verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Рецензија: НАУЧНИЦИТЕ СЕ ШОКИРАЛЕ: Пронајден доказ дека Бог постои!

на 14. 07. 2014 | |
Летото, се чини, e идеално време за пласирање на сензационалистички измислици кои звучат како вистинити вести, бидејќи повеќето медиуми сметаат на тоа дека читателите тогаш преферираат „лесни ноти“ место сериозни политички теми. Ова би бил првичниот коментар откако ќе се прочита текстот кој е предмет на рецензијава, а чијашто тема е – ни помалку ни повеќе туку обраќањето на Господ на луѓето преку нивната сопствена ДНК! Нема сомневање, темата е интригирачка, а написот формално задоволува многу од очекуваните новинарски стандарди – има наведени извори, има факти кои звучат како научни, има искази од стручни лица, кои, наводно, биле дел од ова опсежно генетичко-лингвистичко истражување. Но, проблемот е во тоа што се работи за лажно истражување, изведено од непостоечка научна институција,

Рецензија: Шеќеринска ќе си замине?

на 3. 07. 2014 | |
Текст, стилски неодреден, „ни риба ни девојка“, нешто помеѓу проширена информација и коментар, е базиран на шпекулации од „партиски извори“, кои раскажуваат приказни за потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шеќеринска и немаат ниту допирна точка со некој факт или проверлив податок. Насловот е мамката – одбрана е безбедна и покоректна опција, шпекулација во прашална форма („Шеќеринска ќе си замине?“), а содржината открива дека материјал за написот скоро и да немало, односно тој е толку „тенок“ со факти и стои на толку несигурни стаклени нозе кога се во прашање извори, што не би требало да го помине уредувачкото сито во еден сериозен медиум. Нема начин да се утврди дали тврдењата кои се изнесени се вистинити или тотално невистинити. Едно

Рецензија: Жерновски навиваше во дрес со боите на Грција!?

на 19. 06. 2014 | |
Без оглед што станува збор за напис објавен од забавен портал, темата е повеќе од сериозна. Камуфлиран како бенигна информација поврзана со актуелен спортски натпревар, овој текст всушност е политички атак врз опозиционен политичар, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Во него без многу суптилност Жерновски е претставен како предавник на сопствената држава и нација бидејќи „Дојде да навива на трибините во Борис Трајковски облечен во  „Адидас“ маичка или дрес, што ли ќе беше, во сина боја со бели ленти,  кои се националните бои на нашиот вчерашен противник – Грција.“ За да се подвлече драматичноста на предавството на Жерновски, во текстот има и вакви искази: „Речиси сите беа облечени во боите на нацијата, освен тој…“ иако самите слики приложени како

Рецензија: Героски провоцира и лечи комплекси на ФБ: Старата преамбула ги фаворизираше Македонците, кој ве е*е за Ѓорче

на 3. 06. 2014 | |
Рецензираме уште еден прилог во антологијата на текстови во кои новинарите се занимаваат со новинари, при што предмет на опсервација овојпат е новинарот Бранко Героски и неговите текстови објавени во медиумите за кои пишува, меѓутоа и неговата активност на приватниот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Уште со самиот наслов е јасно дека поентата на текстот не се самите колумни на Героски, туку обид тој да се претстави ем како провокатор кој користи говор на омраза, анти-Македонец, ем, сосема контрадикторно на претходново – како разгорувач на националистичките страсти во текот на нередите што се случуваа по убиството на младото момче во скопската населба Ѓорче Петров. Една од клучните поенти за негативниот став кон Героски изнесен во написот е дека тој „

Рецензија: Го убиле со секири, копачи и ножеви поради велосипед – детали за убиството на тинејџерот во Скопје

на 30. 05. 2014 | |
Крв, секири, ножеви, лопати и убиен тинејџер. Веќе со насловот читателите се воведуваат во еден хорор-филм на полувистини и дезинформации околу убиството на 19-годишниот Ангел Петковски во скопската населба Ѓорче Петров. Се работи за една од првичните вести со кои јавноста беше информирана за трагичниот инцидент во кој животот го загуби младото момче, а кои потоа покренаа лавина на револт на граѓаните што ескалираше во немири со многу повредени и значителна материјална штета. Од неколкудневна временска дистанца може да се согледа дека тој револт на голема група граѓани, инициран од убиството на Петковски од страна на само една година постаро момче од албанска националност, бил подбуцнат, меѓу другото и со написи од ваков тип – полни со непроверени информации и

Рецензија: Божјо предупредување? Крвави реки низ целата планета, научниците немаат објаснување!

на 19. 05. 2014 | |
Веќе со самиот наслов читателите се измамени. Текстот под него само ја продлабочува измамата. Предмет на рецензијава е текст кој прераскажува фото-сторија „позајмена“ од друг, странски портал, сосе „библиското“ толкување на настаните, кои навистина се случувале и се случуваат низ светот, а изгледаат навистина шокантно – реки и други водени површини буквално преку ноќ добиле како крв црвена боја на водата. Како и примарниот извор, и текстот кој го рецензираме ја застапува тезата дека за овие феномени нема објаснување. Демек, владите и научниците биле „во целост збунети од овие случувања“, додека „луѓето сѐ повеќе зборуваат дека станува збор за јасни знаци од Ивановата книга на Откровението“. Па, уште се додава дека „луѓето поради својата ароганција никогаш нема

Рецензија: Жерновски му го врти грбот на Заев?

на 8. 05. 2014 | | sq
Предмет на рецензијата е типичен политички спин-напис базиран на шпекулација која ја пласирал друг медиум, а таа шпекулација потоа магично ја добива тежината на факт, со кој на читателите им се креира непостоечка сторија за раздор во таборот на опозицијата. Веќе наредниот ден по објавувањето на оваа непотврдена и неточна информација, настаните ја демантираат. Но, по сѐ изгледа, целта и не било точно и навремено информирање на читателите за случувањата во таборот на опозицијата, туку токму спротивното – матење на водата, пласирање невистини, извртување на вистината со што јавноста треба да стекне впечаток дека опозициониот фронт е разединет и се распаѓа, како и дека конкретни политички личности се виновници за тој распад. Прашалникот на крајот од насловот е слабо алиби

Рецензија: Како лидерите на СДСМ поднесуваат пораз: Заев најкукавички, Бучковски најдржавнички

на 6. 05. 2014 | |
Текстот е политички памфлет, а не новинарски текст и може слободно да се смести во категоријата дискредитирачки написи за ликот и делото на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, со кои изобилува македонскиот медиумски простор во постизборниов период. Интересен по својата структура и според замислата – споредба помеѓу изјавите на лидерите на СДСМ дадени после секој од парламентарните избори во Република Македонија од 2006 година до годинешните. Секој од изборните циклуси во овој период Социјалдемократскиот сојуз ги помина со различна личност на чело на партијата и споредбата на нивните официјални изјави после секој изборен процес се чини интересна за анализа. Меѓутоа, мотивот за објавување на текстот воопшто не е некаква постизборна споредбена анализа и со тоа читателот е начисто веќе

Рецензија:Скандал: Возрасна жена почина на влезот на „Зелено Пазарче“- повеќе од час никој не дојде да го земе безживотното тело

на 29. 04. 2014 | |
Фотографија на мртва жена покриена со чаршав, легната на плочник, бомбастичен наслов кој раскажува сѐ , куди и осудува, непотребна драматизација, пристрасно коментирање и некоректен однос кон засегнатите страни, сето ова е проблем во врска со текстот кој е предмет на рецензијава. Разголувањето на интимата на еден човек во моментот на неговата смрт, недостоинственоста на ситуацијата во која тој го завршил животот, болката на најблиските, кои треба да се соочат и со смртта на саканата личност, сето тоа е дополнето и со сеирџискиот сензационалистички пристап во известувањето во овој напис, кој е евидентен.   „Правото на јавноста да биде информирана не може да биде оправдување на потребата од сензација.“      „Кога известуваат за настани кои предизвикале лични трагедии, болка и шок

Скандалозно: објавени измислици за „Кристална ноќ“

на 25. 04. 2014 | |

[Рецензија: Скандалозно: Заев со сценарио за пропаѓање на изборите]

Опозиција оцрнета со најжестоки негативни квалификации со елементи на говор на омраза, груб и навредлив напад на конкретна фигура, во случајот – лидер на најголемата опозициона партија неколку дена пред изборите без аргументи, со користење на фантомски анонимни (непостоечки) внатрепартиски извори од опозицијата кои, како по правило, секогаш зборуваат сѐ најцрно за својата партија, користење на искази на претставици на власта како извори на информации за состојбите во опозицијата, користење на услугите на едни те исти самопрогласени политички аналитичари за нападите да добијат, демек, призвук на објективност, тоа се само делумно наброени слабости на текстот кој е предмет на рецензијава. Се работи, имено за чисто пропаганден текст, кој е само ехо

Претплатете се за најнови вести