verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Рецензија: Од тендерите од Струмица се полнело контото на СДСМ

на 18. 10. 2013 | | sq
Текстот се обидува да направи случај на злоупотреба и криминал со парите од граѓаните од страна на Зоран Заев, претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, но му недостасуваат клучни докази. Некои имиња на лица блиски до Заев, кои добивале тендери во општина Струмица, стојат и на листата на донатори на СДСМ и написот шпекулира со можноста на тој начин да било извршено прелевање на пари од Општината во партијата. Написот никаде не појаснува дека тендерите биле добиени преку легална процедура, која не била оспорена од останатите учесници на тендерот, ниту, пак, дека донациите се легални и податоците за нив достапни до јавноста. Но, во обид да креира случај, авторот направил грешка или превид, па зборува за „донации што ги

Рецензија: ЈОВАНКА БРОЗ: Тито и на 60 години не користеше вијагра

на 16. 10. 2013 | |
Прво што упаѓа во очи кога е овој текст во прашање е насловот, кој не само што е сензационалистички и провокативен, туку е и очигледна невистина. Написот содржи интимни детали од брачниот живот на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка Броз и е нешто потскратен превод на напис објавен на порталот telegraf.rs, чијшто извор, како што е наведено бил порталот pressoline.rs. Оттаму потекнува и насловот, кој овде е парафразиран, па наместо тврдењето дека на Тито не му била потребна вијагра ниту на 60 години, се тврди дека тој не користел вијагра, што се две различни тврдења! Вијаграта, која е фармацевтски производ за лекување на еректилната дисфункција кај мажите, била пронајдена 11 години после

Рецензија: Македонските компании одговараат на предизвикот за заштита од загадување

на 10. 10. 2013 | |
Веќе самиот наслов на текстот и на телевизискиот прилог се доволни за да се постави дилемата од каде е извлечен еден таков заклучок за еколошките состојби во Република Македонија, кога медиумите, но и социјалните мрежи континуирано се полни со вести за неконтролирано загадување, кое потекнува токму од некои од најголемите индустриски капацитети во земјава. Тврдењето дека „Македонија е чиста земја“ и дека „фабричкото производство е на високо еколошко ниво„ е поткрепено со изјава од само еден соговорник, претставен како „експерт за заштита од загадување“. Експертот тврди дека големите компании со индустриско производство континуирано вложувале во системи кои го превенирале загадувањето и сериозно инвестирале во механизација и еколошка опрема, наведувајќи го како карактеристичен позитивен пример кавадаречки ФЕНИ. Меѓутоа, не само што

Рецензија: Тесла бил против ГМО: патентирал природен начин да ја нахрани планетата

на 8. 10. 2013 | |
Се работи за уште еден текст кој е целосно пренесен од еден од српските портали, без притоа да се наведе од кој извор е пренесен, ниту, пак, е наведено дека станува збор за целосна, преведена копија. Текстот се занимава со дел од откритијата на американскиот научник од српско потекло, Никола Тесла, поточно за неговите размислувања околу решавањето на некои од најгорливите проблеми на човештвото, меѓу кои е производството на здрава храна. Како дел од целината што се преведува, оставен е и насловот на оригиналниот текст, иако за генетски модификуваната храна, фактички во текстот воопшто не станува збор. Мотивот за такво нешто, иако може само да се претпостави, би бил тоа што темите за ГМО храна во последно време добиваат на

Рецензија: Зоран Заев во Скопје, а Струмица се дави во поплави

на 3. 10. 2013 | |
Уште од самиот наслов „Зоран Заев во Скопје, а Струмица се дави во поплави“ е евидентна намерата не да се известува за состојбата со поројниот дожд во Струмица, туку да се пишува за „ликот и делото“ на струмичкиот градоначалник. Самата содржина на написот тоа впрочем и речито го потврдува. Написот нема амбиции да информира, приказот на штетите од поројните дождови е даден на самиот крај, во последниот пасус од текстот, како нешто што е најмалку важно во целата работа. Но, затоа во поднасловот стои дека „Дождови ја поплавија Струмица, а Зоран Заев од Скопје молчи и за штетите и за јавните набавки“ со што и несвесно е прикажан вистинскиот мотив за пишување на овој напис – да биде дел од

Рецензија: Скараџиите низ цела Македонија измамени од германски производител

на 2. 10. 2013 | |
Информациите за квалитетот на храната што ја јадеме подеднакво ги засегаат сите категории граѓани од разбирливи причини – здравјето е на врвот од приоритетите на секој човек. Оттука и информацијата дека отровна хемикалија била користена за чистење на популарните скари низ Македонија, дека имало поплаки од граѓаните кои почувствувале оти нивното јадење имало непријатен вкус и добиле болки во стомакот, како и дека инспекцијата реагирала соодветно, е нешто на што секој медиум би му отстапил време и простор. Сепак, во конкретниот случај, работата не е докрај завршена и пласиран е материјал (ТВ прилог и текст на веб-страната) кој ги нема клучните информации – за која хемикалија се работи, кој ја користел во процесот на приготвување на храна и кога тоа

Рецензија: СДСМ со Алистер Кембел ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ!?

на 29. 09. 2013 | | sq
Шпекулацијата на МАКТЕЛ за вклучувањето на познатиот британски новинар и моќен ПР експерт, Алистер Кембел, во тимот на опозиционата СДСМ очигледно беше доволно атрактивна провокација таа и на овој портал да се пренесе во целост, иако стануваше збор за шпекулација од само еден анонимен извор и тоа од конкурентската ВМРО-ДПМНЕ. Непроверената и со ништо непоткрепена шпекулација со сугестивен наслов „СДСМ со Алистер Кембел ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ!?“ набргу беше демантирана од страна на самата личност за која станува збор, а со тоа сериозно е доведена во прашање кредибилноста на медиумот кој објавува непроверени информации и користи нерелевантни извори. Линк до оригиналниот напис: СДСМ со Алистер Кембел ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ!? Датум и време на објавување: 24.09.2013, 18:58 Датум на рецензирање:

Рецензија: Имала секс со куче додека сопругот ја снимал

на 20. 09. 2013 | | sq
Следејќи го трендот на значителен дел од западните медиуми за објавување на бизарни вести со вознемирувачка содржина, и дел од домашните информативни гласила ја пренесоа веста дека е уапсен млад брачен пар од Северна Каролина, САД, кој сексуално ги злоупотребувал своите кучиња и снимките ги објавувале на Интернет. Веста е објавена во сосема куса форма на, со фотографија само на жената, која е обвинета за содомија. Онака како што е сублимирана и пласирана оваа вест, очигледно е дека намерата не била деталното информирање на јавноста за случајот, бидејќи во неа недостасуваат бројни детали и елементи кои останатите медиуми во светот ги пренесуваат, туку веста е тукс за да шокира и да привлече внимание. Линк до оригиналниот напис: Имала секс со

Рецензија: Која блондинка ја урна цената на ајварката?

на 18. 09. 2013 | | sq
Во серијата написи кои се занимаваат со „ликот и делото“ на косовската министерка за трговија Мимоза Кусари во време кога е се уште актуелна затегнатоста на трговските односи помеѓу Македонија и Косово, се појави и напис во чијшто наслов министерката е наречена „блондинката“ и кој се занимава со нејзиниот сексапил, афинитетот кон високата мода и со тоа кој се ја сакал, а кој не. Без оглед што е во прашање материјал поместен во рубриката ЖИВОТ, ваквиот третман на политичар од соседна земја е манифестација на невкус и сексизам, кој тешко дека може да се оправда со лежерниот третман на теми во оваа рубрика. Потенцирањето на нејзините физички карактеристики (блондинка) за сметка на останатите обележја на нејзината личност и функција, има

Рецензија: Пропуши ли Радмила Шеќеринска?

на 17. 09. 2013 | | sq
Оваа фото-вест е сликовит пример на квази-новинарска вест, која, под изговор дека го информира читателот за релевантни информации од сферата на јавниот интерес, всушност, е во функција на дискредитација на одредена личност, групација или политичка опција. Написот има две димензии – поставувањето на дилемата дали потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шеќеринска, пропушила, како и таа дали пуши, спротивно на Законот, во јавни простории, а прашањата се темелат на фотографијата на која Шеќеринска седи на маса на која има и кутии со цигари. И на двете прашања во написот не е даден одговор, но, затоа е проблематизирана и нејзината искреност и нејзиното почитување на важечките закони. Написот е така формулиран што обидот за дискредитација е објавен во форма на јавно искажана

Претплатете се за најнови вести