verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Екстрадиција: Испорачан партнерот на мадам Пепи

на 24. 10. 2014 | | sq
Станува збор за вообичаена информација за екстрадиција на осудено лице, но невнимателно се открива целосното име и презиме на осудениот, кој, во исто време, е и осомничен. Авторот се двоумел дали да го пренесе идентитетот на осудениот или, пак, да го сочува. Имено, на почетокот на веста, се известува дека е екстрадиран Војислав Б., кој во вториот параграф е откриен со целосното име и презиме, Војислав Будисављевиќ. Линк до оригиналниот напис: Екстрадиција: Испорачан партнерот на мадам Пепи Датум и време на објавување: 02.10.2014 11:06 Датум на рецензирање: 18.10.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Како што е наведено во текстот што го рецензираме, лицето во моментот е осомничено за шверц на кокаин, а во првиот пасус се наведува дека „Мадам Пепи и

Рецензија: Незадоволните граѓани на Жерновски идентични со паркобраните и со тие од тимот на Пендаровски (фото)

на 17. 10. 2014 | |
Загрижува фактот што се објавува „досие“ на претходно учество во протести на еден човек, и што тоа „досие“ се користи како аргумент за дисквалификација на неговото политичко и уставно загарантирано право на слобода на изразување. Сето тоа се прави со јазик што треба да го претстави овој граѓанин како „користен од опозицијата“, наспроти неговото јасно политичко и активистичко изразување на граѓанска волја. Со други зборови, се жигосува личноста и се дискредитира она на кое таа како единка на општеството укажува, само затоа што таа единка „се осмелила“ и претходно да го прави истото (да учествува на протести), конзистентно изразувајќи незадоволство од политиките кои ја засегаат, а не ѝ се допаѓаат. Тоа е нејзино граѓанско право и и обврска. Ваквиот начин

Рецензија: Кабранов има време да пишува за Фифи, а нема време да одговори со кого и што дувал во 1 по полноќ?

на 30. 09. 2014 | |
Навредлива и непријатна игра со приватноста, инсинуации за сексуалната ориентација сѐ со цел да се дискредитира уредник на портал што има уредувачка политика која е критички настроена кон власта. Ова не само што е непрофесионално, туку е и манипулантско и спинерско однесување. Стои и фактот што безобразно се работи на систематско уништување на либералната мисла, како и човековите права и слободи, меѓу кои и сексуалната ориентација. Наспроти новинарскиот кодекс кој налага да се зачува пристојноста, да не се користи медиумот за препукување со колеги, како и да се промовираат различните мислења, во овој дискурс е срочена синтеза на неновинарско однесување, неодговорни и ниски напади ad hominem, а за сето тоа се користи медиумот. Тоа се  прави пред очите на

Рецензија: СКАНДАЛ: Што дува главниот уредник на Либертас Ацо Кабранов во 1 по полноќ

на 30. 09. 2014 | |
Предизвик е да се разгледува вакво ниско медиумско препукување, кое ги надминува границите на елементарната пристојност, низ призмата на новинарските стандарди. Сепак, клучно е да се запази контекстот во кој е објавен овој текст, за потоа да се дојде до заклучокот дека медиумот се користи за лична пресметка, а не од некаков јавен интерес. Освен што е спротивно на новинарскиот кодекс, кој во членот 16 налага новинарот да ги чува угледот и достоинството на својата професија, да ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и да не го употребува својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги, писанието не може да се смести ниту во еден од новинарските жанрови. Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Што дува

Рецензија: Приказни од бурниот холивудски живот на Хеди Рамковски, синот на медиумскиот магнат Велија

на 29. 09. 2014 | |
На текстот може да му позавиди и сценарист за порно филмови. На несериозен, површен начин, недокументиран и, се разбира, без никаков извор, се опишува живот на еден човек кој се бара со меѓународна потерница. Поголемо внимание во текстот е обрнато на деталните, сочни описи, одошто на фактот како ќе се постигне степенот на веродостојност на изнесените информации. Дури и дискурсот е отворено несериозен, почнувајќи од зборот „приказни“ во насловот. Целиот текст е напишан по принципот на кафеанско озборување. Линк до оригиналниот напис: Приказни од бурниот холивудски живот на Хеди Рамковски, синот на медиумскиот магнат Велија Датум и време на објавување: 19.09.2014, 11:14 Датум на рецензирање:23.09.2014 Рецензент:Мирослава Бурнс Како би можело да се каже дека било што во овој текст е

Рецензија: Македонските средношколки за во школо се облекуваат како за во диско (фото +16)

на 22. 09. 2014 | | sq
Неприфатлив е обидот преку фотографии преземени од интернет, со речиси никаква новинарска работа да се прави обид да се уверат читателите дека македонските средношколки неприкладно се облекуваат за на училиште. Линк до оригиналниот напис: Македонските средношколки за во школо се облекуваат како за во диско  (фото +16) Датум и време на објавување: 16.09. 2014 Датум на рецензирање: 18.09.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Основниот проблем е што текстот содржи фотографии кои го поттикнуваат читателот погрешно да претпостави дека тие се однесуваат на Македонија. Всушност, станува збор за отворено ширење невистини до читателите дека македонските средношколки се облекуваат провокативно, со цел преку експлицитни фотографии да се привлечат кликови. Фотографиите се од непознат извор за кој сигурно може да се тврди само дека не

Рецензија: Лекарите во шок: Неизлечливиот рак целосно излечен со – мед!

на 16. 09. 2014 | | sq
Сензационализмот во теми за човековото здравје и третирање медицински состојби е неодговорен и штетен. Неговите крајни последици вклучуваат лажна надеж за илјадници пациенти, но и ризик пациентот да се поведе од објавеното и да ја откаже својата стандардна терапија. Кој му дава право на новинарот ова да го прави? Од каде тој ја црпи компетентноста за теми за кои човештвото уште нема одговор? Не е етички медиумите да шират информации за медицински откритија кои шират лажна надеж. Линк до оригиналниот напис:  Лекарите во шок: Неизлечливиот рак целосно излечен со – мед! Датум и време на објавување: 26.08.2014 Датум на рецензирање: 10.09.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Со каква леснотија се тврди дека ракот се лечи со мед! Се изнесуваат паушални и стереотипни

Рецензија: Си беше еднаш една Ана… (фото)

на 4. 09. 2014 | | sq
Основната дилема е зошто ова заслужува да се најде во медиум и каква порака треба да пренесе? И членот 15 од Кодексот на новинари налага дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.  Линк до оригиналниот напис:  Си беше еднаш една Ана… (фото) Датум и време на објавување: 18.08.2014 Датум на рецензирање: 20.08.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Иако во случајов, се пренесува вулгарна порака без никаква поента, сепак, мора да се стави до знаење дека пренесувањето на информацијата од старт значи позиционирање на медиумот кон некоја појава во општеството. Во спротивно, не би постоела разлика меѓу она што го

Рецензија: Останува тајна каде Заев летувал во Грција

на 25. 08. 2014 | |
Пред нас имаме писание скарано со фактите, а добро спријателено со спинот. На прв поглед текстот го „красат“ неколку нелогични и контрадикторни реченици, испишани едно по друго, поради што уште повеќе се забележува нивната фактичка неконзистентност. Се забележуваат и неколку обиди пристрасно да се претстави одморот на Заев како лукзусирање, а тоа се прави не со факти, туку со спинување и со претпоставки на тој што го пишувал текстот: Инаку во јавноста е познато дека политичарите кои летуваат во Грција обично ги посетуваат монденските места како Санторини, Родос, Крф каде покрај песочните плажи има хотели со по 5 звезди, базени, аква паркови, сауни и додатни реквизити за забава кои што чинат многу пари. Хотели со пет ѕвезди има во секое

Рецензија: Македонска новинарка ја покажа тангата

на 17. 08. 2014 | |
Пред нас се наоѓа рециклирана фотографија, објавена пред половина година, која се користи како основа за да се пласира крајно сензационалистички текст на кого му недостасува новинарска вредност. Освен тоа, не гледаме никаков јавен интерес во објавувањето на нечии приватни фотографии, „позајмени“ од Фејсбук, без повод и причина, независно од датумот. Ни жанровски написот не припаѓа на „фото-вест“ зашто веста по дефиниција е нешто ново и информативно. Тука го нема ни новото, ни информативното. Напротив, се остава впечаток на вулгарно и сексистичко изложување на коментари на девојка, чија професија на ниеден начин не може да се поврзе со нејзиниот задник. Линк до оригиналниот напис: Македонска новинарка ја покажа тангата Датум и време на објавување: 11.08.2014, 20:33 Датум на рецензирање: 14.08.2014

Претплатете се за најнови вести