verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Fatlume Dervishi

Видеоснимки, презентирани со една реченица, не се вест

на 13. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Десет арамии крадат 60 милиони евра од граѓаните на Чаир]

  Со еден сензационален наслов кој буди љубопитност, тврдејќи дека е направен грабеж на толку многу пари од граѓаните, текстот ја манипулира јавноста затоа што содржината на веста не содржи ништо од тоа што го најавува насловот. Линк за оригиналниот текст: „Десет арамии крадат 60 милиони евра од граѓаните на Чаир” Датум и време на објавување: 28.07.2015, 12:15

При известување за убиство, одговорноста на новинарот се удвојува

на 12. 08. 2015 | |

[Рецензија: „Еве ги причините за денешното убиство во Куманово!”]

  По известување за едно убиство што се случило во Диво Насеље во Куманово, горенаведениот медиум одбрал да раскаже за причините за ова убиство, во кое животот го изгуби едно лице, а друго лице е рането. Ова не е етичен начин на информирање за едно убиство, затоа што се работи за лица кои не се јавни личности и причините за убиството

Непроверените информации не носат доверба во медиумите

на 31. 07. 2015 | | sq
    Медиумите избираат да си „играат“ со сензационални и необични вести за да го привлечат вниманието на читателите и со тоа да имаат повеќе публика. Овој напис грубо ги крши етичките норми за објавување информации и тоа од неколку причини. Линк до оригиналниот наслов: Албанија со нудистички плажи, семејствата заминуваат Датум и време на објавување: 22.07.2015, 16:45 Датум на рецензија: 26.07.2015 Рецензија: Фатљуме Дервиши Teкстот што го рецензираме е проследен со една фотографија и претендира да го информира читателот за една појава што е табу за општеството. Новинарот ја смета фотографијата за точна и тоа „здраво за готово“ без да понуди ниту една информација за да потврди дека неговите наводи се точни. Не се нуди ниту еден податок за

Добрата структура носи точна вест

на 29. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Убиен командант Шќипоња]

  За веста да има целосна структура, треба да одговори на шесте основни прашања и да ги има трите главни елементи: вовед, содржина и заднина со дополнителни податоци за личноста или прашањето што се обработува. Иако се работи за кратка вест, таа ги содржи сите важни елементи на една вест. Линк од оригиналниот напис: „Убиен командант Шќипоња„ Датум и време на објавување: 23.07.2015, 14:52 Датум на рецензија: 24.07.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Уште на самиот пошеток, веста ја дава основната информација пто претставува одговор на прашањето што се случило. Потоа, продолжува да одговара на главните прашања на кои треба да одговори секоја вест. Бидејќи се работи за убиство на личност која се занимавала со политика, искористени

Не секој текст е вест

на 25. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: И по скандалите со „бомбите“, Муса Џафери има образ да им го честита Фитр Бајрам на муслиманските верници]

  Шпекулативните наслови не се дел од етичкото и професионално новинарство. Но, исто толку важни при објавувањето на вестите се и основните начела што треба да ги содржи еден текст за да се смета за вест. Линк до оригиналниот наслов: Рецензија: И по скандалите со „бомбите“, Муса Џафери има образ да им го честита Фитр Бајрам на муслиманските верници Датум и време на објавување: 17.07.2015 Датум на рецензијата: 19.07.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Текстот што го рецензираме најпрвин ги нема потребните елементи на една вест. Тој, едноставно, пренесува една изјава, но не е напишан со елементите што ја определуваат една вест.

Точната атрибуција е неопходна

на 25. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Иселениците се ограбуваат на српскиот автопат]

  Точната атрибуција на изворите е еднo од основните начела на професионалното новинарство. Тоа што често се забележува кај медиумите е преземањето информации од разни портали без да се провери оригиналниот извор. Ова практика доведува до распространување на вести што не се проверени и се еднострани. Линк до оригиналниот напис: “Иселениците се ограбуваат на српскиот автопат” Датум и време на објавување: 18.07.2015, 18:58 Датум на рецензија: 21.07.2015  Рецензент: Фатљуме Дервиши Веста што ја рецензираме е преземена од порталот „Aлбинфо“ и истиот е цитиран. Но, оригиналната вест ѝ припаѓа на агенцијата IНА. Како тема со посебен јавен интерес, во текот на летото е и доаѓањето на иселениците и прашањата што ги засегаат нив.

Иронијата на новинарот не треба да биде дел од веста

на 22. 07. 2015 | | sq
   

[Рецензија: „Албанците не им веруваат на зборовите на ДУИ, видете како му одговараат на Османи!„]

  Важните политички збиднувања се важен јавен интерес. Таков беше и случајот со разговорите за политичката криза во Македонија. Прашањата што се поставуваат по постигнувањето на договорот што директно ги засега луѓето се легитимни, но при известувањето, иронијата и сарказмот не треба да бидат дел од веста. Тие може да се употребат во други рубрики, како што се коментарите или ставовите. Линк до оригиналниот наслов: Албанците не им веруваат на зборовите на ДУИ, видете како му одговараат на Османи! Датум на објавување: 15.07.2015 Датум на рецензија: 16.07.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Teкстот што го рецензираме го покренува прашањето околу постигнатиот политички договор, кој не

Насловот на веста треба да соодветствува со содржината

на 18. 07. 2015 | | sq
[Рецензија: Дали Реисот го „благослови„ луксузниот ифтар на Движењето Беса?]   Насловите во новинарството имаат цел да привлечат читатели. Колку поинтересен наслов, толку повеќе внимание им се посветува на новинарските продукти. Но, тоа секогаш треба да биде засновано на точна информација. Сензационалноста и надувувањето не се во согласност со новинарските стандарди. Линк до оригиналниот напис: Дали Реисот го „благослови„ луксузниот ифтар на Движењето Беса? Датум на објавување: 12.07.2015 Датум на рецензија: 13.07.2015 Рецензент: Фатлуме Дервиши Насловот на написот што го рецензираме, „Дали Реисот го ‘благослови’ луксузниот ифтар на Движењето Беса?”, (во кој има и еден македонски збор („благослови“) ставен во наводници, кој слободно би можел да биде и на албански – „бекои“) претставува јасна тенденција против наведената политичката

Клеветите се недозволени во новинарството

на 14. 07. 2015 | | sq
[Рецензија: Некои „албански“ медиуми со македонски газди]   Анализираниот текст содржи клевети, предрасуди и претпоставки. Веродостојноста на овој текст се намалува уште повеќе со тоа што не се знае името на авторот. Потоа, во текстот нема изјави од сите инволвирани страни и, како таков, тој е едностран, тенденциозен и субјективен. Анализата ќе ја почнеме од насловот. Тој дезориентира и дезинформира, бидејќи понатаму целиот текст се заснова врз претпоставката на авторот дека постојат такви медиуми, без да се понудат релевантни факти за овој навод. Линк до оригиналниот наслов: Журнал: Некои „албански„ медиуми со македонски газди Датум и време на објавување: 10.07.2015 Датум на рецензија: 11.07.2015 Рецензент: Фатлуме Дервиши Пред да го напише текстот, авторот требало да го има предвид член 1

Рецензија: Колку чини телефонот на Нуран Изаири? (ФОТО)

на 8. 07. 2015 | | sq
Големиот прилив на информации ги тера медиумите, особено тие на интернет, да се обидат да ја зголемат читаноста поставувајќи насловни конструкции што привлекуваат внимание и поттикнуваат љубопитност, за читателот да ја отвори веста. Се препорачува насловната констукција да поттикне љубопитност, но притоа не занимавајќи се со прашања што не се од јавен интерес. Линк до оригиналниот напис: Колку чини телефонот на Нуран Изаири? (ФОТО) Датум и време на објавување: 03.07.2015 Датум на рецензирање: 03.07.2015 Рецензент: Фатлуме Дервиши Тоа што е навистина јавен интерес во веста што ја рецензираме е делот што се споменува многу малку, и тоа на почетокот на текстот, дека „… министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, заедно со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи,

Претплатете се за најнови вести