verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Навредлив тон и олицетворение на невкус

на 21. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Селскиот месија од Муртино: Господ ме зема од нива и ме прати по овој пат (ВИДЕО)]

  На читателите им е понудена наменски конструрирана содржина во која се исмејува лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ваквата тенденција се забележува уште во насловот, кој има навредлив тон и претставува олицетворение на невкус. Линк до оригиналниот напис: Селскиот месија од Муртино: Господ ме зема од нива и ме прати по овој пат (ВИДЕО) Датум и време на објавување:  17.04.2014, 12:41 Датум на рецензирање: 18.04.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

НАМЕСТО ИНФОРМИРАЊЕ, ИСМЕЈУВАЊЕ

Станува збор за кус материјал  од неколку зајадливи реченици испишани за да се понижи шефот на опозицијата.  За таа цел е искористен неговиот настап на една охридска телевизија (16 април 

Напис ставен во функција на политичка пресметка

на 16. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензии: Нов автогол на Заев – никој не верува во небулозните обвинувања]

  Рецензираме исклучително тенденциозен и манипулативен материјал, кој со сите сили се труди да го оцрни лидерот на СДСМ, а со насловот добива и навредлива конотација. Директен повод за текстот  е  20. по ред „бомба“, која Заев ја објави еден ден претходно (14 април 2014 година), а која, според него, покажува „дека не постои поделеност меѓу партијата и државата, дека  државата е узурпирана од ВМРО-ДПМНЕ и дека вработувањата во администацијата се прават исклучиво со партиски список…“  Линк до оригиналниот напис: Нов автогол на Заев- никој не верува во небулозните обвинувања Датум и време на објавување: 15.04.2015, 14:26 Датум на рецензирање: 16.04.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ИЗВИТОПЕРЕНА

Пристрасен, наменски скроен материјал во функција на политичка пресметка

на 11. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Аналитичари: СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација]

  Станува збор за материјал во кој намерно се изместува тежиштето на проблемот, вистината се извитоперува, а приказната се моделира според проекциите на владејачката партија. Па, во една таква искривена перцепција, опозицијата, која веќе два месеца објавува аудиоснимки, кои, пак, наводно сведочат за „криминалот и коруптивното однесување на врвот на владејачката партија, како и за непринципиелни договарања со владиниот коалициски партнер – ДУИ“,  се обвинува  дека креира сценарио за дестабилизација на државата. Линк до оригиналниот напис: Аналитичари: СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација Датум и време на објавување: 06.04.2015, 17:54 Датум на рецензирање: 08.04.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Директен повод за овој прилог е 18. „бомба“ (6 април 2015 година), во

Подметната наменска конструкција во стилот: Обвинителството ни е „топ“!

на 7. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Дерала призна: ЕК посочи дека државата и обвинителството имаат капацитет да се справат со случајот „Пуч“]

  Пред нас имаме куса информација, но исклучително манипулативна. Во неа со еден селективен пристап, извртување на тезите и со спинување на вистината, уште со насловот се ипраќа пораката дека Јавното обвинителство е независно, има интегритет и ужива доверба. За таа цел е искористен настапот на претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир

Овој материјал немал намера објективно да информира

на 5. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Итно враќање на опозицијата во Собрание и прекинување со објавување на телефонските разговори]

  Во текстот што го рецензираме е подметната една дезинформација, дека европратениците, наводно, побарале „итно враќање на опозицијата во Собрание и прекинување со објавување на телефонските разговори“, а истата поента е извелечена и во спинерскиот  наслов. На ваков начин  јавноста погрешно се информира за ставот на Брисел за првата средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ,

Селективни факти, манипулирани факти, спинувана вистина

на 27. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Со последната „бомба“ Заев го дозакопа Фиат Цаноски]

  Текстот што го рецензираме и којшто заслужува негативна рецензија, селективно ги прикажува фактите, манипулира со нив и ја спинува вистината. Па, наместо да ја информира јавноста дека лидерот на СДСМ  на 23 март 2015година  објави неколку телефонски разговори, за кои тврди дека се меѓу премиерот и министерот за транспорт и врски и во кои, наводно, „Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле грешки во градбата“. Написот, комплетно ги извртува тезите и ја пласира приказната дека Цаноски бил тој кој признал дека имало грешки при градбата! Линк до оригиналниот напис: Со последната „бомба“ Заев го дозакопа Фиат Цаноски Датум и време на објавување:

Лоша медиумска содржина со целосно изместено тежиште

на 25. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не прислушувала]

  Веќе на прв поглед, насловот „Заев  се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не пруслушувала“, навестува дека на читателите им се подметнува тенденциозен и манипулативен текст. Всушност, се работи за уште еден од оние написи кои нагласено се трудат да ја амнестираат власта од аферата „Прислушување“ и да ја убедат јавноста дека тоа го правеле странски служби, се разбира, со помош на опозицијата! Линк до оригиналниот напис: Заев  се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не пруслушувала Датум и време на објавување: 20.03.2015, 16:19 Датум на рецензирање: 24.03.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ДИРЕКТОРОТ НА УБК „ЖРТВА“ ВО „ПРИСЛУШУВАЊЕТО“!

Станува збор за материјал кој

Рецензија: Граѓаните му порачаа на Заев дека стојат зад реформите на власта

на 19. 03. 2015 | | sq
  Ова е еден од серијата агитпроповски текстови (објавени на истиот медиум) посветени на настапот на премиерот на партискиот собир во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ (15 март 2015 година). Прилогот, без  никаква критичка дистанца, го величи лидерот на владејачката партија, при што наликува како материјал од некое партиско гласило. Линк до оригиналниот напис: Граѓаните му порачаа на Заев дека стојат зад реформите на власта Датум и време на објавување: 16.03.2015 Датум на рецензирање:  17.03.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕЏВАКУВАЊЕ

Материјалот е објавен еден ден по партиската трибина и во него, всушност,  само се „преџвакани“ некои поенти од говорот на премиерот. Впрочем, за настанот во салата „Борис Трајковски“ на 15 март, медиумот веќе опширно известуваше (во повеќе прилози), па во написот

Рецензија: СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години

на 13. 03. 2015 | | sq
  Насловната конструкција: „СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години “, на прв поглед изгледа збунувачки. Прозвучува како СДСМ да е на власт! Фактички, овој текст е озаглавен со целосно промашен наслов. Написот се однесува на прес-конференцијата на министерот за финансии (2 февруари 2015 година), за која директен повод беше шестата „бомба“ на прислушувани разговори што ги објави лидерот на СДСМ. Но, пораката од насловот воопшто ја нема во содржинскиот дел од текстот, па тој буквално „виси“. Линк до оригиналниот напис: СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години Датум и време на објавување: 02.03.2014, 21:04 Датум на рецензирање: 08.03.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Текстот селективно информира за прес-конфдеренцијата на Ставрески.  Во него е

Рецензија: Германските пратеници разговараат за Македонија

на 6. 03. 2015 | |
  На гледачите им е понудена многу штура информација од седницата на Комисијата за надворешни рботи на германскиот Бундестаг (4 март 2015 година), која зад затворени врати расправаше за актулeните случувања во Македонија. А, тоа што седницата била затворена, се користи само како опрaвдување за јавноста површно да се информира дека во Бунестагот имало дебата за политичката криза во земјава. Иако од Берлин била испратена прилично експлицитна порака, која, сепак, преку други медиуми, одекна во македонската јавност: „Интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО е загрозена поради авторитарниот курс на Владата.“ Линк до оригиналниот напис: Германските пратеници разговараат за Македонија Датум и време на објавување: 04.03.2015, 18:22 Датум на рецензирање: 05.03.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

„НЕСЛУШНАТИ“ ПОРАКИ

Овој кус материјал

Претплатете се за најнови вести