verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Портокалова шминка врз извештајот на ММФ

на 15. 04. 2014 | |

[Рецензија: ММФ со повисоки прогнози за македонската економија]

Основниот проблем со оваа куса вест: „ ММФ со повисоки прогнози за македонската економија, е што има селективен пристап во прикажувањето на податоците. Фактички, таа прикрива  информации и во јавноста креира една нереална  слика за „зајакнување“ на македонската економија. Начинот на кој е обработен и пласиран овој материјал, вклучително и насловот, укажува на намерата да се пофали актуелната Влада. А, сето тоа ставено во контекст на актуелниот политички момент добива призвук на маркетиншка содржина во изборни цели. Линк до оригиналниот напис: ММФ со повисоки прогнози за македонската економија Датум и време на објавување: 09.04.2014 Датум на рецензирање:  10.04.2014 Рецензент:  Оливера Војновска  

СПИН

Написот се потпира на извештај на Меѓународниот монетарен фонд.

Рецензија: Анализа за реториката во досегашниот тек на претседателската кампања

на 8. 04. 2014 | |
Прилогот што го рецензираме има амбиција да се нарекува анализа, дури има и таков наслов: „ Анализа за реториката во досегашниот тек на претседателсската кампања“ . Па, во самиот старт ја  доведува во заблуда публиката, која во една новинарска анализа за изборите очекува да види објективен пресек на настапите, вокбуларот и пораките, кои од митинзите ги испраќаат учесниците во претсдателската изборна трка. Но, напсроти претензиите, овој материјал ни случајно не може да се оквалификува како анализа. Тој просто зрачи од тенденциозност и пристрасност. Линк до оригиналниот напис: Анализа за реториката во досегашниот тек на претседателската кампања Датум и време на објавување: 4.04.2014, 17:55 Датум на рецензирање: 5.04. 2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ВИРТУЕЛНИ ЕКСПЕРТИ

Оваа медиумска содржина, која се затскирва зад

Рецензија: МТСП – продолжува со грижата за децата со аутизам

на 7. 04. 2014 | |
Написот насловен: „ МТСП – продолжува со грижата за децата со аутизам“,  прозвучува како Министерството за труд и социјална политика, односно државата,  да обрнува  многу големо внимание на оваа ранлива категорија граѓани. Во таков дух е напишан целиот текст. Всушност, злоупотребен е еден протоколарен настан, 2 Април  – Меѓународниот ден на аутизмот, за величење на владините политики во социјалната сфера.  Притоа, се прикриваат битни инфромации, со што материјалот што го рецензираме е „осакатен“ и не ја пренесува главната поента: Неправеден е третманот на државата кон децата со аутизам. Без разлика на видот и состојбата на болеста, сите добиваат низок паричен надоместок во ист износ, реагираат дел од родителите и бараат посериозен пристап кон проблемот. како што можеше да се види

Рецензија: Скандали го тресат СДСМ

на 1. 04. 2014 | |
Пред нас е крајно шпекулативен прилог кој не посочува прецизни извори, нема факти и аргументација, туку врз основа на непотврдени информации ја турка тезата дека најголемата опозициска партија се соочува со драматичен конфликт. Уште од самата формулација на насловот „Скандали го тресат СДСМ“ , се препознава интенцијата да се прикаже опозицијата во негативно светло. Овој целосно необјективен материјал прејудицира дека социјалдемократите ќе бидат губитници на двојните избори. Притоа, дури се добива и впечаток како авторот на прилогот со нетрпение да очекува тоа навистина и да се случи! Такво отворено покажување нетрпеливост кон една и наклонетост кон друга политичка опција е целосно несвојствено за етичкото новинарство, кое подразбира да се изгради професионална дистанца при информирањето за полтичките настани. Линк до оригиналниот

Рецензија: Експерти: Пендаровски е клучниот верификатор на погубната политика на СДСМ и Црвенковски

на 31. 03. 2014 | |
Ова е уште еден од серијалот текстови што нагласено се труди да му наштети на кандидатот на опозицијата за претседател на државата. Па, со цел колку што може повеќе да се оцрни неговата личност, се копа се подлабоко и подлабоко  и „доказот“ задолжително мора да се пронајде  во некаква комбинација со експретседателот на државата и поранешен лидер на СДСМ. Овој пат спектакуларното откритие е дека „гревот“ на претседателскиот кандидат на СДСМ е територијална поделба од 2004 година: „И тогаш Пендаровски беше клучниот верификатор на погубната поделба на земјата по етничка линија и албанизацијата на Кичево, Струга и Скопје“ Но, обландирано како оценка на двајца „експерти“. И тоа едниот пратеник од владејачката партија, а другиот  познат во јавноста по тоа што

Рецензија: Четврто самоубиство од „докторската зграда“ во Битола

на 28. 03. 2014 | |
Станува збор за куса вест која известува за самоубиство во Битола, но на сосема погрешен начин. Всушност, дискутабилно е дали воопшто требало да се информира јавноста за овој трагичен настан, со оглед дека не е во прашање јавна личност. Во анализата објавена на страниците на Сервисот за проверка на факти од медиумите: (Не)етичко известување: Дали медиумите влијаат на бројот на самоубиствата?, м-р Жарко Трајаноски укажува дека медиумите не треба да ги покриваат сите случаи на самоубиство, туку само некои. И во Прирачникот за етиката во новинарството се напоменува  дека новинарите не треба да даваат гласност на сите случаи на самоубиство: „Во светот е усвоена практика за самоубиствата генерално, а особено за анонимните луѓе, воопшто да не се пишува“ Така што,

Рецензија: Влада на РМ – СДСМ лаже, на СМР Аутомотивс Македонија не е даден ниту денар

на 27. 03. 2014 | |
Прилогот што е пред нас е тенденциозен и целосно е ставен во одбрана на Владата за случајот што го отвори опозицијата еден ден претходно,  на 20.03.2014 година, а е  поврзан со фирмата „СМР Аутомотивс систем“. Изборот на насловот: „Влада на РМ – СДСМ лаже, на СМР Аутомотивс Македонија не е даден ниту денар“ и самата конструкција на прилогот,  јасно покажуваат  дека се немало намера јавноста објективно да се информира за тоа дали навистина, како што тврди СДСМ,  споменатата компанија пред две и пол години добила државна помош од 2,8 милиони евра за фабрики кои досега не се направени. Дополнително,  во прилогот се манипулира со видео клип од пет секунди од интервјуто на портпаролот на СДСМ, дадено  за еден видео

Рецензија: Паскали: Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии

на 27. 03. 2014 | |
Текстот: „Паскали: Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии“,  е целосно преземен од државната информативна агенција и во него е пренесен дел од интервјуто на еден „американски аналитичар“ , како што е претставен во написот . Што е сосема легитимно право на еден медиум , доколку процени дека одредена информација е важна за јавноста. Но, што е тогаш спорно?  Материјалот што го рецензираме предизвикува  повеќе прашалници. Личноста, чие интервју се пренесува, е претставена само како „американски аналитичар“.  Сепак, неговото име во македонската јавност е речиси непознато. Читателите не знаат за каков експерт станува збор, која е неговата специјалност, што е најчесто предмет на негова опсервација и анализа, и, конечно, каква тежина има неговиот став. Од текстот не

Рецензија: Шилегов фрли сенка на се досега што зборуваше во јавноста

на 24. 03. 2014 | |
Зачудувачки е колку многу затаиле професионалните и етичките стандарди во оваа медиумска содржина насловена: Шилегов фрли сенка на се што досега зборуваше во јавноста“. Станува збор за еден наменски скроен недефиниран материјал од наслов, поднаслов, две реченици и  пет секунди тонско парче,  позајмено од 24 минутно интервју прикажано на друг медиум. Токму овој фрагмент, кој е целосно изваден од контекстот на интервјуто,  е „крунскиот доказ“ врз основа на кој се прави конструкцијата „портпаролот на СДСМ сепак признава дека нема криминал во ниту еден од случаите за кои тој говореше јавно“! Линк до оригиналниот напис: Шилегов фрли сенка на се досега што зборуваше во јавноста Датум и време на објавување: 18.03.2014 Датум на рецензирање: 20.03.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

Рецензија: Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува!

на 20. 03. 2014 | |
Главниот проблем со написот: „Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува“, е што информацијата не е проверена и не е побаран став од засегнатата страна. Во текстот се користи анонимен извор на кој му е заштитен индентитетот, што не е непознаница во новинарството. Но,  фали барем уште еден извор (макар  и тој да биде анонимен), како потврда на наводите: „ВМРО–ДПМНЕ ништо не остава на случајност, како за претходните така и за овие подготвиле сценарио како треба да тече изборниот ден, кој кого носи на гласање и кој и точно во кое време реферира што се случува со гласачите кои ги врбувал.“ Линк до оригиналниот напис: Членови на ВМРО-ДПМНЕ: Еве како ВМРО-ДПМНЕ победува! Датум и време на објавување: 13.03.2014, 12:16

Претплатете се за најнови вести