verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Makедонија во изборна треска, медиумите на испит

на 19. 03. 2014 | |
 

Новинарите мора да бидат свесни дека написи скроени  во поданички манир и ставени во функција на пропагандни цели, како и тенденциозни текстови во кои се спинува вистината и се покажува дури отворен анимозитет кон една или друга партија, може значително да ја искриват сликата што им се сервира на граѓаните и во крајна линија да влијаат врз исходот од изборите.

  Пишува: Оливера Војновска   Македонија влезе во уште

Рецензија: Иванов со народот, а Пендаровски со третиот ешалон на амбасадите

на 18. 03. 2014 | |
Станува збор за уште еден од низата написи кои се нижат во медиумите , а се занимаваат со политичкиот профил на претседателскиот кандидат на опозицијата, со видлива тенденција да го оцрнат во јавноста.  Овој спинерски производ насловен: „Иванов со народот, а Пендаровски со третиот ешалон на амбасадите“,  прозвучува како  едниот кандидат (на владејачката партија) да има цврст линк со народот, а другиот (на опозицијата) тенка врска со дипломатите. Всушност, идејата е да се испрати двојна порака за Пендаровски: дека тој не е човек од народот, но, исто така, нема ниту комуникација со странците на репрезентативно ниво! Линк до оригиналниот напис: Иванов со народот, а Пендаровски со третиот ешалон на амбасадите Датум и време на објавување: 13.03.2014, 13:09 Датум на

Рецензија: Малку поинаков 8-ми март за Сара Николовска

на 18. 03. 2014 | |
Основната забелешка за овој материјал насловен : „Малку поинаков 8-ми март за Сара Николовска “, е што не заслужува да биде медиумска вест! Нејасно е врз основа на што е заклучено дека оваа информација е важна за публиката ( гледачите), па како таква има потенцијал да биде вредна медиумот да ја објави? По гледањето на „прилогот“, во кој новинарката со возбуда раскажува како една млада битолчанка за денот на полнолетството од нејзиниот вујко добила подарок автомобил, првото прашање кое само се наметнува е: „а, кому му е гајле за тоа!?“ И можеби би имало некакво разбирање за ваков тип медиумски производ, доколку се работи за повеќе или помалку експонирани личности од естрадата, културниот, јавниот и политичкиот живот во

Рецензија: Со помош до 10 илјади евра и Норвешка ќе глуми професор по новинарство во Македонија

на 14. 03. 2014 | |
Веќе во насловот интониран со видлива доза на сарказам: „Со помош до 10 илјади евра и Норвешка ќе глуми професор по новинарство во Македонија“,  се навестува каква приказна се плете во написот најавен на насловната страница на весникот.  Текстот ја проблематизира потребата  амбасадата на Кралството Норвешка во Белград  да  додели грантови за поддршка на професионалното новинарство во  Македонија, Србија и Црна Гора (30 гранта во висина од  3.000 до 10.000 евра во зависност од проектот), по повод  200 годишнината од донесувањето на норвешкиот Устав. Материјалот што е предмет на оваа рецензија  е тенденциозно скроен. Тој ја става под прашалник искреноста  на намерите на Норвешка за финансиска поддршка на новинарски стории поврзани со владеење на правото. Што претствува голем срам

Рецензија: Пендаровски во старата Скопска чаршија го пречека само „Аман“

на 12. 03. 2014 | | sq
Материјалот што го рецензираме е необјективен, пристрасен и крајно тенденциозен од насловот: „Пендаровски во старата  Скопска чаршија го пречека само „Аман“ “, па до последниот ред. Уште во самиот старт со забележлива доза на задоволство с е констатира дека, наводно, пропаднала прошетката на Пендаровски во Старата Чаршија. Една недела по изборот за кандидат на опозицијата за претседател професорот Стево Пендаровски излезе на јавен настан и веднаш со соочи со проблем. Наместо стотици граѓани како што му било најавено Пендаровски бил пречекан само од претставници на невладината организација Аман . Во овој спинерски производ, испишан во 12 реда со јасна критизерска интонација кон опозицијата и нејзиниот претседателски кандидат, видлива е идејата да креира мислење дека Пендаровски нема поддршка во јавноста. Линк

Рецензија: За влакно избегнат голем раскол во СДСМ

на 10. 03. 2014 | |
Пред нас е исклучително пристрасен напис со претензиозен наслов: „За влакно избегнат голем раскол во СДСМ“. Текстот излегува со тврдење  дека во најголемата опозициска партија, наводно, се случува загижувачки внатрепартиски конфликт и дека тензичната атмосфера кулминирала пред номинацијата на Стево Пендаровски за претседателски кандидат.  А, за да добие приказната на драматика неизбежно се споменува екслидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски кој во конкретниот случај ја спaсил ситуацијата! Кандидатурата на Стево Пендаровски како претседателски кандидат на СДСМ висела на конец два дена пред вчерашниот конгрес на партијата.  Лидерот на партијата, Зоран Заев бил доведен во класична ситуација на уцена, по што решението на сериозната криза која се навестувала, морал да го најде екс лидерот, Бранко Црвенковски. Всушност, станува збор за

Рецензија: Мехмети: Пендаровски се обидува да им се допадне на ДУИ, но тоа не е тоа

на 6. 03. 2014 | | sq
Во веста насловена „Мехмети: Пендаровски се обидува да им се допадне на ДУИ, но тоа не е тоа“,  со нагласена тенденциозност е пренесена изјавата на пратеничката од ДУИ. Притоа, се манипулира со тоа што Мехмети јавно го кажа во Прес-центарот во Собранието, па во насловот се пласира една конструкција која, фактички, е дезинформација. Тоа се прави  со јасна намера да се дискредитира кандидатот на опозицијата за претстојните претседателски избори. Линк до оригиналниот напис: Мехмети: Пендаровски се обидува да им се допадне на ДУИ, но тоа не е тоа Датум и време на објавување: 5.03.2014, 16:29 Датум на рецензирање: 6.03.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРОИЗВОЛНО ТВРДЕЊЕ – КОМЕНТАТОРСКИ СПИН

Веста е како „пресечена“ со нож. Таа се темели на еден фрагмент

Рецензија: Рилковски бега од одговорност за дилемите при двојни избори

на 5. 03. 2014 | |
Во текстот најавен на насловната страница на весникот се препознава силна тенденциозност уште со формулацијата на насловот: „Рилковски бега од одговорност за дилемите при двојни избори“ . Станува збор за еден необјкетивен и некоректен материјал во кој наменски се толкува изјавата на претседателот на ДИК. Во самиот старт медиумот излегува со тврдење: Претседателот на Д ржавната изборна комисија Никола Рилковски вчера се огради од решавање на дилемите што може да произлезат за тоа дали на 12 и на 13 април кога е молк за претседателските избори ќе може да се спроведува кампањата за предвремените парламентарни избори. и преку класичен спин ја пласира тезата: „Рилковски ја амнестира ДИK од изборите“ Иако, Рилковски како што пренесоа медиумите, вклучуавјќи ја и Македонската информативна

Рецензија: ФОТО: Граѓаните масовно излегуваат да го дадат својот потпис за Иванов

на 3. 03. 2014 | |
Веста со наслов: „ФОТО: Граѓаните масовно излегуваат да го дадат својот потпис за Иванов“,  перфидно манипулира со вистината. Всушност овој материјал  е само еден од низата написи  во кои медиумот  со возбуда  известуваше  за „спонтаноста“, со која македонските граѓани во саботата (1 март) „итаа“ да се потпишат за кандидатурата на Ѓорѓе Иванов за уште еден претседателски мандат. Откако на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ огромен број делегати одлучија да застанат зад Иванов и тој да биде претседателски кандидат на владејачката партија, масовна поддршка актуелниот претседател добива и од граѓаните. Меѓутоа, од веста што ја рецензираме  не може да се разбере кои граѓани – членови на владејачката партија или непартиски лица –  во саботата попладнето добиле ваков ненадеен „спонтан“  порив да ја

Рецензија: СДСМ повторно со сценарио за протести во Македонија

на 28. 02. 2014 | |
Текстот што е пред нас нема авторски потпис, нема кредибилни извори, нема факти и воопшто нема амбиции да ја прикаже вистината. Но, затоа натежнува од обвинувања и конструкци со видлива намера да се оцрни опозицијата и да се дискредитира „Маршот за достоинство“, најавен за в сабота (1 март) во пет минути до 12 часот. Овој новинарски производ  просто зрачи од тендециозност и тоа е видливо  од самиот наслов: „ СДСМ повторно со сценарио за протести во Македонија“, преку содржината, вклучително и изборот на фотографиите, кои ја заокружуваат манипулативната порака што им се испраќа на читателите.  Уште во првата реченица од текстот без никакви аргументи и со невидена леснотија се искажува опасно обвинување дека опозицијата, наводно, подготвува сценарио за дестабилизација на

Претплатете се за најнови вести