verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Кашканица со бројки и со термини

на 6. 10. 2015 | |
 

[Рецензија:  Неуспешен референдум на граѓаните на општина Карпош]

  Откако заврши изјаснувањето на граѓаните на Карпош за преиспитувањето на деталниот урбанистички план со кој една парковска површина се одзема за изградба на катна гаража, провладините медиуми се потсетија на нејзиното постоење! Оваа иницијатива требаше да сопре пренамена на градежна површина во споменатиот ДУП и да ја врати постапката во фаза на јавна презентација и на анкета. Иако е тоа постапка од јавен интерес, главните и најгледани медиуми ја премолчеа за да не ѝ дадат „крилја“, а на неа се навратија кога изјаснувањето беше неуспешно. И при тоа, како „Канал 5“ во својот прилог, се задржaа само на едниот чинител во тоа изјаснување – оној против кого и беше насочено

Хушкачки и навредувачки вокабулар

на 4. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: ВОЛКОТ Е ШТЕТНИК: Анима Мунди и останати соросписки душегрижници, смирете хормоните!]

  Информациите што во себе содржат полемика, а не цитираат или барем не наведуваат делови од новинарскиот труд со кој ги „вкрстуваат мечевите“, се целосно нејасни и во принцип се третираат како некаков нестандарден и, секако, непрофесионален прилог. Од линкот што е понуден во овој текст со видеоприлог може да се проследи некаква „дешавка“, ама на читателот, сепак, мора да му се објасни, најнапред, за што се работи. Група ловџии од штипско Карбинци уловиле жив волк, го врзале за автомобил и снимиле како се изживуваат пред група деца со животното, преку сцени од кои, како што велат во Здружението „Анима мунди“, „на нормален човек му се превртуваат

За скокотлива тема со име и презиме

на 28. 09. 2015 | |
 

[Реченица: Во Делчево има многу повеќе бугарски, отколку македонски пасоши]

  Прашањето за бројот на Македонци со двојно државјанство никогаш не било статистички позиционирано. Особено е скокотливо сознанието дека нашите граѓани бараат најчесто бугарски пасоши, кои и ги добиваат, пред сè, по влезот на источниот сосед во Унијата пред 11 години. Деновиве имавме можност да видиме еден прилог на локална телевизија од град до границата со Бугарија, кој посочува бројка и тоа низ разговор со човек кој „средува“ нашите државјани да немаат многу административни пречки во остварување на својата желба. Новото е што пред камерите излегува и еден посредник и еден корисник на таквото посредство и отворено говорат за оваа појава. Досега, такви кажувања имало само анонимно или, пак,

Користење на бегалската криза за ширење исламофобија

на 24. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Муслиманите во Германија со петиција за неодржување на Октоберфест!]

    Порталот „Фаланга“, кој има свој домицил во Австралија, а е главно насочен кон македонска публика, објави деновиве писмо на некоја муслиманска организација од Минхен. Писмото, кое има форма на некаква мини-петиција, покажува анимозитет кон „Октоберфест“ и се бара тој да не се одржува повеќе, бидејќи ги навредувал муслиманите. Тоа писмо, според изворот на информацијата (индиректно и според „Фаланга“, која му дава внимание) треба да посведочи за претензиите на „дојденците“ во оваа земја да ги расипуваат типичните форми на забава на домицилното население, во рамки на постојниот антибегалски тренд, кој, секако, ги има зафатено европските земји. Имаме пример на ширење исламофобија, со намерно пренагласување евентуална опасност, особено ако

Пребарување по урнатините на правниот систем

на 20. 09. 2015 | |
Киднапираното обвинителство и заштитата на пустошот што остана од правниот систем. Фото: zojrm/скриншот. Колаж: СПФМ  

На некои наши колеги им текна да го штитат правниот систем кога тој е урнат, заедно со институциите што го чинат и го претставуваат со години наназад. Тоа е можно само преку опсервацијата од типот „гледај во дрвото за да не се види шумата“

  Пишува: Љубомир Костовски   „Важно е да се пишува,

Тенденциозно спојување на ИД и на бегалците преку пратка со оружје

на 15. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: ФАТЕНА ПРАТКА СО ОРУЖЈЕ ЗА МИГРАНТИТЕ: Во Грција запленет арсенал оружје од брод на ИСИС]

  Вест што лесно се вклопува во една антиемигрантска атмосфера, која и онака е обележје на дел од нашата јавност. Се работи за информација дека грчката погранична стража уапсила екипаж на брод полн со оружје во близина на островот Крит и дека тоа бил брод на ИД, кој требало на мигрантите во форма на хуманитарна помош да им го дели откако тие ќе стапнат на европско тло. Ова, секако, е вознемирачки факт, но е комплетно неточен и шокатно е како се нашол во нашите медиуми (главно електронски) без проверка и барем подоцнежно извинување и исправка? Линк до оригиналниот напис: ФАТЕНА ПРАТКА СО ОРУЖЈЕ

Спонзориран текст или новинарска репортажа

на 12. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Две илјади вработени по втор пат уживаа во прекрасната забава организирана од „Кромберт и Шуберт“]

  Сите медиуми, се чини, имаат проблем како да ја хармонизираaт потребата да бидат професионални и воедно да не ги расипуваат односите со спонзорите – политичките и оние од сферата на бизнисот. Последниот број на „Битолски весник“, едно од најстарите локални гласила кај нас, има два прилози, кои „мирисаат“ на спонзорство, од кои едниот е врзан за скопска општина(!) – Карпош и една за локалната фабрика „Кромберт и Шуберт“. Вториов текст ни дава слика за весели, ентузијастички расположени работници, дел од некакво „среќно семејство“. За жал, во текстот и на сликите ја гледаме само „првата линија“, иако се вели дека имало 2.000 посетители!

Некои на дијазепам, некои кај баба Рада

на 7. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Плусинфо: Дури 500.000 граѓани се зависни од „дијазепам“]

  Прашањето на условното масовно дрогирање на народите од Балканот со легални лекови од групата на т.н., лаички категоризирани, „смирувачи на нерви“, сигурно е дека е старо, да не речеме транзициско прашање. Во таа смисла, речиси бегло се помина со податокот дека една четвртина од нацијата зема вакви лекови, што е изведена бројка од изјава на функционер на Фондот за здравствена заштита. Но, многу е лесно да се лепат такви податоци на статистика која кај нас стандардно не е уредна. Од ова произлегува еден сензационализам во насловот и поставеноста на авторот. Линк до оригиналниот напис: Плусинфо: Дури 500.000 граѓани сезависни од „дијазепам“ Датум на објавување: 03.09.2015 16.32 Датум на рецензирање:

„Требење“ на правната бранша во барање мислење што ѝ одговора на телевизијата

на 6. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Случај „Прислушување“: Правниците велат – судот донел легитимна одлука]

  Нема сомнеж дека решението на судијката Славјанка Јанчевска од Основниот суд Скопје 1 за изземање на аудиоснимките од корпусот докази против државниот врв, како дел од обвиненијата против оваа олигархија, предизвика бура во правната, но и во пошироката јавност во земјата. Гледачот би очекувал од МТВ носење на голем број вистински експерти и отворање дискусија како што имаше, да речеме, во конкурентските телевизии, како што се „24 Часа“ и „Телма“. Телевизијата, чиј прилог е предмет на рецензијата, се повикува само на изјави на двајца адвокати, кои не се многу експонирани во пошироката јавност, а не се споменати и цитирани ниту еден професор, да не речеме и од оние

И кога Заев е повод, Груевски мора да биде главен

на 3. 09. 2015 | |
Што мисли ВМРО-ДПМНЕ за враќањето на СДСМ во Собранието? Фото: скриншот  

[Критички осврт врз централниот ТВ Дневник на МТВ од 1. септември 2015, во 19.30 часот]

 

По речиси комплетниот говор на Илија Димовски, во салата за прес-конференции на Собранието, следува, во продолжение, коментарот на премиерот („мора да си ја заработат платата“), без да се каже ниту збор за тоа како дојде до враќањето на пратениците на опозицијата во

Претплатете се за најнови вести