verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Уапсен Кили, во подрум одгледувал марихуана

на 10. 09. 2013 | | sq
Македонските медиуми одново станаа пример како масовно и речиси без исклучок се повредува пресумпцијата на невиност и правото на личен и семеен живот со веста дека еден наш естраден уметник, во последно време и водител на емисија на младинско радио, е уапсен заради одгледување на марихуана во семејна викендичка. Иако текстовите за лицата за кои е отворена истражна постапка ги пуштаат со иницијали, во обработката на повеќе начини нивниот идентитет се открива до крај, на многу места и со објавувања на фотографии. Онаа фотографија објавена во дневниот весник „Дневник“ секако заслужува особено внимание, бидејќи на особено груб начин ја повредува потребата за заштита на една личност сѐ до судската и извршна пресуда со која недвосмислено се докажува вината на едно

Рецензија: Обама се двоуми бидејќи Русите собориле Ф-22 и 4 Tomahawk проектили?

на 5. 09. 2013 | | sq
Во време кога сите очи на светот се завртени кон Сирија и Блискиот Исток, заради најавениот напад на американските воени сили врз оваа земја, овде е пренесена вест од не сосема познат извор во која се вели  дека е соборен еден американски ловец од типот Ф-22 Раптор и четири ракети од типот Томахавк. Нападот наводно се случил на 31 август на границата меѓу Јордан и Сирија, ловецот бил соборен, а „американските генерали се за тоа шокирани бидејќи авионот е уништен многу професионално, вклучувајќи ги и пресретните моќни Томахавк проектили“. Во пренесената вест се наведува дека проектили биле срушени еден ден порано (30 август) со рускиот противвоздушен систем Панцир -1 и дека сето ова влијаело што претседателот Обама се пишманил и

Рецензија: Македонка од секс партија кандидат за пратеник во Австралија

на 30. 08. 2013 | | sq, en
„Се надеваме како Македонци кои живеат во Австралија наскоро ќе се радуваме на изборот на Македонец во Австралискиот парламент“.  Оваа реченица ја одразува суштината на текстот објавен во неделникот, на порталот, а која се однесува на веста за кандидатурата на Македонка за наредните парламентарни избори на седмиот континент, кога кумановката Невена  Спировска ќе се обиде да стане пратеник од Калвел, сојузна државата Викторија, во сојузниот Парламент. Прилогот, освен што се обидува „да нѐ зарази“ со патриотската гордост, не ни предава детали од програмата на партијата со  куриозитетно име, која се чини далеку поинтересна од местото на нејзиното раѓање. Линк до оригиналниот напис: Македонка од секс партија кандидат а пратеник во Австралија Датум и време на објавување: 28.08.2013, 21:13 Датум на

Рецензија: Лидерот на СДСМ не собра храброст да влезе во Клубот на пратениците

на 29. 08. 2013 | | sq
„Зошто Заев собра сили да ги посети новинарите, но не и да демонстрира политичка одговорност и зрелост со тоа што ќе влезе во Клубот на пратениците на состанок на Комисијата“. Ова е секако најсуштествениот сегмент од веста од Клубот на пратениците на новинарот на неделникот, во мигот кога очите на целата јавност беа завртени кон работата на т.н. ад хок Комисија за расветлување на настаните од 24 декември минатата година.
Видливо е дека веста воопшто не се обидува да објасни дали Заев требало да влезе во просторијата каде работи мешовитото тело, дали тоа би било можно и како тоа би се третирало, особено што претставниците на двете најголеми партии требаа да внимаваат на реципрочната присутност во работата на Комисијата, која

Рецензија: Грчев планирал многу повеќе објекти на плоштадот ”Македонија”

на 20. 08. 2013 | |
„Два нови моста на Вардар, огромни згради на сите страни, повеќатни зданија на кејот на реката Вардар. Скиците од кои дојде Сител покажуваат како архитектот Мирослав Грчев го замислувал строгиот центар на Скопје, вклучувајќи го и плоштадот Македонија. Ова е планот кој во 1997 победил како најдобро решение за урбанизација на Малиот Ринг. Главен архитект потпишан на него е токму најжестокиот критичар на Скопје 2104 Мирсолав Грчев. Цртежот покажува дека Грчев и мнозинството на СДСМ во Општина Центар тогаш гласале план каде се предвидува градба на многу повеќе објекти од тие што сега се градат во рамките на проектот Скопје 2014“. Ова е вовед во прилогот кој отиде во неколку дневни информативни емисии во текот на денот и кој со

Рецензија: Кириите кои ги плаќа државата ги полнат џебовите на приватните газди

на 8. 08. 2013 | |
„Дали државата да плаќа милионски суми за кирии или пак да изгради своја зграда? Ова е прашањето кое деновиве се наметнува по случувањата кај хотелот „Бристол“, каде треба да се изгради зграда на СРД, со што ќе се стопира екстра профитот за транзициските богаташи, а во неа предвидено е да се сместат владината служба, административците од Советот за радиодифузија и од Станбеното претпријатие“. Ова е воведот во еден од трите написи кои порталот го објави во врска со последиците кои ги предизвика сечењето на дрвјата во паркчето кај хотелот Бристол, за – како што се нарекува – последната зелена оаза во центарот на градот да отстапи место за изградба на висококатница за потребите на државната администрација, Советот за радиодифузија и

Рецензија: Балканот е традиционален за бракот

на 6. 08. 2013 | |
„Бракот да биде дефиниран во Уставот како заедница единствено меѓу маж и жена, побара во четвртокот владејачката ВМРО-ДПМНЕ, поднесувајќи во Собранието инцијатива за уставни измени. Нив ги најави пратеникот Влатко Ѓорчев, кој појасни дека истовремено со дефинирањето на бракот се предвидува децата без родители да можат да ги посвојуваат единствено брачни заедници во кои има маж и жена, два родитела мајка и татко или самохрани родители. Според Ѓорчев, инцијативата е поддржана од огромно мнозинство граѓани во согласност со традиционалните вредности, па затоа ја побара поддршката за уставните измени и до другите политички партии“. Ова е воведот во текстот на Дневник, со кој треба да се даде поддршка на оваа иницијатива и тоа преку примери од најконзервативниот дел на Европа, поголем

Рецензија: Ја научивме ли лекцијата од 1963?

на 1. 08. 2013 | |
„Скопје се сеќава“ е мотото на официјалното одбележување на 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес. „Капитал“ дава свој придонес во одбележување на овој трагичен ден за Скопје со сериозно укажување на потребата од засилување на стандардите за градба, нивно строго контролирање и почитување сe со цел максимална заштита на луѓето и објектите.“ Неделникот „Капитал“ се потрудил да има специфичен текст, кој не се повторува со другите медиуми, во врска со спомeнатиот јубилеј. За тоа има и доволно соговорници од повеќе области, се обидел да ја утврди грижата на државата во однос на превенирањето на ваквите катастрофи со асеизмичка градба, ама со изборот на дел од соговорниците нашол повод да пофали одредена служба која генерално е на лош глас (градежната инспекција) и

Рецензија: Во турбо брзина доизградбата на пругата кон Бугарија

на 25. 07. 2013 | |
„Економските експерти повеќе од еден век укажуваат за потребата од изградба на пругата кон источниот сосед која ќе ги намали превозните трошоци на компаниите и економски ќе ги заживее подрачјата покрај трасата од Куманово до границата со Бугарија. Македонската влада реши да го комплетира овој дел од Kоридорот 8. Прво ќе се направи рехабилитација на делницата од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри.“ Навидум вообичаениот прилог од економијата за изградбата на пруга, за која се сонувало еден век да биде изградена, девалвиран е со додавањето на (веројатно) редакциска опрема која треба да направи „ударнички амбиент“. Во прилично долгиот текст нема објаснување за користениот наслов, а дури во последната реченица од текстот стои дека пругата ќе се изгради до

Рецензија: Во Македонија Зимерман би бил осуден, во САД Трифуновски ослободен?

на 22. 07. 2013 | |
Обидот со прилог за ослободено лице за убиство на Афроамериканец според законите во САД, да се направи споредба со кај нас осудениот полицаец Трифуновски, освен што отвора една од старите рани во меѓунационалните односи во земјата, не се темели на ниту една објективна потпора за спроведливост, а во извесна смисла дури и не го уважува стручното игнорирање на таквата поставеност. Од ослободувањето на Зимерман и споредбата со случајот Трифуновски се прави и политичка асоцијација дека ако не биле жртвите Албанци, можеби и одлуката на судијата би била поинаква! Линк до оригиналниот напис: Во Македонија Зимерман би бил осуден, во САД Трифуновски ослободен?

Датум и време на објавување: 17.07.2013, 18:07 Датум на рецензирање: 19.07.2013 Рецензент: Љубомир Костовски Вистинитост: Премисите во тој

Претплатете се за најнови вести