verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Саше Димовски

Рецензија: Општина Охрид: Лажната грижа е лицемерие на СДСМ, партија која ја дезинтегрираше општината

на 13. 01. 2014 | |
Медиумот не направил јасна дистинкција на тоа што го пренесува: дали станува збор за соопштение, авторски текст или компилација од реакции на претходно објавен текст, па од тој аспект објавениов текст е проблематичен по неколку основи. Во насловот се потенцира „Општина Охрид“ од што читателот би требало да заклучи дека станува збор за соопштение на Општината, но во текстот, на ниту едно место не е потенцирано дека станува збор за соопштение, реакција на Општината на некаква изјава, обвинување кон неа или реакцијата е за некаква активност или настан организирана од СДСМ, за да може да се види контекстот и целта на ова писание. Напротив, во текстот на неколку места се наведува „велат од Општина Охрид“ што му дава авторство на

Рецензија: Новинар се облекол како сиромав и чукал на врата на цркви и џамии – еве што добил

на 11. 01. 2014 | |

Текст, во кој новинарот се „изгубил во преводот“, па приказната за истражувачкиот поход на новинар од Србија, кој се облекол како сиромав и барал милостина во локалните цркви, во катедралата и џамијата, добива нова смешна димензија. Македонскиот медиум се обидел да го преведе и пренесе текстот, но направил неколку преведувачки и суштински грешки, кои го привлекоа и нашето внимание. Прво, текстот  е пренесен на македонски јазик на 6 јануари 2014 година, а зборува за барање на милостина во предвечерието на Католичкиот Бадник, па читателот стекнува впечаток дека станува збор за настан кој се случил десетина дена пред тоа. Во текстот е наведено дека тоа било направено „минатата година“, логично е да се мисли на 2013 година, нели?! Но, само мало

Рецензија: Се пролеа крв на паркингот кај „Холидеј Ин“

на 6. 01. 2014 | | sq
Непотребен обид за драматизација и правење сензација со нагласување на делови од веста за кои ниту има поткрепа преку факти, ниту обид дополнително да се провери информацијата преземена од полицискиот билтен. Во насловот и во првата реченица новинарот констатира дека се пролеала крв во центарот на Скопје, за во веста да ни презентира дека некој некого нападнал со остар предмет во главата, а полицијата работи на расчистување на случајот. Јасно е дека веста е преземена од полицискиот билтен, а новинарот само ја зачинил со детали дека се пролеала крв во центарот на Скопје, што е слободно новинарско интерпретирање без било каква поткрепа со дополнителни податоци. Доколку се пролеала крв како што е констатирано во насловот и во првата реченица, главата

Рецензија: Започна судскиот процес за убиството на Стоиле Максимов

на 4. 01. 2014 | |
Пример за телевизиски прилог кој е направен направен набрзина, без почитување на основните новинарски стандарди и без претставување на клучните податоци за настанот. Прилог направен на ваков начин ги остава  читателот и гледачотбез одговор на прашањето: која била целта на најавата за судењето, што е главна информација во материјалот, ако новинарот не се потрудил да ни обезбеди дополнителни важни информации, како што е верзијата за настанот што треба да ја каже обвинетиот, а која би била „втора“ страна во приказнава. Новинарот, дописник на медиумот од Штип, обезбедил и изјава од соговорник, судијата-портпарол на судот, која апсолутно е неупотреблива во целиот контекст. На гледачот, кој ги гледал вечерните телевизиски вести, воопшто не му е важна изјавата на судијата кој вели дека

Рецензија: Сом од 95 килограми уловен во Преспанско Езеро

на 19. 12. 2013 | |
Вест, која е на границата помеѓу вистината и лагата. Се нуди информација дека е уловен сом во Преспанското Езеро, се илустрира со фотографија преземена од интернет, технички обработена, на која не се гледа ликот на рибарот, што треба да нѐ убеди дека фотографијата е автентична, бидејќи фаќачите наводно се анонимни, бидејќи ловот на овој вид на риба е забранет. Но, мало пребарување на интернет нѐ носи до следниов текст за рибар од Италија кој уловил сом од 113,5 килограми, од каде што македонскиот медиум ја презел фотографијата и се обидел неумешно да ја илустрира сопствената вест. Дополнително, сериозен проблем е и податокот, дали медиумот ги знае рибарите, но не го објавил нивниот идентитет, останале анонимни, како што се вели во

Рецензија: „Виз ер“: За 1500 денари од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт

на 2. 12. 2013 | |
Доколку било платено рекламирање, тогаш негативните ефекти од маркетиншкиот трик ќе му се припишеа на огласувачот, а не на медиумот. Но, овде ни се нуди информативна содржина, каде што се цитирани изјави од премиер, а во насловот е потенцирано дека податокот е соопштен од авиокомпанијата која ги најавила новите летови и цените. Меѓутоа, со мала и едноставна проверка во системот на цени се доаѓа до податок дека на најавените летови ни оддалеку не може да се добие цена од 1.500 денари, нагласена во самиот наслов. Автотрот и медиумот, во ситуација кога тврдат дека цените на авиобилетите ќе бидат 1.500 денари, а во изјавата цитираниот политичар вели: „по цени почнувајќи од 1500 денари“, требало да понудат минимум дополнителни информации

Рецензија: Среќен роденден Јохан

на 26. 11. 2013 | |
Форма на новинарски производ кој би можел да се пласира во рубриката „родени на денешен ден“, доколку во него нема неколку спорни епитети кои се даваат за славеникот, во случајов Јохан Тарчуловски, кого порталот го прогласува за херој, цитирајќи притоа за што бил осуден од страна на Меѓународниот суд за просторите на поранешна Југославија со седиште во Хаг. Токму ваквото нагласување на „херојот“ ја прави „честитката“ или информацијата во најмала рака несоодветна, бидејќи величи личност која со правосилна одлука била осудена од страна на меѓународен суд за кршење на правилата на војување во Македонија. Ваквата „честитка“ и делењето на епитети може длабоко да задре во чувствата на заедницата за која Јохан сигурно не е херој. Улогата на медиумите не е

Рецензија: Маратонските стечајни постапки ќе бидат решени со специјален закон

на 25. 11. 2013 | |
Ова требало да биде информативен материјал, промоција на новиот закон кој го подготвила Владата за решавање на долгите стечани постапки, но сите „мирудии,“ кои му се дадени на текстот, надвор од изјавата на премиерот во случајов, се застарени, паушални, непроверени, за кои не е наведен извор од каде се преземени. Со ваквиот начин на информирање е направена повеќе штета отколку корист, што била целта најверојатно, да се каже дека ќе се решат 300 стечајни предмети кои биле заглавени. Се говори за велешка „Порцеланка“ на пример, која е продадена во 2006 година токму од стечаен управник. Оваа фабрика, до средината на 90-тите години вработуваше над 2.500 велешани, кои слушајќи го прилогот на телевизија можат само да прашуваат во  недоумица дали некој

Рецензија: ФОТО: Му го полил со бензин и го запалил – погледнете што остана од луксузниот Мерцедес на овој велешанец

на 20. 11. 2013 | |
Навидум „мала“ грешка во насловот, која толку лесно се воочува и не го остава рамнодушен читателот да не ја искоментира. Во неколкуте реченици се нуди информација за запалени луксузни возила во Битола, на битолчани, на улица во Битола, се нудат фотографии на кои се гледаат битолски регистарски таблички, а во насловот пишува дека возилото било на велешанец. Во текстот таков податок не се нуди, па читателот може само да погодува дали авторот брзал и направил грешка во насловот или знае други информации кои не ги навел во текстот. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Му го полил со бензин и го запалил – погледнете што остана од луксузниот Мерцедес на овој велешанец Датум и време на објавување: 17.11.2013 Датум на рецензирање:

Рецензија: Политичар што згрешил си оди, не се извинува

на 11. 11. 2013 | |
Авторите со овој текст направиле неуспешен обид на читателот да му понудат тема за моралниот лик на политичарот, кој се извинува за одредени свои грешки, бидејќи уште во насловот сугерираат дека тој што се извинува мора и да си оди, а во текстот мнозинството политичари во Македонија непотребно се прикажани во негативно светло. Само еден не е, актуелниот премиер, за кого е потенцирано дека досега не се извинил за ниту една своја постапка (што треба да значи дека е безгрешен и треба да остане на позицијата), па, оттаму, лесно се препознава обидот преку оцрнување на другите политичари, да се фаворизира еден. Во текстот се манипулира со изјави на соговорници кои се користат како поткрепа на тезите со кои и почнува

Претплатете се за најнови вести