verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Рецензија: Научно докажана силата на крстот

на 12. 09. 2013 | |
Информацијата дека руски научници научно ја докажале моќта на основниот христијански симбол-крстот, според сите критериуми би бил една од главните вести на сите светски информативни медиуми, во моментот на обелоденувањето на таквото откритие. Поради тоа, овој напис разбирливо генерираше голем интерес на социјалните мрежи. Насловот во форма на тврдење („Научно докажана силата на крстот“) и цитирањето на називот на научната институција („лабораторијата за медицинско-биолошки технологии „НИИ“, за индустриска и морска медицина во Москва“) го осигурува првичниот интерес на читателот. Сепак, и површното истражување на оваа тема на Интернет фрла сосема поинакво светло и на самиот текст и на тематиката која тој ја обработува. Написот е пренесен текст, кој е, пак, превод на неодамна објавен текст на ВАСЕЉЕНСКА ТВ, српски православен

Рецензија: Геноцид во Македонија: Абортирани 1 милион бебиња од 1977 до денес

на 10. 09. 2013 | | sq, en
Кога во еден наслов ќе се најде и зборот „геноцид“ и зборот „бебе“, вниманието на читателската публика е загарантирано привлечено. И насловот и најголемиот дел од содржината на текстот се така конципирани што не оставаат простор за сомнеж кој е ставот на авторот и на редакцијата по прашањето на измените на Законот за абортус, што летово беа жешка тема во домашната јавност. Годината која се спомнува во насловот, 1977, е година кога бил донесен Законот за абортус, чиишто одредби беа предмет на измени со барањето за измени по итна постапка, од страна на Владата на РМ. Поврзувањето, пак, на тешката квалификација „геноцид“ со остварувањето на легалното право на жената за планирање на семејството укажува на идентична идеолошка матрица зад овој

Рецензија: Врие во СДСМ: Незадоволство од стравот на раководството од избори

на 2. 09. 2013 | | sq
Насловот бомбастичен – во текстот ниту трага од најавеното. Иако се тврди дека „Во СДСМ врие“ од незадоволство што новото раководство се определило да не учествува на евентуални предвремени парламентарни избори, самиот напис поставува прашања (без прашалник) и донесува мислења на консултирани аналитичари, но не дава ниту еден аргумент или изјава, па дури ниту анонимна, во полза на тврдењето дека во опозициската партија постои раширено незадоволство на членството од одлуката на партискиот врв. Тезата од насловот, се чини како да се гради исклучиво врз основ на коментар на приватниот Фејсбук профил на близок соработник на поранешниот претседател: „Сега кога не здробија на криминални локални избори остро изјавуваме дека веќе на такви избори не учествуваме. Добро бар ги добивме Ранковце, Струмица,

Рецензија: Кокаинот корисен за човечкиот мозок – го зголемува капацитетот

на 2. 09. 2013 | | sq
Сензација по секоја цена, па и по цена на изнесување невистини! Тоа е првиот впечаток што се наметнува откако ќе се прочита целиот напис, кој првенствено провоцира со својот сензационалистички наслов, но и со содржината. Потребно е да се биде внимателен и упорен, да се истражи потеклото на информациите кои ги пласира порталот каде што овој текст е објавен, за да се открие вистината зад овој текст, а таа е сосема поинаква од тврдењето дека кокаинот е користен за човековиот мозок и дека му го зголемува капацитетот. Се работи за лошо сублимиран и уште полошо преведен сегмент од текст, објавен на сајтот MailOnline, за истражување спроведено на Калифорнискиот Универзитет, со кое е докажано дека кокаинот кај опитните глувци ги зголемува

Рецензија: Фото: На скопскиот аеродром слета најголемиот авион на светот

на 26. 08. 2013 | | sq
Известувањата за рекламни кампањи или други комерцијални новитети сѐ почесто се пласирани како новинска вест, иако не ги исполнуваат критериумите за точно, непристрасно и објективно информирање, туку афирмираат конкретна компанија во однос на останатите. Тие создаваат сомнеж дека е во прашање постоење комерцијален интерес на релација рекламираниот субјект-медиумот кој го објавува. Еден актуелен пример е поставувањето макета на авион со рекламен слоган од кампањата на компанијата ОНЕ на скопскиот аеродром кое овде е објавено меѓу актуелните вести и информации од Македонија на 19 август. Во овој случај, информација со пропагандна содржина е спакувана како новинска фото-вест за „настан“ на скопскиот аеродром и опремена со наслов кој го „лови“ вниманието на читателот и го наведува на погрешен заклучок односно го дезинформира 

Рецензија: Во Грција ем лажат, ем крадат!

на 5. 08. 2013 | |
Приказни од туристи, измамени од своите тур оператори, во медиумите осамнуваат секое лето. Случајот со групата од 12 скопјани, кои уплатиле за одмор во Грција преку странски сајт, па останале и без пари и без одмор, немаше да подигне во јавноста прашина поголема од вообичаената да не се совпаднеше со зголемените тензии во македонско-грчките односи среде летната туристичка сезона. Сепак, она што другите македонски медиуми го проследија само како интересна (и поучна) приказна за опасноста да бидете измамени од странски сајтови што нудат туристички услуги, веста овде е „филувана“ со наслов кој содржи навредливо тврдење и афирмира негативни стереотипи за соседната земја. Ова е сторено иако во текстот никаде нема поткрепа ниту дека во конкретниот случај некој од Грција ги

Рецензија: Од идната година железничка станица во Скопје во ново руво

на 1. 08. 2013 | |
Најавата дека скопската железничка станица ќе се реновира 30 години по изградбата, ја проследија повеќето домашни медиуми преку пренесување на веста на агенцијата МИА. Она што ја издвојува оваа вест е несмасната преработка на агенциската вест што го збунува читателот. Доколку тој не знае дека Скопје имало стара железничка станица која одамна не функционира, но и дека цели 30 години градот има друга станица, чиешто реновирање всушност го најавува министерот Јанакиевски, ќе стекнеше впечаток дека Скопјани дури „повеќе од цели 30 години“ чекаат на „нова реновирана“ железничка станица. Целата воведна реченица, односно главата на веста, заслужува комплетна преработка за да може да се разбере што точно најавил Јанакиевски во врска со станицата: „ Скопје ќе добие нова реновирана железничка станица

Рецензија: Жените се најсреќни во улогата на мајка и домаќинка

на 23. 07. 2013 | |
Веста за која станува збор, поместена во рубрика ЖИВОТ, пренесува резултати од анкета во која одреден број на жени гласале што е за нив идеалната професија, при што се тврди дека најголем број од нив се изјасниле животот да си го поминат како мајки и домаќинки, наместо да градат кариери. Новинарот, кој е анонимен, изворот, односно податоците, кој, кога и како ја направил анкетата, не ги наведува, а текстот го почнува со невистинита констатација дека „жените ОТСЕКОГАШ го имале изборот дали да следат успешна кариера или да бидат домаќинки и да се грижат за домот и за семејството“. Во манир на наратор од рекламен спот, а не на непристрасен новинар професионалец, тој поставува реторичко прашање и самиот одговара во истиот

Рецензија: Тарчуловски и Мијалков на кафе во „Пелистер“ (фото)

на 19. 07. 2013 | |
Откако се врати од отслужувањето затворска казна, Јохан Тарчуловски е будно следен од македонските медиуми, кои известуваат за секоја негова активност надвор од семејниот дом, а посебно за неговите средби со личности кои имаат одредена политичка или државна функција. Еден таков пример е и оваа фото-вест за кафето што Тарчуловски го пиел со директорот на УБК, Сашо Мијалков. Иако во самата вест нема елементи на политичка обоеност, освен манирот Тарчуловски да се титулира со „бранител“, што е својствено на дел од македонските медиуми, самиот негов третман како јавен лик од примарен ранг (во кој обично спаѓаат ВИП личности – највисоките носители на државни функции, односно крунисани владетели, личности на чело на меѓународни институции од светски калибар или, пак, најпознатите личности

Рецензија: „Делата“ на кавадаречкиот градоначалник – почнале, па ќе продолжат!

на 18. 07. 2013 | |
Оваа вест е пример како е можно и кус извештај од прес конференција да биде искористен за спин. Фокусот е на насловот, кој е, всушност, циничен коментар дека кавадаречкиот градоначалник се фалел со почнати проекти, а истата тенденција е видлива и во самиот текст на извештајот. Авторот, притоа, како да заборава да каже дека прес-конференцијата и била свикана со цел на јавноста да и биде соопштено кои се проектите на кои почнала да работи локалната власт во новиот состав. Линк до оригиналниот напис: „Делата“ на кавадаречкиот градоначалник – почнале, па ќе продолжат!
Датум и време на објавување: 03.07.2013, 12:32 Датум на рецензирање: 10.07.2013 Рецензент: Југослава Дуковска Вистинитост: Веста содржи сублимат од прес-конференција на градоначалникот на Кавадарци, при што се извадени

Претплатете се за најнови вести