verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Советот за етика ја поддржа жалбата на соработничката на „Критинк“, Мирослава Бурнс против порталот „ДоказМ“

на 15. 06. 2020 | |
Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија утврди дека жалбата на нашата соработничка Мирослава Бурнс, поднесена заради два написи објавени на поратлот „ДоказМ“ е основана. Комисијата одлучи дека написите на „ДоказМ“ прекршиле дури 6 членови од Кодексот на новинарите на Македонија. Станува збор за членот 1 (потребата од објавување точни и проверени информации), членот 3 (обврската за објавување исправка, демант и одговор), членот 7 (почитувањето на

„Асимптоматски“ не значи отсуство на зараза, туку отсуство на симптоми

на 15. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Јакимовски: Ако сега се тестираат асимптоматски граѓани, зошто имаме зголемен број на починати??] Иако написот е објавен во рубриката „Вести“, не се работи за никаква новинарска вест, туку за пренесување од збор до збор на фејсбук-статусот на Стевчо Јакимовски. Тоа значи дека објавениот напис ги повторува не само изворните правописни и печатни грешки, туку и неточностите коишто Јакимовски ги пласира во јавноста.
Оригинален напис: Јакимовски: Ако сега се тестираат асимптоматски граѓани,

Пропадна спинот на Мисајловски со фотографијата од Германија

на 11. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација  [Рецензија: Фејсбук статус на Владо Мислајовски: Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ?] На својата страница на Фејсбук со 18.150 следачи, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски објави фотографија со која неуспешно се обиде да спинува против партискиот опонент СДСМ. Имено, фотографијата што ја објави со коментар:,,Ова ли е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ?”, 

Кој прв почна да шири дезинформации за „5Г“?

на 11. 06. 2020 | |
Иста лажна вест за помор на врапчиња имаат објавено „Курир“, „Инфомакс“, „Република“ и „Вечер“.
Како преку јавно достапни алатки може да се види кои домашни медиуми постепено влијаеле за креирање на погрешните мислења поврзани со 5Г-технологијата (5G).   Пишува: Тимот на Критинк   Скорешните анкети укажуваат дека значителен дел од граѓаните на Северна Македонија веруваат во неточни тврдења поврзани со Ковид-19 и 5Г. 37% од луѓето во нашата држава сметаат

Невешта пропаганда направи од Трамп спасител на 100 илјади деца среде Њујорк!

на 10. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: САТАНИСТИТЕ НА ДЕЛО: 100.000 ДЕЦА И ДЕТСКИ ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО ТУНЕЛ ШТО ВОДИ ДО ФОНДАЦИЈАТА КЛИНТОН ВО ЊУЈОРК] Напис кој донесува вознемирувачка, но лажна содржина за случај со наводни 100 илјади деца убиени или заробени во подземни ходници кои воделе до седиштето на Фондацијата Клинтон во Њујорк, САД, беше објавен на домашна веб-страница и споделуван на Фејсбук од страна на јавни личности од политичката сцена во државата,

Не смее да се лицитира и шпекулира со бројот на заразени од корона

на 10. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација
Медиумите треба да бидат докрај професионални и повеќе да се грижат за точното информирање на јавноста, отколку за нивната читаност и бројот на дневни кликови. Навистина нема никаква потреба од објавување на шпекулативни бројки за новозаболени од корона, час или два пред стасаат официјалните информации. Така само настанува забуна и не помага јавноста да биде вистински и точно информирана. Пишува: Симона Атанасовска Ако нешто беше константно во изминатите три

Злонамерност, неетичност и ширење невистини, не е новинарство

на 9. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија:Од „другарот Мухамед“ до пола партија: СДСМ ново жариште на ковид-19 ] Проблематичните аспекти на овој текст – злонамерност, неетичност, подбив и ширење на невистини – се воочуваат уште од насловот. Нивната проблематичност е засилена со фотомонтажата што е поставена веднаш под насловот. Извршена е, имено, интервенција врз фотографија на централното седиште на СДСМ во Скопје, при што натписот: „СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА СДСМ“ е заменет со „КОВИД

Нема позитивни епидемиолози на коронавирусот во Институтот за јавно здравје

на 9. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија: Двајца епидемиолози од Институт за јавно здравје позитивни на Ковид 19 ] Текстот што го рецензираме уште во насловот дезинформира дека: „двајца епидемиолози од Институтот за јавно здравје се позитивни на коронавирусот“. Од Институтот за јавно здравје ги демантираа ваквите тврдења.
Линк до оригиналниот напис:Двајца епидемиолози од Институт за јавно здравје позитивни на Ковид 19 Датум и време на објавување: 06.06.2020 Датум на рецензија: 07.06.2020 Рецензент: Силвана Жежова Текстот изнесува непроверени информации

Кога и во мафијата се бара сојузник за короната!

на 8. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија:ГЕРМАНСКИ ДОКТОР: КОРОНА-ПАНИКАТА Е ПЛОД НА МАФИЈАШКА ИЗМАМА (ВИДЕО) ] Сензационалистички текст во кој се тврди дека германски доктори сметаат дека паниката околу коронавирусот е исценирана и плод на мафијашка измама. Веста е нецелосна и манипулирачка. Прво нема никакво објаснување кои се овие доктори. Дали се стручни и меродавни да тврдат вакво нешто. Потоа не се наведени никакви докази за нивните тврдења и дали имаат каква било основа

Нема никаков скандал со ваучерите за туризам, бидејќи сè уште не се доделени

на 8. 06. 2020 | |
Фото: Илустрација [Рецензија:СКАНДАЛ:2/3 од добитниците на ваучер од владата се Албанци, 16 % Македонци, Роми 11 %…? ] Текстот што го рецензираме е со сензационалистички наслов во кој се најавува некаков наводен скандал со поделбата на ваучерите за домашен туризам. Изнесените проценти на граѓани кои се наводни добитници на ваучери се шпекулација, бидејќи тие сè уште не се доделени, и според информацијата од Министерството за економија, истите ќе бидат доделени неделава.
Линк

Претплатете се за најнови вести