verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Рецензија: Нов скандал ја тресе Владата: Приведен е владин функционер за примање на мито

на 25. 04. 2014 | |
Еве еден речит пример за брзоплетост комбинирана со непочитување на основните новинарски правила за пишување на вест. Иако се работи за интернет-портал кој по дифолт има можност своите читатели да ги информира буквално веднаш по настанот, во овој случај тој се решил за полежерна, подобро речено – помрзлива варијанта – сензационалистички наслов кој ќе биде „тизер“ за читателите, а во самата вест информацијата ќе биде само нафрлена како непотврдена шпекулација, без ниту еден детал. Прегледувањето на останатите вести за истиот случај ќе открие дека останатите медиуми, откако утрото исто така ја пуштиле првата најава за случајот со митото од 200 евра, истата ја апдејтирале по одржаната прес-конференција во МВР, на која биле изнесени повеќе детали, но тоа не било сторено

Рецензија: Крајот на една Рејтинг агенција

на 10. 04. 2014 | |
Едно истражување на јавното мислење во пресрет на претседателските избори во Република Македонија минатата недела во голема мерка ја разбранува јавноста и генерираше жолчни реакции како кај владеачката ВМРО-ДПМНЕ, така и во медиумите кои ја поддржуваат. Беа извадени аргументи дека се работи за нестручно, партиски пристрасно истражување на јавното мислење, иако оваа агенција порано во повеќе наврати исправно ги прогнозираше изборните победи токму на ВМРО-ДПМНЕ. Типичен пример за тоа колкава провокација беа прогнозите на агенцијата Рејтинг е и написот кој е предмет на рецензијава, бидејќи е срочен со невообичаено голема доза за личен револт и анимозитет, кои провејуваат од првиот до последен напишан ред. Иако се работи за текст во кој не само што се анализира, туку и се коментира

Газди и квази-новинарство: Дискредитирачки коментар маскиран во извештај

на 7. 04. 2014 | |

[Рецензија на напис: Кој му е газда на Пендаровски?]

Веќе самиот наслов го подготвува читателот за тоа што е намерата и каква е содржината на четивото кое му се нуди. Користејќи го исказот на Стево Пендаровски во својство на кандидат на СДСМ за претседател на државата, искажан на предизборен митинг, дека шефот на државата не смее да има газда над себе, насловот поставува прашање: кој му е газда на Пендаровски?

Рецензија: Подготвува ли СДСМ нов шок за поддржувачите – Шекеринска за премиер!

на 3. 04. 2014 | | sq
Телевизискиот прилог и написот пласиран на порталот не можат да се подведат под ниту една категорија на новинарски производ – се работи за компилација од шпекулации без конкретни извори, со само еден, анонимен соговорник, претставен како „еден од експертите“, кои ја развиваат тезата за претстојниот крах на најголемата опозициона политичка партија, поради лошите потези и кадровски решенија. Политичкиот спин е очигледен, а ставени во контекст на предизборниот амбиент, овој напис и ТВ-прилог, имаат конкретна употребна вредност, не како начин да се пренесе информација, туку како средство да се пласира политичка пропаганда и да се влијае на тоа како гласачите ќе ја перцепираат СДСМ и потпретседателката Радмила Шеќеринска. Прекршени се и бројни правила на Кодексот на новинарите, меѓу кои се и

Рецензија: Пендаровски фатен во фалсификат, СДСМ купува лажна поддршка

на 26. 03. 2014 | | sq
Веќе самиот наслов „Пендаровски фатен во фалсификат, СДСМ купува лажна поддршка“ укажува на карактерот на написот – дискредитирачки, со силни негативни квалификации. Текстот, имено, тврди дека Фејсбук поддршката за официјалниот профил на претседателскиот кандидат на СДСМ (лајковите)  е „збогатена“ со додавање на лајкови од други страници и профили на Фејсбук, кои претходно немале никаква врска со Стево Пендаровски, но, потоа тие страници биле преименувани и „мерџирани“ односно споени со официјалната страница на Пендаровски и лајковите кои таму стоеле, се слеале на контото на кандидатот на социјалдемократите. „Мерџирање“ на страници, кои првобитно имале сосема друга намена, нивно преименување во страници за поддршка на одреден политичар, според правилата на социјалната мрежа Фејсбук, овозможува собраните „лајкови“ за поддршка на тие првобитни

Рецензија: Владата продолжува да инвестира во студентските домови

на 17. 03. 2014 | |
Во најмала рака цинично зазвучува насловот на веста која донесува исказ на ресорниот министер за состојбите во студентските домови во Република Македонија. Но, тоа очигледно не го тангира авторот, па истиот исказ е извлечен и повторен и во поднасловот. Кога ќе се земат предвид грозоморните слики на руинираните простории, нехигиената и крајниот стадиум на запуштеноста во која се наоѓаат сместувачките капацитети за студентската популација во државата, што беа вистински „хит“ во домашните и светски медиуми деновиве, на читателот веднаш му се наметнува едно логично прашање: ако на ваков начин Владата „инвестирала“ во студентските домови досега, зарем има логика да се фали дека на истиот начин и ќе продолжи? Токму оваа „поента“ на министерот Спиро Ристовски од насловот генерираше негативни коментари

Рецензија: Севастопол: Нема македонски војници на аеродромот

на 8. 03. 2014 | | sq
Една, главно коректно напишана вест за настаните во Украина, во која се дадени сите потребни елементи за целосна информација, содржи две сериозни грешки, кои од неа направија школски пример како не смее да се прави вест. Веќе на прв поглед е забележлив насловот на веста: „Севастопол: Нема македонски војници на аеродромот“, а веднаш потоа внимание привлекува и илустрацијата на текстот – војници на АРМ закитени со македонски знамиња, построени пред високи званичници. Со оглед на тоа што светските медиуми во времето на објавување на информацијава беа буквално преплавени со информации од конфликтот во Украина, тешко дека можеше да се најде макар и просечно информиран човек кој не ги знаеше основните параметри на оваа криза – навлегувањето на руски

Рецензија: Фото: Доказ дека СДСМ стои зад денешните протести пред Владата

на 27. 02. 2014 | | sq
Веќе првата реченица навестува „драма“ – „Овој документ докажува дека СДСМ стои зад денешните протести“ е лаконско тврдење на авторот на написот и тоа се потпира на документ со „конспиративна“ содржина, без задолжителниот печат и потпис на потпишаниот функционер на Социјалдемократскиот Сојуз, Миле Зечевиќ, во кој тој ги повикува општинските организации во Скопје да делегираат свои членови, кои „дискретно“ ќе присуствуваат на протестите на стечајците пред Владата. Автентичноста на писмото е проблематична, бидејќи и на лаик му е јасно дека вакво писмо со било каква содржина, лесно може да се фалсификува, а објаснувањето дека тоа е пронајдено на социјалните мрежи, повеќе звучи како изговор отколку како објаснување кој е изворот на информацијата. И додека медиумите кои не ѝ 

Рецензија: СДСМ со американски политички експерти, кој чинат 10 милиони долари, тргнува да го руши ВМРО-ДПМНЕ, copy-paste како во Србија?!

на 21. 02. 2014 | |
Првиот впечаток при читањето на написот е дека се работи за чист пример на пропагандистичко четиво, а, притоа, авторот, непознат, имал проблем како со стилот и правилата на новинарското изразување, така и со правописот и граматиката на македонскиот литературен јазик. Текстот, всушност, претставува обид на еден релативно мал простор од 20 и нешто редови да се пласира компилација на шпекулации без ниту еден понуден доказ за паушалните тврдења и без кредибилен извор, со исклучок на  „извори на Охридскај“ и „од самото раководство на СДСМ“. Иако поместен во рубриката „вести од Македонија“, не би можел да ја задоволи ниту најлежерната дефиниција на поимот: новинарска информација. Линк до оригиналниот напис: СДСМ со американски политички експерти кој чинат 10 милиони долари тргнува да

Рецензија: Син на пратеничка раководи сајт, туристички работници се новинари

на 12. 02. 2014 | | sq
Речиси веднаш по објавувањето на истражувачката сторија на тим од тројца новинари на НОВА ТВ и на ФОКУС, за оф-шор бизнис-политиските врски помеѓу власта во Република Македонија и неколкуте портали, кои најмногу работат на дискредитација на опозицијата и критички настроените новинари во државава, овде е пренесен напис на едниот од засегнатите портали во сторијата, а кој говори за наводни незаконски врски и работење на два портали – brif.mk и А1он, кои, пак,  се критички настроени кон власта. Притоа, направен е обид за дискредитација на пратеничката Ленче Николовска од СДСМ преку обелоденување на информацијата дека сопственикот на brif.mk ѝ е син, но по сѐ изгледа намерно заборавајќи дека забраната за сопственост на медиуми за носителите на јавни функции важи само за

Претплатете се за најнови вести