиделе да добијат потврда од пејачот, кога во самиот текст наведуваат дека охридската полиција не го потврдила идентитетот

Рецензија: Бранко и Љубчо си договориле амнестија?

на 26. 09. 2013 | | sq
Текстот, а особено насловот, е спин од изјава дадена на член на Комисијата за верификација на факти за друг медиум, која  авторот на овој текст ја коментира и извлекува заклучоци кои не кореспондираат ниту со изјавата што ја обезбедил дополнително од истиот соговорник, ниту со изјавите добиени од политичките партии што се споменуваат. Дополнително, насловот зборува за договорена амнестија, термин кој во правото треба да значи: донесување на закон со кој одреден број лица се ослободуваат од гонење, потполно или делумно се ослободуваат од извршување на казните, им се заменува изречената казна со поблага, се одредува бришење на осудата или се укинуваат правните последици од таа осуда. Доколку тврдењето би било точно дека е направен некаков договр, би требало да

Рецензија: Атина и Будимпешта плаќале, Македонци продавале

на 25. 09. 2013 | |
Пример за новинарска сторија во која авоторот/авторите затскриени зад редакцијата објавуваат приказна полна со сочни детали за последната полициска акција „Шпион“, каде што пласираат само полициски информации без да се направи и најмал напор за сопствено истражување. Во текстот сите податоци, според начинот на претставување, се добиени на брифинг со креаторот на случајот, а новинарите биле трансмитери на неговите откритија, кои не ги пласираат како нечие тврдење, туку како сопствено

Претплатете се за најнови вести