verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ – Што се случи во Горно Лакочереј!?

на 25. 06. 2014 | | sq
Како и во секој останат случај на сензационализам во новинарството и овде е тешко да се утврдат мотивите зошто толку многу се апострофира случај што во полициските билтени месечно добива барем по неколку „фотокопии“. Навистина станува збор за кражба, но ништо во неа не е невообичаено, ниту егзибиционистичко до степен да се наведува читателот дека ќе се шокира или, пак, дека ќе прочита нешто досега невидено. Линк до оригиналниот напис: ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ – Што се случи во Горно Лакочереј!? Датум и време на објавување: 20.06.2014, 14:39 Датум на рецензирање: 22.06.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Текстуалниот дел е целосно преземен од полициски билтен и тој, оттука, претставува еднострана информација. Меѓутоа, станува збор за официјален извор и основаните причини за сомневање во

Рецензија: Се случи ТЕШКА СООБРАЌАЈКА – 14 годишно девојче загина, две момчиња повредени!

на 9. 06. 2014 | |
Вестите од рубриката „црна хроника“ сѐ почесто се објавуваат во нечесен дух и со манипулирање и притоа се води сметка само за кликовите, а не и за квалитетот и за професионалноста. Тоа предизвикува револт кај медиумски писмените читатели, кои знаат дека прикривањето на одредена информација која битно го менува критериумот „блискост“ во една вест, е со намера за наведување на погрешно толкување на информацијата. Особено во вестите за жртви и за катастрофи (но и воопшто во сите вести) непишано правило е во насловот да се прецизира местото на случување на настанот. Ако не се прецизира местото, тогаш се добива впечаток дека се работи за случка што се случила во Република Македонија. Линк до оригиналниот напис: Се случи ТЕШКА СООБРАЌАЈКА –

Рецензија: Дали ги знаете правата? Ако 3 пати ви се расипе телевизорот под гаранција мора да ви дадат нов

на 3. 06. 2014 | |
Кога новинари од 10 различни редакции ќе отидат на иста прес-конференција, ќе слушнат информации што се горе-долу исти. Во таква ситуација, она што ќе ги разликува објавените медиумски производи е информацијата што ќе се одбере за насловот, односно за почетокот на текстот (лидот). Пред нас се наоѓа текст во кој лидот е умешен и одбрана е вистинската информација која ќе ги едуцира читателите и ќе ги запознае со нивните права. Линк до оригиналниот напис: Дали ги знаете правата? Ако 3 пати ви се расипе телевизорот под гаранција мора да ви дадат нов Датум и време на објавување: 30.05.2014;11:50 Датум на рецензирање: 31.05.2014 Рецензент:Мирослава Бурнс Аголот на приказната е она што прави овој навидум обичен извештај да содржи едукативен елемент. Читателот

Рецензија: Додека полицајците спречува немири, новинарки легитимираа полицајци

на 1. 06. 2014 | |
Пред нас се наоѓа сериозна манипулација. Особено е нечесно, при известувањето од било кој настан, да се селектираат само одреден дел од информациите, а останатите, инаку важни и суштински, значајни за приказната, намерно или не, да се прикриваат. Со тоа се менува аголот, а на читателот му се пренесува нецелосна и извртена порака. Линк до оригиналниот напис: Додека полицајците спречува немири новинарки легитимираа полицајци Датум и време на објавување: 24.05.2014, 11:38 Датум на рецензирање: 27.05.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  

ЦЕЛО Е КОГА ИМА СÈ

Ако се немало намера суштински да се изврти и да се спинува информацијата на која се реферира, остануваат неодговорени дилемите зошто се прикриваат податоци и зошто не се претставени двете страни во приказната? Вообичаено, изјавите од

Рецензија: Студентка си го одзема животот пред Филозофскиот факултет

на 24. 05. 2014 | | sq
Новинарството е одговорност и ниту еден читател не е должен да биде жртва на манипулативните техники за негово привлекување. Во овој случај скандалозно се манипулира со аспектот на „блискост“ како критериум за објавување на една приказна. Имено, за една вест да биде вредна за објавување, потребно е да се исполнети некои од критериумите за „вест-вредност“. Оттука се црпи правилото дека колку еден настан се случил поблиску до местото во кое живее читателот, толку повеќе таа вест за него ќе биде поважна, попривлечна за читање и покорисна. Линк до оригиналниот напис: Студентка си го одзема животот пред филозофскиот факултет Датум и време на објавување: 12.05.2014 Датум на рецензирање: 18.05.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ МНОГУ ВАЖНИ

И од фотографијата со

Рецензија: Се вмеша ли и политиката во протестите во Ѓорче?

на 24. 05. 2014 | |
Ако пред фактите и боговите молчат, тогаш сигурно по читањето на овој текст би имале дебатна сесија и не би можеле уста да затворат. Неприкосновената обврска известувањето да се темели на факти, а не на непоткрепени мислења и сугестивни тврдења, кои немаат ниту еден релевантен доказ, се занемарува во корен. Линк до оригиналниот напис: Се вмеша ли и политиката во протестите во Ѓорче? Датум и време на објавување: 20.05.2014, 21:37 Датум на рецензирање: 22.05.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Прво што запаѓа во очи е тоа што во овој текст не може да се пронајде извор. Воопшто не  е оправдана одлуката да се повикува на други медиуми, во случаи кога тие не нудат ниту извори, ниту докази за своите тврдења. Оттука, имаме

Рецензија: Исчезна Радмила Шекеринска

на 19. 05. 2014 | | sq
Пред нас се наоѓа четиво обременето од проблемот што за неговото објавување нема повод. Токму тоа што во него нема новост, ниту одговор на петте новинарски прашања, прави да не може да го сместите во новинарскиот жанр „вест“. А ако нема вест, ниту аналитичко новинарство, тогаш се поставува прашањето зошто овој текст заслужил да го добие медиумскиот простор што му е определен? Кога ќе се навлезе во анализа на дискурсот, одговорот се наѕира меѓу следните две точки: пристрасност и безидејност. Линк до оригиналниот напис: Исчезна Радмила Шекеринска Датум и време на објавување: 07.05.2014 Датум на рецензирање: 10.05.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Во заемна релација се доведуваат изборните резултати со интензитетот на јавни настапи на функционер и притоа тие две работи се

Новинарот е куче чувар, а не куче што лае без потреба

на 8. 05. 2014 | | sq
 

Ниското ниво на навредите и на дисквалификувањето нема да најдат решение во „солениот“ Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда, бидејќи извираат од длабока неодговорност и од немање сенс за основни меѓучовечки и професионални релации и од свесна и намерна  хајка без правила. 

  Пишува: Мирослава Бурнс   Како никогаш порано, за изборите пламна во полн капацитет огнот на омразата и личните дисквалификации од непотпишани автори во медиуми

Рецензија: Ова е најубавата вест за денеска

на 29. 04. 2014 | | sq
На една вообичаена, сосема регуларна сервисна информација која се однесува на временската прогноза ѝ се дава сосема невообичаен, претерувачки наслов кој не само што покажува став на авторот кон темата и е субјективен, туку и не соодветствува воопшто со содржината на текстот. Со други зборови, доколку едно нешто за некого е најубавата вест во денот, за друг тоа не е, а читателот самиот треба да донесе суд. Со датумот на објавување на текстот коинцидира и верскиот празник Велигден, па се наметнува и прашањето дали читателот од христијанска вероисповед нема да помисли дека станува збор за објава поврзана со Христовото Воскресение. Линк до оригиналниот напис:  Ова е најубавата вест за денеска Датум и време на објавување: 20.04.2014, 9:12 Датум на рецензирање:

Рецензија: Бездомни кучиња спасиле паднат човек на паркинг

на 29. 04. 2014 | | sq
Основната причина поради која се решивме да го рецензираме овој текст е аголот на приказната и нејзината необичност, а во исто време едноставност. Човечката димензија во новинарските текстови, особено кога се третираат теми од општествениот живот кои ретко се пишуваат надвор од шаблонот, веднаш паѓа во очи и им дава на сториите веродостојност. Човечката димензија ја прави оваа сторија интересна за читање и го моделира јавното мислење суптилно и аргументирано. Таа на „герилски“ начин влијае врз јавното мислење, при што се претставува агол и страна на приказната која ретко е застапена. Во секој случај, за пофалба. Линк до оригиналниот напис: Бездомни кучиња спасиле паднат човек на паркинг Датум и време на објавување: 14.04.2014 Датум на рецензирање: 18.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс

Претплатете се за најнови вести