verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирјана Најчевска

Професија – експерт

на 10. 01. 2015 | | sq
Уште едно „експертско“ мислење. Фото: Daniel F. Benavides, 2008  

Експертските мислења се важен дел од медиумското известување. Манипулацијата со овие мислења го дезавуира кредибилитетот на вистинските експерти и ја намалува довербата на граѓаните во медиумското известување.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Во процесот на информирање и во своите анализи, медиумите презентираат факти (бројки, места, имиња, документи, материјални податоци, …) и се повикуваат на

За смислата на протестите и улогата на медиумите

на 25. 12. 2014 | | sq
Ваков протсет не се прави за мали и неважни промени: протестот на хонорарците на 22 декември 2014. Фото: Ванчо Џамбаски, CC BY-NC-SA.
 

Реакцијата на граѓаните јасно покажува дека не станува збор ниту за мали, ниту за неважни промени, што значи дека пратениците направиле грешка во процената или биле ставени во заблуда, но, во секој случај, и таа грешка треба да ја поправат, односно, да го вратат законот во редовна процедура, а прашањето е: како мислат да ја поправат направената грешка.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Во анализата под наслов: (Не)учеството на медиумите во јавните расправи за нови закони: Што недостасува во покривањето на темата? (2), беа посочени неколку елементи што недостигаат во медиумското

Иванов во Собранието на РM: Што кажа, што не кажа и зошто

на 22. 12. 2014 | | sq
Фото: веб-страницата на Претседателот на РМ, 2014  

Говорот на Претседателот треба да се анализира од страна на медиумите. Детално и повеќеслојно. Тоа не е вест од еднократен интерес, туку извор на сознанија за суштинските движења во општеството и за функционирањето на демократските институции.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Медиумите известија за говорот на Претседателот на државата одржан пред Собранието на Република Македонија. Говорот на Претседателот на државата пред Собранието има исклучително големо значење и претставува еден од реперите на функционирањето на демократскиот систем, кој во себе го содржи принципот на checks and balances (меѓусебна проверка и контрола на одделните столбови на власта). Дел од медиумите информираа за различните видувања на партиите (Партиите за

Неопходен е подлабок поглед врз новите мерки за вработување на лицата со попреченост

на 19. 12. 2014 | | sq
Знакот не е од голема помош. Фото: minimalniemand, 2009  

Улогата на медиумите како контролори на власта е особено важна кога станува збор за мерки кои се однесуваат на вработувањето на лицата со попреченост, кои не се само прашање на демократија, туку и највисок облик на благородност и на хуманост.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Во медиумите е претставен Предлог-законот за вработување на лицата

Барањето објаснување е една од алатките за контрола на власта

на 4. 12. 2014 | | sq
Вештачка семантичка дилема создадена за добивање политички поени, која остана без објаснување: „државен испит“ наспроти „екстерно тестирање“. Фото: Xavi, 2010  

Претставниците на власта многу често ги прикажуваат новинарите како здодевни. Всушност, претставниците на власта најмногу од сè се плашат од давањето објаснувања/образложенија. Да објасниш некоја своја активност или изјава, значи дека ја разбираш (во целост) и дека стоиш зад неа. Должност на новинарот е да биде „здодевен“ и одново

Зошто не го прашаат Груевски?

на 24. 11. 2014 | | sq
Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово. Фото: markovskavesna, 2006  

Доколку навистина станува збор само за идеја за која допрва треба да се дискутира, тогаш од каде има премиерот информации за практичните модалитети на остварување на оваа идеја. Имено, од каде знае како ќе се изведува полагањето, колкупати и со каков резултат?

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Новинарите имаат право и треба да прашуваат.

Оставка ≠ одземање на мандат

на 13. 11. 2014 | | sq
 

Медиумите пропуштија многу добра шанса да адресираат еден продолжен акт на повредување на Уставот и на законите.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Медиумите известија дека е дојдено време да бидат одземени мандатите на пратениците на СДСМ кои отсуствуваат од работењето на Собранието (Почнува постапката за одземање на мандатите на опозиционерите, Започнува собраниската постапка за опозиционерите, Шест месеци надвор од Парламентот, истекува рокот за

Дупките во информирањето за исплатата на породилни надоместоци

на 3. 11. 2014 | |
 

И покрај широкото медиумско покривање на темата, граѓаните во најголем број случаи не добија целосна информација врз основа на која може да изградат сопствено мислење и став, односно, која би претставувала отворање јавна расправа за понуденото решение.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   На 24 април 2014 година, неколку медиуми (Сител ТВ, Алфа ТВ, …) ја пренесоа прес-конференцијата на Маја Парнарџиева-Змејкова, која во функција

Повторно извештај или секое чудо за (медиумите трае) три дена

на 16. 10. 2014 | | sq
 

Еден од главните проблеми е краткиот век на медиумскиот интерес за ваков вид документи. Еднаш пласирани како вест, тие не се искористуваат понатаму за споредување со активностите кои ги спроведува власта, за потсетување на власта за поставените/преземените обврски и контрола на активностите на власта низ призмата на поставените цели и вредности во извештајот.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Европската комисија повторно подготви извештај

Деспинување на еден спин

на 3. 10. 2014 | | sq
 

Еден од најефикасните начини за деспинување е соодветна анализа на спинуваната вест, идентификување на фалинките (вградената дезинформација или дури и отворена лага) и презентирање не само на вистината, туку и на евентуалното прекршување на правото кое се прави со и преку спинот.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Спинот е дел од пропагандата и претставува омилена алатка на политичарите (посебно оние кои веќе се

Претплатете се за најнови вести