verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Манипулативна медиумска „каша“

на 4. 02. 2016 | |

[Функционер на партијата признава: Сите набљудувачи на МОСТ беа од СДСМ]

Пред нас е текст во кој не е скриена намерата да се изнесуваат невистини. Целта на неговото објавување не е да информира туку да оцрни и по цена да дезинформира. Поточно, под превезот на информација се крие напад врз организацијата за набљудување на изборите, невладината „Мост“ и нејзино дискредитирање во пресрет на предвремените парламентарни избори, поради тоа што нејзини претставници се залагаат за избори со прочистен избирачки список.
Овој напис се потпира на изјава на некогашен функционер на Социјалдемократскиот сојуз од Охрид, Владо Чингоски, дадена неодамна на една јавна трибина, но намерно се вади од контекст само тој дел што може да се употреби во функција на дискредитација на

Анонимни извори за испорачување закани

на 21. 01. 2016 | |

[Рецензија: Може разрешување, но и затвор до три години]

  Дали е можен новинарски коректен и професионално одработен напис за сензитивно прашање од доменот на работата на специјалниот јавен обвинител, со користење исклучиво на анонимни извори и без да се побара изјава од Специјалното јавно обвинителство, во услови на акутна политичка криза во државата која има директни реперкусии врз нејзината позиција? Тешко дека некој во или надвор од новинарската професија би можел да одговори потврдно.
Но, токму таков е случајот со текстот што го рецензираме. Во него сите тврдења, сите стручни мислења и образложенија на процедурата, сите  прекршувања на законски одредби кои, наводно, ги направила специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во случајот на предавањето на материјалите од прислушувањето (од страна

Навредите на мегдан – вистината скриена

на 15. 01. 2016 | |

[Рецензија: Како Петар Гошев стана “Перо апашот”]

Колку лесно се забораваат новинарските стандарди, објективноста, па и вистината, кога пред објективот се наоѓа критичар и политички неистомисленик на гарнитурата чиишто политички ставови се бранат и се афирмираат? Одговорот на ова прашање може да го даде и анализата на текстот што е предмет на оваа рецензија.
Веќе од насловот се гледа дека во пишувањето на написот се извадени ракавиците – тој е отворено навредлив и обвинувачки. Истовремено, на читателите им ветува објаснување: како тоа екс-гувернерот на Народната банка на Македонија станал „апаш“, народски збор за криминалец, крадец? Сепак, кога ќе се исчита, следи разочарување бидејќи текстот нуди куп невистини, навреди и полувистини, а многу малку вистини. Клучниот аргумент за наводниот криминал на

Шок од непрофесионалност и од невкус!

на 11. 01. 2016 | |

[Рецензија: ШОКАНТНО: Заев имал чести психички напади и редовно ја претепувал сопруга?!]

  На која и на каква публика ли ѝ се обраќа написот што е предмет на оваа рецензија, би се прашал човек? Се работи за екслицитно пренесена навредлива содржина од приватен блог, во јавноста веќе познат како извор кој лиферува шпекулации, клевети и навреди упатени кон политички неистомисленици. Текстот е со содржина со која се атакува врз приватниот живот, чест и углед на истакнат претставник на опозиција. Објавениот напис нема ништо со новинарството – има целосно нерелевантен, некредибилен извор, нема структура на новинарска информација, нема ниту обид за оградување од пренесените тврдења, ниту обид да се истражи вистината, говорот е недоличен, а пренесените наводи не се ништо друго

Депласиран наслов, промашена тема

на 3. 01. 2016 | |
 

[Рецензија: Заев и наложи на Јанева да падне „Пуч“]

  Ова е еден од манипулативните написи со кои јавноста беше дезинформирана околу фактите поврзани со случајот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева и со почитувањето на законската обврска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги предаде материјалите од прислушувањето на Специјалното јавно обвинителство. Во овој текст, уште во насловот стои тврдењето дека Заев ѝ издавал наредби на специјалната обвинителка Јанева и таа теза во содржинскиот дел воопшто не се образложува, ниту поткрепена со докази. Написот има проблем со изворите: се повикува на неколку изјави од различни лица – некои се анонимни, тие изјави не ги цитира, туку ги парафразира. А кога тие ќе се анализираат поединечно, излегува дека се

Неименувани експерти, забошотени изјави, измамени граѓани

на 5. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев повторно со контрадикторна изјава за настаните во Диво Насеље]

  Манипулација со фактите, злоупотреба на анкета на граѓани за поткрепа на зададена теза, вадење експертски мислења од ракав, ова накусо би била оцена на прилогот што е предмет на рецензијава. Тема на прилогот е ставот на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, во врска со настаните во Куманово, кој беше актуелизиран во текот на неделата пред да биде објавен прилогот, како и тезите што беа пуштени од провладините медиуми за наводната конфузија и непримерена промена на ставовите на Заев во врска со овие настани.
Темата е така одработена што создава сомнежи во искрените намери да се информира. Како поинаку да се протолкува тоа што целиот прилог се

Објавување „анонимки“ не е новинарство

на 1. 12. 2015 | |


[Рецензија: Организирана хомосексуална проституција и криминал на адвокатската улица во Скопје]

  Рецензираме напис што ги нема особеностите на еден новинарски производ, а сепак на публиката ѝ е пласиран како таков, веројатно поради процената дека насловот и темата се доволна провокација за да се оправда неговото објавување. Се работи за пренесено писмено обраќање на група граѓани до градоначалникот на скопската општина Центар, во кое тие му укажуваат на еден проблем со кој се соочуваат во својата улица и бараат од него да реагира. Но, материјалот е објавен необработен од новинар, без да се понуди кредибилен извор и без поткрепа од факти, па изгледа како да е објавен само за да заскокоткаат нечии страсти за сензационализам, а не за да информира.

Спрега на медиум и на политика – на удар министер од опозицијата

на 25. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Корисниците на социјална помош загрижени што личности на СДСМ ги прегледува личните податоци]

  Пред нас имаме доказ дека еден медиум се согласил да биде оружје за пресметка со политички противник, и тоа по цена да ги занемари сите новинарски правила, а особено она најважното, а тоа е вистината. Паушални и нетемелни оцени и квалификации за постапките на новата министерка за труд и социјална политика од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз, Фросина Ременски, смешни обвиненија дека таа вршела партизација на министерството каде што е на функција едвај неколку дена, анкета со сомнителна „спонтаност“, сето ова го има во прилогот што е предмет на оваа рецензија. Кога овој текст, односно телевизиски прилог ќе се стави, пак, во контекст на вистинската

Неаргументирани напади на новиот министер

на 19. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Тешка ноќ за полицијата откако Спасовски и ги одзема овластувањата]

  Ни ден откако стапи на должност министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кадар на опозициската партија СДСМ, дојде под удар на медиумите кои се критички настроени кон опозицијата. Конкретно, во случајот се работи за нивна реакција на една од првите одлуки на Спасовски по седнувањето во министерската фотелја, за укинување на таканаречените пренесени овластувања, дадени од неговите претходници на одредени лица на функции во МВР. Написот кој го рецензираме е само еден од низата објавени истиот ден и ја обработуваат истата тема, пласирајќи ја генералната теза дека со овој потег Спасовски, наводно, создал хаос во работата на МВР и во функционирањето на безбедносните служби. Написот е така

Eдна будалеста и, за самиот медиум, деградирачка тема

на 12. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Граѓаните на Куманово згрозени од срамниот гест на Шекеринска]

  Овој текст докажува дека плукачкото новинарство во Република Македонија денес е исклучително витален, иако срамен „подвид“ на домашната журналистика. Написот не би ни заслужувал рецензија (со оглед дека не ги исполнува повеќето услови да биде наречен новинарски текст), но тој е пласиран како вест во низа, поткрепен со телевизиска анкета, па беше потребно да се одбележи дека и една вака будалеста и, за самиот медиум, деградирачка тема, може упорно да се развлекува како „баба питата“ само за да се исползува уште една шанса за јавно валкање на истакната личност од редовите на опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Граѓаните на Куманово згрозени од срамниот гест на Шекеринска Датум и

Претплатете се за најнови вести