verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Fatlume Dervishi

Факти нема, коментари безброј

на 9. 01. 2016 | | sq
Оригинален напис: „Селмани  не кажува кој бил „јакиот“ кој ги наполнил гласачките кутии за тој да победи“ Скопје, 16 декември – Поранешниот Вицепремиер Имер Селмани во своето интервју за Телевизија Шења вели дека фалсификувањето на изборите е скоро невозможно. Тој признава дека од 2000-та година па навака, гласањето во албанските општини се врши во семејна форма, каде едно лице, „јакиот“ на маалото, може да собере и до 200 гласови за една политичка партија. Селмани со оваа изјава не сака да прецизира дали зборува за себеси, кога од 2000-та година со помош на одредени групи кои го заплашуваа народот од Дрвенскиот регион, тој убедливо победуваше на избори. „Фалсификувањето и манипулирањето на изборите во Македонија еволуираше многу брзо. Ако во 2000 година

Се потпираме на „Дедо Мраз“ за подобро решение

на 8. 01. 2016 | | sq
  „Тајноста – најдоброто засолниште на неспособните – треба да биде на најниското ниво во едно демократско општество, бидејќи една јавност информирана за сé претставува основа на самовладеењето. Тие што се избрани или одредени на високи владини позиции, треба да прифатат дека владата во една демократска земја не може да е помудра од народот.“   Внатрешниот комитет за владините активности (САД) Извештај од 1960 година Пишува: Фатлуме Дервиши За крајно

Занимливостите кои се дел од работата на новинарот не треба да се сметаат за девијација од веста

на 28. 12. 2015 | | sq
[Рецензија:„Од јајцата наменети за општината настрада и новинарот на Телеграф”] Минатонеделните протести за високото ниво на загадување на воздухот во Тетово, беа проследени со големо внимание од медиумите. Секој медиум се обидуваше да пренесе свое видување на настанот за да привлече внимание. Некои од порталите го следеа и протестот, информирајќи ја јавноста директно од местото на настанот. Еден од нив извести и за инцидентот со нивниот новинар. Една таква вест е интересна, но, треба да се внимава да не го одвлече вниманието од самата вест. Линк до оригиналниот напис: „Од јајцата наменети за општината настрада и новинарот на Телеграф” Датум и време на публикација: 18.12.2015, 14:58 Датум на рецензија: 20.12.2015 Рецензент: Фатлуме Дервиши
Протестите обично заземаат голем медиумски простор, особено

Медиумот ги прогласува виновниците и ги казнува и потоа случајот го презема судот

на 25. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „Лажни сметки во Швајцарија се подготвени за Ахмети и Џафери – се сомнева дека сценариото е на СДСМ и Божиновски?!”] Веднаш по откривање на едно незаконско дело „новинарите“ брзаат да го прогласат виновникот и своите написи ги базираат на информации кои ги добиваат од несоодветни извори. Последниве денови во јавноста се рашири веста дека се идентификувани и уапсени тројцата осомничени за фалсификување на документите за идентификација (скандал откриен неколку недели претходно), но нивниот идентитет остана непознат за јавноста. Ова беше објавено од Основниот суд, но понатамошниот тек на настаните не беше јавен. Некои медиуми, глумејќи професионалност и мислејќи дека прават истражувања и големи откритија, сервираат идеи и заклучоци кои не ги добиваат од одговорните органи што ја вршат истрагата.

Сензацијата носи читатели, но не и доверба

на 15. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: „На паузата за реклами, Груби му се заканил на Селмани декa ќе го гаѓа со чаша”]

Природно е човековото внимание да биде привлечено од необичните работи кои понекогаш се предмет и на вестите. Меѓутоа, хиперболизацијата на некоја случка и нејзината интерпретација како скандал, без да е навистина тоа, не е етички потег. Да не зборуваме за случаите кога на непроверени хипотези им се припишува епитет на скандал. Линк до оригиналниот напис: „На паузата за реклами, Груби му се заканил на Селмани дек ќе го гаѓа со чаша” Датум и време на објавување: 04.12.2015, 12:29 Датум на рецензија: 09.12.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Авторот толкува една телевизиска дебата од емисијата „Патот кон…“ на „Алсат М“, но притоа не информира за што

Со прашалник не му се дава легитимитет на тенденциозен напис

на 4. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: „Манипулација со натпартискиот одбор?“]

Ставањето прашалник на крајот од насловот не ѝ дава легитимитет на тенденцијата на новинарот да постави непотврдени идеи. Честопати новинарите мислат дека ако стават прашалник, тоа значи дека во текстот можат да пишуваат што сакаат, иако тоа не е потврдено и не е атрибуирано на компетентен извор. Линк до оригиналниот напис: „Манипулација со натпартискиот одбор?„ Датум на објавување: 30.11.2015 Датум на рецензија: 01.12.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши ОБЈЕКТИВНОСТА „ПАДНАЛА ВО ВОДА“ Овој текст зборува за можна манипулација на движењето Беса како политички субјект и притоа самиот го нарекува ова барање неоправдано. Тоа не го поткрепува ниту со компетентни извори, ниту со издржливи факти. Според наведеното во написот, натпартискиот одбор е голема идеја за партиите со мала

Медиумите ја критикуваат работата на медиумите

на 27. 11. 2015 | | sq
[Рецензија: Граѓаните со критики за ТВ Шења] „Фејсбук“ – единствен извор на информации. Мислењето на „граѓаните“ – претставено само преку еден граѓанин. Познавачите – кои воопшто не се именувани. Медиумите повторно и повторно паѓаат во истата стапица на крајна непрофесионалност. Како и многупати претходно, и во овој случај, социјалните медиуми се земени како релевантен извор на информации, не наоѓајќи за потребно наводите да се потврдат и со дополнителни факти. Линк до оригиналниот наслов: Граѓаните со критики за ТВ „Шења“ Датум и време на објавување: 19.11.2015 Датум на рецензија: 21.11.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Кога новинарот се осмелува да пишува под насловот „Граѓаните со критики за ТВ Шења“, во неговиот текст треба да има најмалку три-четири ставови на граѓани со релевантни мислења.

Мислењата не може да бидат топ вести

на 12. 11. 2015 | | sq
[Рецензија: Aџамиите од „Беса“ уште имаат за учење од ДУИ]   Медиумите имаат право да отворат разни рубрики, во кои можат да објавуват едиторијали, ставови, мислења за кој било феномен. Но, сите овие форми на пишување се разликуваат многу од веста и не се совпаѓаат една со друга. Линк до оригиналниот наслов: Aџамиите од „Беса“ уште имаат за учење од ДУИ Датум и време на објавување: 05.11.2015 Датум на рецензија: 09.11.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Ова е текст преземен од друг портал или, поточно, како што авторот го цитирал изворот, „(Од рубриката контра-прес на порталот Шкупиекспрес)“. Порталот „Шкупиекспрес“ има една рубрика во која новинарите или администраторите ги изразуваат своите мислења или коментираат изјави за печат, било да се политички

Новинарот не може да зборува во име на политичките партии

на 7. 11. 2015 | | sq
[Рецензија: ДУИ нема да отстапи од тоа што е проектирано во соработка со Брисел и Вашингтон]   Промовирањето и рекламирањето се активности што не му припаѓаат на новинарството, а уште помалку на професионалното новинарство. Медиумите не треба да им помагаат на политичките партии да ги реализираат своите кампањи за да ги убедат граѓаните дека тие се во право, освен кога тоа се наведува јасно. Правото е на страната на јавноста. И, за да суди правилно, јавноста има потреба од факти. Линк до оригиналниот напис: ДУИ нема да отстапи од тоа што е проектирано во соработка со Брисел и Вашингтон Датум на објавување: 04.11.2015 Датум на рецензија: 04.11.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Написот што го анализираме претставува чиста пропагандна реторика. Авторот на

Нецитирањето на медиумот кога се пренесува вест е неетично

на 1. 11. 2015 | | sq
[Рецензија: „Касами: Работиме во насока на обединување на опозицијата„]   Како и за секое друго дело, и за новинарските написи, плагијаторството е недозволиво и претставува кршење на авторските права и на етичките норми. Но, не е нималку ретка појава. Целосното или делумното копирање на информативните материјали и нецитирањето на изворите се едни од почестите „пропусти“ на медиумите. Линк до оригиналниот напис: Касами: Работиме во насока на обединување на опозицијата Датум и време на објавување: 23.10.2015, 14:16 Датум на рецензија: 26.10.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Во период на изразена политичка криза, медиумите „трчаат“ по ексклузивноста на информациите, по постапките и по одлуките на политичките функционери што имаат разни јавни одговорности. Интервјуата секогаш се најдобриот начин за да се дознаат одредени информации и

Претплатете се за најнови вести