verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Рецензија: Газдите на „Нетпрес“ загубени на релација САД-Кипар, „Република“ на Кариби

на 11. 02. 2014 | | sq
Истражувањето, дел од заедничкиот труд на тројца новинари за сопственоста на интернет порталите во Република Македонија, претставува атрактивно четиво. Иако е во прашање првиот дел од истражувањето, написот „врие“ од податоци за поврзаноста на имиња на политички личности и личности од бизнис заедницата, со фирми, сопственички удели во некои од интернет-медиумите, радикално критички настроени кон опозицијата. Богато илустриран, поткрепен со графички прикази за полесно согледување на комплицираните политичко-бизнис-медиумски релации, за кои станува збор, написот претставува добар пример на истражувачкото новинарство. Се разбира, комплетна слика за целото истражување ќе се добие дури со објавувањето на останатите делови. Линк до оригиналниот напис: Газдите на „Нетпрес“ загубени на релација САД-Кипар, „Република“ на Кариби Датум и време на објавување: 4.02.2014, 13:33 Датум на рецензирање: 

Рецензија: Бранко Геровски – полициски новинар во весникот на Фрчко!

на 3. 02. 2014 | | sq
Еден во низата текстови чија главна цел е дикредитација на новинарот Бранко Геровски е предмет на оваа рецензија. Написот донесува само еден точен факт, а тоа е дека Геровски бил член на Редакцискиот одбор на стручната публикација БЕЗБЕДНОСТ, која ја издаваше Министерството за внатрешни работи на РМ. Од овој факт, авторот, кој и овојпат е непознат, гради конструкција создадена од полувистини и тотални невистини, шпекулации и инсинуирања – со цел да ја наведе јавноста да поверува дека Геровски работел за полицијата, односно дека бил полициски доушник. Сепак, илустрациите – факсимилите од списанието, со кои се обидува да го докаже „случајот“, работат во полза на вистината, односно покажуваат дека во Редакцискиот одбор на оваа ценета публикација, која била дистрибуирана и надвор

Рецензија: Пратеник на СДСМ со пиштол

на 30. 01. 2014 | |
Веќе со сензационалистички интонираниот наслов овој напис прави обид да креира случај, сензација, во чие средиште ќе биде претставник на најголемата опозициона партија во државата. Но, како што ќе покаже содржината на текстот, насловот, всушност, го открива мотивот кој стои во позадина, а тоа е и по цена на евтина манипулација да се создаде негативен сентимент, вознемиреност или одбивност кон нешто што го носи предзнакот СДСМ. Иако непотполн, насловот „Пратеник

Рецензија: Зошто „Фокус“ не се противеше кога му плати на Црвенковски 30.000 евра за клевета?

на 29. 01. 2014 | | sq
Станува збор за политички пристрасен редакциски коментар, закамуфлиран како „информација“, според која неделникот „Фокус“ имал различни критериуми во однос на двете парични отштети на име на загубен судски процес по основ за тужби за клевета – за казната од 6.000 евра во случајот со директорот на УБК, Сашо Мијалков се бунел, а за многу повисоката отштета од 30.000 евра, исплатена на Бранко Црвенковски – не. Ова тврдење, врз кое се гради „информацијата“ е неточно. Само површно истражување во новинските архиви ќе покаже дека за случајот „швајцарски сметки“, сопственикот на „Фокус“ , покојниот Никола Младенов покренал против-тужба во која бараше 100.000 евра отштета од Црвенковски, а неговиот адвокат најавуваше дека ќе биде покренат случај пред Меѓународниот суд во Стразбур. Освен обидот

Рецензија:ФОТО: Отишол „мртов пијан” во тоалет – другарите останале шокирани

на 22. 01. 2014 | |
Иако пласиран како „вест“ во рубриката Забава, што навидум  ја елиминира потребата од сериозност и професионален пристап, написот со својата содржина и со својот морализаторски и исмејувачки тон на соопштување на „информацијата“ никого не забавува. Но, затоа, пак, нарушува нечија приватност и претставува грубо исмејување на личност која не е свесна дека некој медиум некаде отворено го навредува и изложува на потсмев. Написот предизвикува чудење како воопшто можел да биде објавен и зошто воопшто некој би посакал да ги информира своите читатели за една толку ирелевантна и дегутантна тематика како што е пијанството на непознато момче од Русија, за кое нема ниту докази дека навистина колабирало од пијанство. Медицината, впрочем, познава состојба на колабирање за време или непосредно по уринирањето,

Рецензија: ВО ТЕТОВСКО: Американец го истражува срушениот американски бомбардер

на 20. 01. 2014 | | sq
Репортажата за потрагата по остатоците од соборениот американски бомбардер од Втората Светска војна во тетовскиот крај и приказната поврзана со тој настан и луѓето кои учествувале во него, претставува вистинско освежување во инаку монотониот македонски медиумски простор. Освен што се работи за жанр на репортажа, кој мошне ретко осамнува на страниците на пишаните гласила, темата е одлично обработена. Репортажата е преполна со интересни податоци, изјави на упатени, ексклузивни фотографии, убаво заокружена и лесна за читање. Видлив е напорот на авторот, даден само со иницијали, темелно да ја истражи целата сторија, па конечниот производ јасно се издвојува од морето на безлични, жанровски нејасни и неоригинални новинарски производи, со кои сѐ почесто се полнат страниците на електронските и печатени гласила. Линк до

Рецензија: ВИДЕО: Поларниот студ во САД наменет бил за Србија, нешто тргнало наопаку?!

на 14. 01. 2014 | |
Лажна вест од српски хумористичен сајт nasapatka.rs,  која медиум ја пренесува како вистинска, најверојатно како резултат на невнимание и брзоплетост, осамна на неколку домашни сериозни информативни портали и генерираше доста негативни коментари. Веста за тоа дека, наводно, американскиот систем ХААРП, кој влијае на атмосферските прилики на планетава, наместо Србија, по грешка ги замрзнал САД, се појави, се разбира намерно, токму во време кога беа актуелни информациите во светските медиуми за огромните студови кои го зафатија поголемиот дел од САД и неа ја објавија неколку домашни медиуми. Тие паднаа во стапицата на кромид-новинарството и го објавија текстот во рубриката СВЕТ, која донесува сериозни содржини, за разлика од другите, кои или подоцна го повлекоа или, пак, го сместија во рубриките ХУМОР, ЗАНИМЛИВОСТИ 

Рецензија: СДСМ и ДУИ „на линија“

на 9. 01. 2014 | |
Написот заслужува рецензија, бидејќи е пласиран во рубриката ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, а всушност не содржи ниту една информација, туку само шпекулација дека најголемата опозициона партија и ДУИ,  како партија на Албнците која партиципира во власта, имаат некаква тајна врска, односно дека „се на линија“, а доказ е отсуството на изјави во врска со актуелни дневно-политички теми. Текстот е интониран на таков начин да сугерира постоење некаква заткулисна, валкана врска помеѓу СДСМ и ДУИ, претставувајќи ги речиси како учесници во некаква завера против јавноста и намерно занемарувајќи го фактот дека политички партии имаат слобода да го изразуваат или да не го изразуваат својот став за некои општествени прашања, дека не е неприфатливо две партии од различна провениенција да имаат исти ставови

Рецензија: Загаден воздух: Ноќеска Карпош уриваше рекорди (ФОТО)

на 26. 12. 2013 | | sq
Темата загадување на воздухот последниве денови беше една од најактуелните во државава. Ќе можеше да се каже дека овој напи релативно прифатливо ја обработува темата, доколку не е направена крупна грешка – погрешно е протолкуван графиконот објавен на веб-страницата на Министерството за животна средина, каде измерените вредности се илустрирани со различни бои на кривите. За волја на вистината, графиконот навистина може да биде погрешно протолкуван, бидејќи се одбрани слични бои со кои се одбележани вредностите на двете општини со најголемо загадување – Центар и Карпош. Освен овој крупен превид, кој резултираше со погрешна поента извадена и во насловот и во главата на текстот, самиот напис е сиромашен со други податоци кои се однесуваат на загадувањето на воздухот, а кои му

Рецензија: Хрватска преплашена: жена стопира возачи пред тунел, влегува во нивниот автомобил, а потоа мистериозно исчезнува!

на 24. 12. 2013 | |
Текстот обработува тема за наводна мистерија во Хрватска, каде постојат приказни дека непозната убава девојка, која најверојатно била дух (!), автостопирала на Јадранската магистрала и на возачите, кои ќе ја качеле во колата, им ја претскажувала иднината, а потоа мистериозно исчезнувала од возилата! Иако е објавен уште пред повеќе од еден месец, овој текст сѐ уште се чита и споделува на социјалните мрежи. Претставува типичен пример на написи со кои во последно време се полнат рубриките ЗАНИМЛИВОСТИ, БИЗАРНИ ВЕСТИ, ПАРАНОРМАЛНО по домашните портали, иако е поместен во рубриката ЖИВОТ, која, вообичаено би требало да донесува посериозни и поиздржани теми. Според начинот на кој  ја обработува, поточно – ја преработува темата од хрватски медиуми – без критичка дистанца, без наведени извори,

Претплатете се за најнови вести