verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Саше Димовски

Обврските и санкциите за медиумите во изборен процес

на 12. 02. 2014 | |

За неизбалансирано известување, политичко рекламирање над дозволеното време, информирање за активности на јавни функционери во функција на кампањата или учество на новинари во кампањата на партиите, медиумите можат да бидат казнети со глоба од 1.500 до 3.000 евра. За прв пат на овие избори ќе се следи работата и ќе се казнуваат и печатените медиуми. За неизбалансирано информирање Агенцијата за медиуми може да побара разрешување на директорот на МРТВ (јавниот

Рецензија: Бившиот на Весна Бејби доби ќерка

на 6. 02. 2014 | |
Текст кој имал намера да биде сензационален, со бомбастичен наслов што требало да ја „продаде“ информацијата, но вака како што е пласиран, дефинитивно е пример за лош текст, во кој новинарот покажал несериозност и непрофесионалност. Најголемиот проблем е што во текстот се изнесуваат лични и семејни прилики за кои нема,  ниту може да се оправда потребата од јавен интерес. Замислете каква информација ни нуди весникот – дека „бившиот маж на Весна Бејби добил ќерка“. За бившиот маж, благодарејќи на информациите во текстот, читателите  дознавааат дека се викал Јанко Тренковски, дека е директор на приватно пензиско друштво, а детето му е од друга жена. Да одиме по ред. Кој е јавниот интерес, во насловот да ни се пласира информација дека нечиј

Рецензија: Хаос во медиумите на СДСМ, газдите со бизниси новинарите за минималец

на 28. 01. 2014 | | sq
Читате, триете очи, пак читате и не ви се верува! Пред вас е уште еден „памфлет“ без потпишан автор, а со содржина која лее крокодилски солзи над нечија друга судбина. Текст, кој во старт ги дели медиумите како „медиуми на СДСМ“, кои се непрофесионални, од тие другите, во кои читателот автоматски добива слика дека другите се на ВМРО ДПМНЕ. И, што добиваме? Текст со наводни „извори“ како обид да се

Рецензија: Крстот се фаќаше и во детската градинка „Јасна Ристеска“

на 28. 01. 2014 | |
Текст кој навидум говори за „симпатична“ приредба во детска градинка во Охрид, каде што децата фрлале и фаќале крст за Водици, без притоа во ниту еден момент медиумот да се огради од фалбената нота која произлегува од текстот или да го критикува начинот на кој веронауката влегла на голема врата во образовна институција, нешто што не е законски дозволено. Понудиени се неколку фотографии на дечиња, облечени и во „свештеничка“ облека, а прикажан е и среќниот фаќач на крстот, три и пол годишно детенце. Независно како дошол до фотографиите, дали биле викнати да фотографираат или градинката ги направила достапни, медиумот бил должен да ги затскрие нивните ликови. Кодексот на новинарите јасно ги дефинира случаите кога се објавуваат фотографии на деца и

Рецензија: Ристе владее со Андора, Марко со Малта, а Мартин со Сан Марино

на 28. 01. 2014 | | sq
Во време кога реализацијата на проектот „Луково Поле“ излегува од рамките „само“ на изградба на хидроцентрали и станува еколошки и можен политички проблем со соседна Албанија поради промена на течението на реката Радика, новинарот и медиумот пренесуваат една разбирлива, читлива и актуелна тема, еден навидум мал, но сериозен сегмент од проблемот – за судбината на балканскиот рис. Преку пренесување на искуствата на истражувачите на балканскиот рис, се пренесува сторијата за животот и навиките на рисот, животно на кое му се заканува истребување и кое, според достапните податоци, во регионот на Маврово природно се размножува. Приказната е навистина содржајна, во неа се даваат голем број информации, кои имаат информативен и едукативен карактер, што ја прават лесно читлива и разбирлива. Единстваната забелешка

Рецензија: Нова пресуда против медиуми: „Мојот град“ треба да и плати 5 илјади евра на општина Кавадарци

на 21. 01. 2014 | | sq
Оваа информација е уште еден лош пример на новинарска пракса на која неколу пати досега укажавме преку рецензии и новинарски лекции: да се ископира вест објавена на друг портал, да се зачини со неколку реченици и наслов, со што комплетно ќе се смени смислата на информацијата и ќе се доведе во прашање нејзината вистинитост. Во конкретниов случај, медиумот препишал информација од портал од Кавадарци, кој за себе известува дека добил тужба од Општина Кавадарци, во која се бара надомест на штета од 5 илјади евра. Кавадаречкиот портал манипулира во насловот, споменувајќи ја казната од 5 илјади евра , но во текстот не споменува дека има пресуда, а видно од приемниот печат во судот, тужбата е поднесена на 31 декември, пред

Рецензија: Томе Аџиев реизбран за претседател на Лустрација, во составот само тројца нови членови

на 16. 01. 2014 | |
Првата информација што ја добива гледачот/читателот е дека Комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови го избрала новиот состав на Лустрациската комисија, претседателот и неговиот заменик. Но, прилогот на крајот завршува со констатацијата дека „Лустрациска уште утре влегува во Собранието“?! Тогаш, ако е избрана комисијата, како што се тврди во воведот на прилогот, што би барала Комисијата за лустрација во Собранието? Оваа навидум мала недоследност покажува елементарно непознавање на надлежностите на собраниската Комисија за избори и именувања. Собраниските тела, комисиите или конкретно оваа за избори и именувања само предлага, утврдува кандидати за разни функции, а Собранието на пленарна седница е тоа кое ги избира. Така и во овој случај, Комисијата од пристигнати

Законот за кривична постапка – нова брана за пристапот до информации

на 16. 01. 2014 | |

Новинарите сега се исправени пред нов серизен предизвик: како да известуваат за судски постапки без да прекршат серија одредби од Законот за кривична постапка кој е во сила од 1 декември 2013 година. Овој закон во голема мерка го го ограничува пристапот на новинарите до информации од истрагата и судењата, што не беше случај досега.

  Пишува: Саше Димовски   Најавен како реформски, со кој се напушти досегашниот модел на

Рецензија: Рекордни 950 бебиња во „Аџибадем – Систина“

на 16. 01. 2014 | |
Текст кој се одделил од информативната нота уште во поднасловот, па наместо за темата –раѓање на бебињата во болницата, се претворил во реклама за условите во родилиштето, која, ако тоа било целта, мора да признаеме дека е задоволена. Но, тоа е сторено на штета на информативните содржини и на статистиката која била неопходна за да се заокружи целосната содржајност во информацијата. Новинарот, во насловот и во текстот, оперира со бројка од 950 раѓања во 2013 година, потенцирајќи ги како „рекордни“, но од вака пласираната информација читателот не може да добие јасна слика како е измерен рекордот? Со кои бројки е спореден? Колкав е капацитетот на родилиштето и дали раѓањето на помалку од три деца дневно во посочената година е минимумот

Рецензија: Ѓорчев со трето дете, Јанакиески и Георгиев со второ, на Тушева прво

на 13. 01. 2014 | |
Редок пример на текст кој се ставил во функција да „остварува“ владина агенда, прикажувајќи ги резултатите на сите што „оствариле“ во 2013 година на полето на „бејби-бумот“ или се вклучиле во кампањата за трето дете. Намерно или не, авторот и медиумот, броејќи ги успесите на владините функционери и јавни личности, уште во самиот наслов прави лоша споредба, дискриминирајќи ја на највулгрен начин пратеничката на опозицијата, која има само едно дете, наспроти три или две колку што имале нејзините колеги –мажи од власта! Ако медиумот одел по принципот од најмногу кон најмалку деца, очекувано било да ги потенцира и пратениците и министрите кои немаат сѐ уште „остварено“ ниту едно дете, па така да ја  оправда негативната конотација од насловот, но тоа

Претплатете се за најнови вести