verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Fatlume Dervishi

Соопштенијата за медиумите се само еден дел од веста

на 24. 10. 2015 | | sq
[Рецензија: Движењето Беса го поддржува Советот на родителите на училиштето „Имри Елези“]   Не може да се смета дека еден новинар професионално си ја извршил својата работа доколку едноставно само пренесува информации од официјалното соопштение на една организација или, во најлош случај, доколку целосно го пренесе соопштението на организацијата. Новинарот треба да го збогати својот напис со дополнителни информации поврзани со настанот, што ја појаснуваат идејата која ѝ се пренесува на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Движењето Беса го поддржува Советот на родителите на училиштето „Имри Елези„ Датум и време на објавување: 14.10.2015 Датум на рецензија: 15.10.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Во написот што е предмет на ова рецензија се пренесува (целосно) едно соопштение за печат на Движењето Беса, во кое 

Веста е многу повеќе од лично мислење на еден извор

на 17. 10. 2015 | | sq
[Рецензија: Зекири: ВМРО и ДУИ се извадиле скроз од памет]   Содржината на веста треба да ги почитува стандардните правила за структурата, што подразбира да има глава, содржински дел и таканаречен „бекграунд“. Доколку недостига некој од овие елементи, многу мала е можноста написот да биде јасен за читателот. Но, кога еден текст воопшто не ја почитува ова структура, освен што е нејасен, нејасна е и целта на пренесувањето на информацијата. Линк до оригиналниот наслов: Зекири: ВМРО и ДУИ се извадиле скроз од памет Датум на објавување: 06.10.2015 Датум на рецензија: 07.10.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Сè што претставува веста што ја рецензираме е следново: „Главниот и одговорен уредник на ТВ Алсат, Мухамед Зекири, го коментирал предлог-законот предложен од ВМРО и ДУИ

Зеколи немал никаква шанса да се огради од „Сервис за проверка на факти во медиумите“

на 17. 09. 2015 | | sq
  [Рецензија: Aрсим Зеколи се огради од Сервисот за проверка на факти во медиумите]   Сè повеќе новинарите прават грешка при вршење на својата професија, кога при пребарување на интернет ги претвoраат објавите на луѓето во вести, без никаква проверка и во случаи кога тие се сосема неточни и поради тоа немаат никаква вредност. Кога социјалните мрежи се користат како единствен извор за информации во новинарството, може да се случи споделување на сомнителни, непотврдени, а со тоа и безвредни информации за да бидат професионални вести. Линк до оригиналната вест: Aрсим Зеколи се огради од Сервисот за проверка на факти во медиумите Датум и време на објавување: 11.09.2015 Датум на рецензија: 13.09.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Aвторот напишал еден напис кој се

Тахири: Деградирање во медиумите, како од политиката така и од самата професија

на 10. 09. 2015 | | sq
Сефер Тахири: „Политичките партии да разберат дека кога ги добиваат изборите, не ја добиваат и МРТВ“   Во пресрет на една средба, која што ќе се одржи кон средината на септември, каде во фокус ќе биде напредокот и состојбата на албанските медиуми во Македонија, се реализира еден циклус интервјуа, како желба да се отвори дебата и да се поттикне или да се забележат предизвиците и успесите на албанските медиуми. Ви

Илјази: Секогаш сме чувствувале политички притисоци

на 5. 09. 2015 | | sq
Бесим Илјази: „Нема вид на притисок што не сме го преживеале во текот на овие девет години.“  

Во пресрет на една средба, која ќе се одржи кон средината на септември, а на која во фокус ќе биде напредокот и состојбата на албанските медиуми во Македонија, се реализира еден циклус интервјуа, како желба да се отвори дебата и да се поттикне или да се забележат предизвиците и успесите на албанските

Погрешно интерпретираната статистика носи само манипулација

на 4. 09. 2015 | | sq
  [Рецензија: 70% од новороденчињата во Скопје се Албанци, Македонците умираат]   Кога се наоѓаш пред една вест полна со пропусти и со грешки кои се направени намерно од новинарот, свесен си дека е повреденo правото на читателот да биде правилно информиран, без манипулативни тенденции. Тенденциите од оваа природа ја намалуваат доверливоста на медиумот и на самиот новинар. Линк до оригиналниот напис: 70% од новороденчињата во Скопје се Албанци, Македонците умираат Датум и време на објавување: 31.08.2015, 11:57 Датум на рецензија: 01.08.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Веста што ја рецензираме почнува со тенденција за манипулација уште од самиот наслов и со избор на зборови кои воопшто не се погодни за претставување на информацијата со која располага авторот на текстот. Потпирајќи се

Исени: На многу портали цел им се плагијати, сензации, манипулации

на 3. 09. 2015 | | sq
Башким Исени, сопственик на „Албинфо“   Во пресрет на една средба, која ќе се одржи на средината на септемврии на која во фокус ќе биде напредокот и состојбата на албанските медиуми во Македонија, се реализира еден циклус интервјуа, како желба да се отвори дебата и да се поттикне или да се забележат предизвиците и успесите на албанските медиуми. Ви го донесуваме интервјуто со директорот на платформата „Албинфо“ (albinfo.ch), Башким Исени,

Веста има потреба од што е можно повеќе факти

на 27. 08. 2015 | | sq
[Рецензија: „Гласовите ги земаат во Шипковица, но пари не даваат“]   Камуфлажата на еден текст, кој е коментар, како вест, е голема професионална грешка на новинарот. Во нашите медиуми ова се случува често. Новинарите со право се обидуваат да бидат критични кон работата на политичките лидери, барајќи одговорност за нивните обврски. Но, овие нивни напори може да се сметаат за празни доколку не се потпираат на извори и на факти. Линк до оригиналниот напис:  „Гласовите ги земаат во Шипковица, но пари не даваат“ Датум и време на објавување: 17.08.2015 Датум на рецензија: 20.08.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Целта на новинарот, во веста што ја рецензираме, била да ги критикува лидерите на најголемите албански партии, Али Ахмети и Мендух Тачи, за нивното

Едностраноста ѝ штети на правилната критика

на 20. 08. 2015 | | sq
[Рецензија: Чие „родно место„ е Шипковица, на Али или на Груевски?]   За да се направи споредба и да се даде суд за постапките на две личности од политичкиот живот или кои било јавни личности, не е доволно (не е професионално) да се прикаже само гледиштето на новинарот или неговите лични убедувања. Информацијата треба да се извлече од релевантни извори и од неприкосновени факти. Линк до оригиналниот напис: Чие „родно место“ е Шипковица, на Али или на Груевски? Датум и време на објавување: 13.08.2015, 14:34 Датум на рецензија: 14.08.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Случајот на текстот што го рецензираме, кој не може да се смета за вест бидејќи му недостигаат главните елементи на една вест, е една споредба на активностите на

Институциите, кои и да се, се само една страна во веста

на 19. 08. 2015 | | sq
[Рецензија: Општина Центар, полицијата врши притисок врз фирмите кои пто работат со нас]   Потребно е одржување баланс при известувањето, нудејќи целосна и сеопфатна информација, искористувајќи ги ставовите на сите страни опфатени во веста. Овој начин на информирање се смета за професионално известување, особено кога една страна е обвинета, а другата обвинува. Доколку новинарот ѝ дава простор само на едната страна, веста ризикува да се смета за необјективна, а новинарот како пристрасен. Линк до оригиналниот напис: Општина Центар, полицијата врши притисок врз фирмите кои пто работат со нас Датум и време на објавување: 12.08.2015, 14:00 Датум на рецензија: 13.08.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Веста што ја анализираме зборува за една важна државна институција која обвинува една друга, исто така важна, државна

Претплатете се за најнови вести