verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Паника во струшкиот огранок на СДСМ

на 3. 04. 2014 | | sq
Да се пронајде жанрот на ова писание е навистина тешко, но со сигурност може да се каже дека не се работи за информативен жанр, поради тоа што не се одговара на петте новинарски прашања. Линк до оригиналниот напис: Паника во струшкиот огранок на СДСМ Датум и време на објавување: 30.03.2014, 18:30 Датум на рецензирање: 31.03.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитоста на фактите е неможно да се утврди бидејќи фактите ги нема. Тонот на пристрасност шto го следи овој медиумски производ, остава впечаток дека неговата основна функција не е да информира туку да шпекулира: Откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави листите за пратеници во 5 изборна единица и каде што јасно стои дека Струга добива три пратеници во добитна комбинација, паника во СДСМ Струга,

Рецензија: Пендаровски го променил личното име, каква ли ќе биде неговата одлука за уставното име?

на 31. 03. 2014 | |
За жал, пред нас имаме текст што остава впечаток на гола пропаганда и покажува дека од две неспоиви премиси дефинитивно ќе се дојде до нелогичен заклучок. Кога се мешаат баби и жаби и сето тоа за политички поени што треба да ги ќари некоја од партиите, неизбежниот резултат е пристрасноста. Во членот 14 од Кодексот на новинари пишува: Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. Неуверливиот пристап во мешањето на државното со личното име на еден од кандидатите за претседател, ние го толкуваме како пристрасност и обид за манипулација. Линк до оригиналниот напис: Пендаровски го променил личното име, каква ли ќе биде неговата одлука за

Рецензија: Радникот во пензија одгледува овци?!

на 26. 03. 2014 | |
Новинарството постои поради јавниот интерес, односно за да биде „куче-чувар“ на процесите кои ги засегаат граѓаните, а се во рацете на властите. Во случајов имаме текст кој обработува тема што не е од јавен интерес, но е интересна за читателите. Последователно, треба да се потенцира дека она што е интересно за граѓаните, не секогаш е од јавен интерес, а токму јавниот интерес е она што е во примарниот фокус на новинарите. Така, од аспект на јавниот интерес, не е воопшто важно дали екс-функционер купил стадо овци или плазма телевизор, освен ако тоа не е поврзано со неговата поранешна функција, што во текстот на ниеден начин не е покажано или докажано. Но, тоа не е единствениот проблем… Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: СДСМ подготвува сценарио за бојкот на изборите?

на 25. 03. 2014 | | sq
Едноставно, кога во новинарскиот текст нема извори и најголемата вистина и невистина изгледаат исто – тоа е неуверливо. Причината поради која е објавен овој текст, не може да се утврди со сигурност, но она што е факт е дека периодот на објавување коинцидира со предизборието. Покрај непостоењето на извори и изјави, во текстот е забележливо и постојаното коментирање, што може да придонесе читателот да почувствува политичка пристрасност но и несеопфатно и тенденциозно известување, во смисла на тоа што непрашувањето на засегнатата страна може да значи и нејзино маргинализирање во период на избори. Иако во членот 13 од Кодексот на новинарите пишува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и коментарот, сепак, тоа не е испочитувано. Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: Угледниот „Форбс“ ја отслика Македонија како бисер на Балканот

на 24. 03. 2014 | |
Не е првпат да се создава новинарски прилог врз основа на пи-ар, односно спонзориран текст, без тоа јасно да се напише во прилогот. Новинарскиот кодекс јасно разграничува дека треба да се прави разлика меѓу рекламирањето и новинарската сторија. Во членот 6 од Кодексот пишува: Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата. Форбс тоа го испочитувал, со самото тоа што на нивната објава во горниот лев агол пишува „Promotion//Economic Development“, но во прилогот што го рецензираме нема ниту збор дека станува збор за спонзориран материјал, односно дека некој платил, информациите што се претставени во текстот, да бидат објавени. Читателите и гледачите се оставени покуси за информацијата дека не е Форбс оној што ја фали Македонија,

Рецензија: Богами, Рада не штеди на себе-скапа риба во евтина политика!

на 20. 03. 2014 | |
„Пожолтениот“ и навидум неполитички пристап во овој текст, каде се коментира стајлингот на доскорешната пратеничка, може да се прочита на различни начини што оставаат впечаток дека е пристрасен и напишан без веродостојност, а со цел читателот суптилно да се наведе на заклучок за тоа колку „тежи“ Шекеринска. Линк до оригиналниот напис: Богами, Рада не штеди на себе – скапа риба во евтина политика! Датум и време на објавување: 13.03.2014 Датум на рецензирање: 18.03.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Ако се навлезе во анализирање на вистинитоста на тврдењата дека Шекеринска се облекува во скапа гардероба и тоа претставува јавен интерес, тогаш фотографиите кои се нудат во медиумскиот производ дефинитивно не може да го потврдат тоа. Едноставно, читателот не може да биде сигурен дека

Рецензија: И СОРОС „удри“ по Шеќеринска

на 18. 03. 2014 | | sq
Проверката на вистинитоста на фактите е една од темелните новинарски должности. Таа обврска е потенцирана и во Кодексот на новинари каде се вели дека новинарот ќе објавува проверени факти. Во членот 1 од Кодексот пишува: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. Во текстот што го рецензираме, не само што се објавени неточни факти, туку и не е направен

Рецензија: Постојано се одложува решението на проблемот со кривопаланечката депонија

на 13. 03. 2014 | |
Темите кои се однесуваат на животната средина ретко се наоѓаат на дневната медиумска агенда, особено ако за тоа нема повод. Овој телевизиски прилог е исклучок од трендот и изборот на темата и самото тоа што новинарот ја опредметил својата улога на „агенда сетер“, поставувајќи го овој долгогодишен проблем во листата на теми, е за пофалба. Покрај тоа, откако ќе се погледне прилогот, се добива севкупна, концизна и јасна претстава за лоцирање на одговорноста, се поставуваат високо и се почитуваат професионалните стандарди за консултирање на инволвираните страни и се посочува точно „каде лежи зајакот“ и како проблемот влијае на имиџот на Република Македонија. Линк до оригиналниот напис: Постојано се одложува решението на проблемот со кривопаланечката депонија Датум и време на објавување:

Рецензија: ВИДЕО: Заев го нарече Стево државник, како и слоганот од 2004 за Бранко Црвенковски за државник

на 10. 03. 2014 | |
Пред фактите и боговите молчат, но кога би го прочитале овој текст, би станале зборлести. Членот 13 од Кодексот на новинарите, всушност, прецизно ја лоцира потребата новинарите да се држат на професионална дистанца од сопствените мислења тогаш кога создаваат вести. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Се разбира, новинарите имаат право да коментираат и да имаат ставови, но тоа е пожелно да го прават издвоено во посебни журналистички жанрови, како коментари и колумни. Информативните жанрови, односно во конкретниот случај вестите, е потребно да бидат необременети со мислења, туку полни со факти. Во текстот што го рецензираме се забележува нешто сосема спротивно на ова. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Заев го нарече Стево државник,

Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Ѓорге Иванов се повлекува од кандидатурата за претседател?

на 3. 03. 2014 | |
Новинарството не е танте за кукурику, односно игра на одмазди. Пред нас имаме текст кој е јасен одговор на претходните објави за тоа дека кандидат на СДСМ за претседател ќе биде Стево Пендаровски, во кои во дел од провладините медиуми се изнесуваа низа шпекулации и непоткрепени тврдења. Во поглед на изборот на атрибуцијата, во текстот што го рецензираме, одбрана е вечно сомнителната формулација „партиски извори во врвот на владејачката партија“. Како да пренесува озборување, авторот без извори создава приказна со која навестува повлекување на Иванов од трката за претседател. Тоа го прави низ низа елементарно нелогични тврдења и констатации, како, на пример, дека „Првично Иванов добил цврсти гаранции лично од премиерот Груевски дека Пендаровски нема да ја прифати кандидатурата

Претплатете се за најнови вести