verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Оваа жена треба да ја уапсат! И се заканува казна од 3 години затвор

на 28. 04. 2014 | |
Професионално е и за пофалба да се известува за изборните нерегуларности. Улогата на новинарот на „куче-чувар“ на политичките процеси и коректор онаму каде што затајува правниот систем е од суштинско значење за демократијата. Меѓутоа, за ова има граници. Новинарот може да посочи што видел, да биде сведок и да помага органите на власта да го спроведуваат правото. Ама, не може да им кажува што „треба“, зашто новинарите не се судии. Во оваа рецензија не ја спориме вистинитоста на она што сведокот новинар го видел, туку стилот на пишувањето, зборовите кои се користат како и сугерирањето. Линк до оригиналниот напис: Оваа жена треба да ја уапсат! И се заканува казна од 3 години затвор Датум и време на објавување: 27.04.2014, 12:44

Рецензија: Како Заев би ја претставувал Македонија?

на 25. 04. 2014 | |
Пред нас е силно пристрасен и коментаторски текст, кој паушално дискредитира врз основа на снимена фотографија и не може да се пофали со веродостојни факти ниту со обид тие да се проверат. Објавувањето на текстот во предизборниот период остава сомнеж дека неговата намена е да го разубеди гласачкото тело дека не треба да гласа за опозицијата, но начинот на кој се прави ова е полн со предрасуди и со „што би било кога би било“. Линк до оригиналниот напис: Како Заев би ја претставувал Македонија? Датум и време на објавување: 25.04.2014, 14:53 Датум на рецензирање: 25.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Ад хоминем пристапот, односно пристапот кој не се фокусира на политиките, туку на личноста сама по себе е лајт мотив во

Рецензија: Како ВМРО-ДПМНЕ води ред за тоа кој гласал?

на 23. 04. 2014 | |
Не е едноставно да се конципираат вестите врз основа на добиени фотографии, а притоа да се остави впечаток на веродостојност. Тоа најмногу зависи од тоа што содржи фотографијата. Во конкретниот случај, рецензираме фото-вест со фотографија за која не се знае дали е веродостојна. Ситуацијата би била поинаква доколку фотографијата е снимена од самиот медиум и доколку се приложува кон текстот што претставува сведоштво, што не е случај. Линк до оригиналниот напис:  Како ВМРО-ДПМНЕ води ред за тоа кој гласал? Датум и време на објавување:  20.04.2014, 20:04 Датум на рецензирање: 21.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  

РИЗИК Е ДА СЕ ОБЈАВУВА ОНА ШТО Е ТЕШКО ДА СЕ ПРОВЕРИ

Како извор на информацијата се зема фотографија, но тешко е од неа да се

Рецензија: Шекеринска ја одбегна одговорноста за поразот

на 21. 04. 2014 | |
Пред нас имаме текст во кој невешто е скриен фактот дека Шекеринска, на денот кога се случува настанот за кој се говори, е нападната додека е во улога на набљудувач на избирачко место во Шуто Оризари. Линк до оригиналниот напис:  Шекеринска ја одбегна одговорноста за поразот Датум и време на објавување: 14.04.2014, 11:54 Датум на рецензирање: 15.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс За волја на вистината, кампањите за претседателските и за парламентарните избори кандидатот Стево Пендаровски и СДСМ ги водеа одвоено, па оттука нејасна е прозивката кон Шекеринска и мешањето на партијата. На синоќешната прес конференција во седиштето на СДСМ на Бихаќка се појавија лидерот на партијата Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, додека Радмила Шекеринска  ја немаше да поднесе одговорност

Рецензија: Ѓорге Иванов победник на сите избирачки места

на 21. 04. 2014 | |
Изборниот молк во Македонија е востановен како потребен и во законите и во медиумската култура. Од тоа произлегува и степенот на неговата важност и може да се извлече заклучок за неговата поврзаност со изборниот резултат. Демократските капацитети на општеството се манифестираат, меѓу другото, и со почитувањето на законите. Од принципиелноста на медиумите, во кои суштински (иако не и формално-правно) спаѓаат и интернет порталите, може да се извлечат и заклучоци за демократските процеси. Линк до оригиналниот напис: Ѓорге Иванов победник на сите избирачки места Датум и време на објавување: 13.04.2014, 07:55 Датум на рецензирање: 13.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  

ИЗБОРНИОТ МОЛК Е СТАНДАРД, А НЕ ИЗБОР

Изборниот законик во членот 76-б утврдува дека за време на изборниот молк престануваат сите облици

Рецензија: Дали Пендаровски бара да се свитка кичмата за името како неговиот партиски лидер Заев?

на 16. 04. 2014 | |
На самиот старт на овој исклучително пристрасен текст се тврди дека Пендаровски се залага за „личен консензус“ што е неточно пренесување на фактите. Од видео материјалот кој е составен дел од овој медиумски производ може да се слушне дека Пендаровски се залага за државен консензус. Покрај тоа, формулацијата „личен консензус“ е нелогична и не значи ништо. Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски не го открива својот став за прашањето за името, туку истакнува дека единствено се залагал за личен консензус и државен статус. Линк до оригиналниот напис: Дали Пендаровски бара да се свитка кичмата за името како неговиот партиски лидер Заев? Датум и време на објавување: 09.04.2014, 18:03 Датум на рецензирање: 12:04 Рецензент: Мирослава Бурнс Во врска со насловот

Рецензија: Пендаровски проговори за резилот на дебатата на МТВ: Не ми беше ќеф

на 14. 04. 2014 | |
Кодексот на новинарите во членот 14 утврдува дека кога се известува од изборите, тоа треба да се прави непристрасно. Ова не важи само на денот на изборите, туку во целиот предизборен период и се однесува на  сите настани кои директно или индиректно би можеле да повлијаат на изборниот резултат. Медиумите имаат уредувачка политика што ги дефинира нивните стојалишта кон општествените процеси, но за сметка на тие стојалишта читателот не смее да остане неинформиран или половично информиран за активностите на сите учесници во кампањата. Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. Во текстот што го рецензираме не е испочитуван овој постулат и изјавата не е пренесена

Рецензија: Скопје: За време на свадба младоженецот ја фатил невестата со кумот!

на 9. 04. 2014 | |
До моментот кога почнуваме да го рецензираме овој медиумски производ, вкупно 15.500 луѓе го прочитале овој сензационалистички, неверодостоен и дефинитивно не од јавен интерес – текст. Ако порано важеше дека хартијата трпи сѐ, сега интернет просторот остава слобода за буквално сѐ. Разликата меѓу медиумите на интернет и самиот интернет е во стандардите и во она што е вест-вредно. Дали е вест-вредно и од јавен интерес оваа информација, дури и да е вистинита? Се разбира дека не. Оваа информација не вклучува јавни личности, не објавува ненаменско трошење на јавни пари, злоупотреба на функција. Сепак, многумина би сакале да ја прочитаат и да ѕирнат во приватноста и во семејните драми на обичните луѓе. Работата на медиумот е да го направи балансот и

Рецензија: ФОТО: Црвенковски идол и на други опозиционери

на 8. 04. 2014 | |
Личниот опис на спинот, онаков каков што е претставен во учебниците, овде е доведен до пар екселанс. Искористен најлесниот начин по шаблон да се спинува. Имаме фотографија за која не се знае од кога датира и по кој повод е снимена, која се презема и се претставува како „доказ“ за приврзаност кон одреден политичар. Се разбира дека единствената логична причина зошто тоа се прави сега, е за одреден центар на политичка моќ да добие поени во предизборието. Новинарските стандарди во овој текст се умрени и закопани. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Црвенковски идол и на други опозиционери Датум и време на објавување: 02.04.2014, 16:55 Датум на рецензирање: 05.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитоста не може да се утврдува таму кај што

Рецензија: И членството не прифаќа одговорност за поразот на СДСМ

на 7. 04. 2014 | |
Како подзаборавени се избалансираноста и непристрасноста во известувањето за чинителите во изборниот процес. Овие стандарди не се посочени туку-така. Напротив, тие се од суштинско значење кога граѓаните треба да го донесат судот при одлучувањето зад параванот. Во случајов, пристрасноста се забележува уште во самиот наслов каде се инсинуира пораз на една политичка партија и покрај тоа што изборите уште не се одржани. Тоа е во директ ен судир со членот 14 од Кодексот на новинари каде пишува: Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. На ова се надоврзува и жанровската недефинираност на напишаното, со оглед на тоа што не содржи нови информации за да биде

Претплатете се за најнови вести