verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ : Заев е нехуман – не сака да вработи 11 социјално загрозени лица

на 13. 12. 2013 | |
Препукувања на двете најголеми спротиставени политички опции во Република Македонија се секојдневие во македонскиот медиумски простор.  Од тој аспект, извештајот за проследената прес-конференција на претставник на ВМРО-ДПМНЕ, на која тој го критикува претседателот на СДСМ е сосема коректно изработен: дадени се поентите од пресот на едната, дадени се и контра-изјавите на другата страна, насловот ја содржи оградата дека искажното обвинување е цитат од говорникот од ВМРО-ДПМНЕ, нема коментирање на авторот, туку се е оставено на судирот на аргументите на двете страни. Па, сепак, написот содржи елементи на политичка пристрасност, бидејќи исказот на претставникот на владеачката партија, даден во насловот и во самиот текст, не е пренесен како што бил искажан, туку авторот употребил посилни и подискредитирачки фрази што не биле

Анонимните писма во медиумите како метод за манипулација на јавноста

на 4. 12. 2013 | | sq
                     

Ниту Новинарскиот кодекс на Здружението на професионални новинари на Македонија ниту пак Прирачникот за етика на новинарството на ЗНМ не го уредуваат начинот на кој медиумите во Република Македонија би требало да се однесуваат кон анонимните писма на читателите, туку тоа им е оставено на уредувачките политики на самите медиуми

  Пишува: Југослава Дуковска   Дали медиумите треба да

Рецензија: Француското МНР ја најави средбата меѓу Фабиус и Попоски во Париз

на 27. 11. 2013 | | sq
Агенциската вест на МИА за најавената средба на македонскиот министер за внатрешни работи, Никола Поповски, со неговиот француски колега овде е пренесена  воглавно, задоволувајќи ги потребните професионални стандарди. Но, притоа се направени и грешки. Првата, која паѓа в очи, бидејќи е во воведната, ударна реченица на веста, е дека како портпарол на француското МНР е наведен Кеј д‘Орсеј, што, всушност, ја претставува локацијата во Париз на која е сместена оваа институција. Кеј д‘Орсеј е метоним за ова француско министерство, исто како што името Пентагон, односно седиштето на Министерството за одбрана на САД често се користи за да го замени полниот назив на таа институција. Притоа, од увидот во оригиналната вест на МИА за овој настан, може да се утврди дека

Рецензија: Плукни залепи програма на СДСМ

на 25. 11. 2013 | |
Напис кој претставува типичен пропаганден текст е поместен помеѓу останатите дневни информации на порталот за да прилега на новинарска информација, но содржи премалку елементи за да биде тоа. Појдовна точка, но и единственот информативен елемент во написот е дека постоела печатната грешка на промотивниот материјал со кој Социјалдемократскиот сојуз ја промовира својата нова економска програма за враќање на средната класа и таа се ползува за исмевање како на програмата, така и на самата политичка партија. Освен податокот дека на летоците на кои е испечатена програмата на СДСМ, наместо евра, до сумата која е наведена стои денари, написот не содржи ништо друго освен низа навредливи коментари на сметка на партијата. Линк до оригиналниот напис: Плукни залепи програма на СДСМ Датум и

Рецензија: ШОК, ПРОТЕСТИ И БЛОКАДИ: Девојче жртва на монструмите – Стајковци на нозе по стравотното претепување на осум деца

на 19. 11. 2013 | |
Станува збор за вест која пренесува информација за реакциите на жителите на Стајковци по инцидент во кој се инволвирани, засега непознати, маскирани напаѓачи и средношколци, кои биле предмет на нападот што се случил во автобус број 45, на релација Транспортен центар-Село Стајковци. Иако, на прв поглед веста само информира за настанот, елементите кои таа ги поседува: наслов со пренагласена драматика („ШОК, ПРОТЕСТИ И БЛОКАДИ:  Девојче жртва на монструмите –

Рецензија: Со донација на Захариев бетонирани неколку споредни штипски улици

на 4. 11. 2013 | |
Веста содржи информација дека штипскиот градоначалник Илчо Захариев донирал вреќи цемент за бетонирање на неколку помали штипски улички,  но авторот (непознат) пропуштил да појасни дали Захариев оваа донација ја дава како обичен граѓанин, кој посакал од свој џеб да им помогне на своите сограѓани и да им ги бетонира уличките или, пак, во својство на градоначалник на Штип. Исто така, не е наведен изворот на таа информација. Кога ќе се земат предвид ингеренциите на Општината: „изградба, реконструкција и заштита на локалните и регионалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти, од: Надлежности на Општината, Закон за локална самоуправа, 2002 г. и на Градоначалникот „го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината“, Надлежности на Градоначалник, Закон

Рецензија: Кипарската полиција трага по Британецот кој како дете бил киднапиран од Роми

на 31. 10. 2013 | |
Новинарите имаат посебна одговорност за јавно искажаниот збор и со оглед на тоа што нивниот збор им важна улога во обликувањето на јавното мислење, пишувањето на медиумите треба да биде неспоиво со ширењето на говорот на омраза, на предрасуди или поттикнувањето дискриминација по било која основа. Поради тоа, објавувањето на тврдење дека дете било киднапирано од Роми, во наслов на напис кој информира за нови моменти околу истрагата за исчезнато дете со британско државјанство во Грција и на Кипар, а притоа никој никаде не изнесол таков податок, е неодговорно и непрофесионално. Тоа што текстот е очигледно преземен од странски портали, без тоа да биде напоменато, со што некритички бил копиран и насловот, не ја намалува одговорноста на медиумот, кој требал

Рецензија: Цел ГТЦ во Скопје и се смееше на оваа девојка

на 29. 10. 2013 | | sq
Во своите рубрики насловени како Забава, Занимливости и слично, кои по правило донесуваат „полесни“ содржини, со понеобврзувачки третман на темите во манир на таблоидите, некои, условно кажано „посериозни“ медиуми, често забораваат каде се границите на добриот вкус, хуморот и етиката, па материјалот што го пласираат се случува да биде делумна, па дури и целосна измислица. Еден речит пример за ваквата практика е фото-веста за девојката на која, наводно, и се смеел цел ГТЦ во Скопје поради изборот на гардеробата, која го откривала нејзиниот долен веш. И површно фрлање поглед на објавената фотографија е доволно за да се утврди дека локацијата не е точна, бидејќи во Градскиот трговски центар во Скопје не постои таков ескалатор како на сликата. Малку интернет истражување,

Рецензија: Најмалку новинари, најмногу “уфрлени“ лица на денешниот протест

на 25. 10. 2013 | | sq
Новинарскиот протест против пресудата за затворска казна за колегата Кежароски, одржан на платото пред Музејот на револуционерната борба на 23 октомври, беше јавен настан, кој се одвиваше среде бел ден, пред бројни сведоци, па обидот на овој текст да ги оцрни демонстрантите и опозицијата и да ја забошоти грубоста на полицијата кон учесниците на протестот, преку напис, кој, со мали измени, беше објавен во повеќе медиуми од слична провениенција, не се покажа како добар потег. Главната теза на написот е дека на протестот имало најмалку новинари, едвај педесетина, а дека „поголем број од протестантите беа ‘уфрлени’ од оние на кои им одговараат немири штетни за Македонија“ , за понатаму во текстот да заклучи дека „Сликата која ја видовме денес наликува

Рецензија: Топ ПЕТ бизниси во Македонија осудени на неуспех!

на 24. 10. 2013 | |
Како еден од поновите информативни портали во македонскиот медиумски простор, порталот Фактор претставува позитивен исчекор поради приоритетот што им ги дава на темите од областа на економијата, финансиите и бизнисот воопшто, па  објавениот текст на тема кои бизниси во Македонија се осудени на неуспех разбирливо привлекува внимание. Текстот има добра структура, интересен приод, солидна аргументација, пишуван е во лесен и разбирлив стил, прифатлив за поширок аудиториум. Детектира глобални трендови, кои се рефлектираат и на домашниот бизнис амбиент, што го прави уште поинтересен за читателската публика. Темата е атрактивна, а написот нуди практични информации, но опасноста да биде сфатен како само уште едно лесно четиво, а не како професионално обработена тема, лежи во тоа што на текстот му недостасуваат цитирани извори

Претплатете се за најнови вести