verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Цело СДСМ и СОРОС вклучени во протестите на студентите

на 9. 12. 2014 | |
  Пред нас се наоѓа текст, кој е еден од повеќето во кои се прави обид без фактичка аргументација и со спин протестите на студентите да се дискредитирааат, да ѝ се припишат на опозицијата и да се обезвреднат. Иако повикот за протест е на студентското движење „Студентски пленум“ и во него се повикуваат да учествуваат сите граѓани независно од нивните политички погледи, сепак, во овој медиумски производ се прави врамување, односно обид со истакнување на фактите само делумно, а не целосно, да се создаде слика дека протестот е партиски мотивиран. Во повикот на „Студентски пленум“ стои дека протестот е натпартиски, иако во него се повикуваат да учествуваат и тие граѓани што се дел од партија (што е, впрочем, и нивно

Рецензија: Што направи Лепа Брена кога почина мајка и

на 3. 12. 2014 | | sq
  Не е првпат Лепа Брена да биде искористена за собирање кликнувања. Вџашува што приватни болни моменти во детали се пренесуваат без никаков извор за да се прикаже добродушноста на Брена. Ова сметаме дека е премногу. Линк до оригиналниот напис: Што направи Лепа Брена кога почина мајка и Датум и време на објавување: 25.11.2014, 08:49 Датум на рецензирање: 30.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Самото навлегување во детали од семејната трагедија е проблематично. Не е од јавен интерес што правела Лепа Брена во моментот кога мајка ѝ починала. Известувањето за ова не е ниту сосема во согласност со новинарскиот кодекс. Се остава впечаток на бесчувствителност и на неетичност од причина што се навлегува во сензационалистичка зона. Во текстот нема ниту извори, ниту

Рецензија: Студентски пленум не постои, студентски пленум е СДММ

на 26. 11. 2014 | |
  Школски пример за пропаганда и спин. Во текстот, по кој знае кој пат, се издвојуваат и се етикетираат граѓани врз основа на политичко убедување, на начин што се лоцираат во огромна група од повеќе стотици студенти и ним им се префрла товарот на организацијата. Целта е едноставна, да се делегитимираат протестите и да се поврзат со опозицијата. На протест во кој учествуваа повеќе стотици студенти и нивните професори, сосема е очекувано да има симпатизери и припадници на сите политички партии. Но, во текстот се издвојуваат само опозициските. Линк до оригиналниот напис: Студентски пленум не постои, студентски пленум е СДММ Датум и време на објавување: 24.11.2014 12:56 Датум на рецензирање:25.11.2014 Рецензент:Мирослава Бурнс Вистината е скарана со овој текст. Во него

Рецензија: ПАПАРАЦО: Мастерот е во топ позиција и кога е во опозиција

на 26. 11. 2014 | |
  Авторот на оваа рецензија трие очи од чудење. Пред нас се наоѓа текст во кој се одумрени професионалните стандарди, почнувајќи со тоа што е „вест-вредно“, па завршувајќи со неговата цел да дискредитира, да омаловажи, да навреди и да направи сензација. Политиката го затрула ова четиво со малициозност, но и со користење сомнителни „новинарски“ техники на прибирање „информации“ – седење во кафуле, шпиунирање кој што пие, кој плаќа и преточување на ова во дваесет реда неаргументирани коментари. Линк до оригиналниот напис: ПАПАРАЦО: Мастерот е во топ позиција и кога е во опозиција Датум и време на објавување: 7.11.2014 12:43 Датум на рецензирање:  25.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Од почетокот до крајот на ова четиво, едноставно е неапликативно да се разгледува дали

Рецензија: Студентите се чувствуваат изманипулирано, државниот испит е концепт кој го поддржуваат

на 26. 11. 2014 | |
  Преку изјави на тројца анонимни студенти, непотпишаниот автор се труди да создаде слика дека тие се претставници на повеќето стотици кои се противат на навдорешната евалуација на државата на квалитетот на високото образование. Сосема се игнорира фактот што треба да се претстават различните мислења на темата, односно не се внесени ставовите на „Студентски пленум“. Линк до оригиналниот напис: Студентите се чувствуваат изманипулирано, државниот испит е концепт кој го поддржуваат Датум и време на објавување: 23.11.2014, 16:24 Датум на рецензирање: 24.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Во изнесениот текст се користат и анонимни извори, но и констатации кои се коментаторски и за кои не се дава аргументација. На пример: „Студентите се чувствуваат изманипулирано од изјавите на СДСМ и медиумите блиски до нив.Тие

Рецензија: Студентите се изманипулирани: Детали за државниот испит на факултетите

на 25. 11. 2014 | |
Пред нас се наоѓа манипулативен текст, кој на моменти потсетува на соопштение од власта, а не на новинарски производ. Дел од речениците искористени во текстот, премиерот Никола Груевски ги кажа во интервју на „Сител“, неколку часа по неговото објавувањe. Линк до оригиналниот напис: Студентите се изманипулирани: Детали за државниот испит на факултетите Датум и време на објавување: 22.11.2014 15:17 Датум на рецензирање: 23.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Се пропушта да се наведат многу важни информации кога се тврди дека студентите се изманипулирани за државниот испит, а тоа е дека Министерството за образование во моментот на протестот не изнесе никакви детали за надворешната проверка. Дали е екстерно тестирање или државен испит, сосема е ирелевантно ако се земе предвид ставот на „Студентски пленум“,

Рецензија: На новинарката од „Алсат“ не и се допаѓаат контролите на УЈП во албанските средини

на 24. 11. 2014 | | sq
  Пред нас се наоѓа текст во кој се коментира однесувањето и мислењата на новинарот наместо на функционерот. Во текстот, фокусот на опсервација се префрла на новинарка, која во своето интервју го провоцира функционерот, до некаде и непотребно. Сепак, во функција на отворената дебата, како и во функција на стандардите во јавната дебата, според кои функционерите треба да се поподложни на јавна критика, па дури и на провокации и коментари кои не им се допаѓаат, ова е дозволено, од причина што тие се избрани од граѓаните и имаат многу механизми што може да ги искористат за да одговорат на провокациите. Линк до оригиналниот напис: На новинарката од „Алсат“ не и се допаѓаат контролите на УЈП во албанските средини Датум и

Рецензија: Викторија ја исполнува волјата на Богородица

на 24. 11. 2014 | |
  Кредибилитетот на изворот во случајот што го рецензираме е крајно проблематичен. Не сме сигурни дали постои оправдана причина за во најмала рака контроверзните привиденија на оваа жена да се претставуваат како ноторни факти за тоа што во иднина ќе се случува, па уште и да се даваат сугестии на кои места треба да се копа за да се најдат гробници итн. Од соништа за промивање на дечиња во вода со ѕвездички, до гробници на кралеви и до градење манастири… Премногу е конфузно, неповрзано и нелогично… Линк до оригиналниот напис: Викторија ја исполнува волјата на Богородица Датум и време на објавување: 26.10. 2014; 12:44 Датум на рецензирање: 17.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс „Со помош на Богородица, Викторија дошла до следните откритија…“

Рецензија: СДСМ фингира студентски протести

на 18. 11. 2014 | |
  Пред нас се наоѓа трагичен споменик на непрофесионалното новинарство кое нема цел ниту да информира, ниту да понуди издржана критика, туку да креира конспирациски теории со низок квалитет. Ниту една реченица од текстот не може да си го понесе епитетот „проверена“. Основната идеја е да се дискредитираат независните студентски протести, кои првпат по години на исто место собраа илјадници студенти со исти барања. И покрај нивната децидна порака дека

Рецензија: Еве како живеат СДСМ-овските кадри со Жерновски во Центар – сметки по кафеани и службени возила и боемство до бесвест

на 7. 11. 2014 | |
Кој сместил сметка од кафеана стара една година и тешка „дури“ 250 евра на агенда една година подоцна и зошто? Иако сметката се користи како наводен доказ за расипништво со општинската каса, сепак доказот е лабав, од причина што не е соопштен поводот за кафеанскиот ручек, не е соопштено дали се тоа средства наменети за репрезентации (какви што има секоја општина во своите ставки). Читателот не може да биде сигурен дека парите се злоупотребени како што обвинува непотпишаниот автор, особено ако се земе предвид и контекстот во кој се објавува оваа информација – без докази и една година подоцна. Линк до оригиналниот напис: Еве како живеат СДСМ-овските кадри со Жерновски во Центар – сметки по кафеани и службени возила и

Претплатете се за најнови вести