verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Fatlume Dervishi

Поттикнувањето омраза не е етичко!

на 5. 04. 2016 | | sq

Напис: Јавниот обвинител Зврлевски вели дека ќе се бори против Албанците бидејќи тие се „терористи“

Скопје, 22 март – Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, со неговата последна изјава ја потресе домашната јавност бидејќи на индиректен начин ги обвинува македонските Албанци нарекувајќи ги „терористи“ и дека сериозно ќе се занимава со нив. Зврлевски се обидува да ги оцрни Албанците велејќи дека се радикални исламисти. Со оваа негова изјава сака предвреме да го подготви теренот и да ги етикетира Албанците како фактор за дестабилизација на Македонија.
Тој, меѓу другото, изјавил дека борбата против тероризмот и учеството во туѓи војни е предизвик за градењето на еден меѓународен однос што ќе им го попречи патот на ваков вид казнени дела.
„Република Македонија

Новинарот ја решава дилемата на ДИК: „Фантомски гласачи нема”!

на 24. 03. 2016 | | sq

 

Напис: ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ нема, проблем се само 30 000 гласачи, 90 отсто Албанци

По темелно прегледување е констатирано дека спорни во избирачкиот список се само 30 000 гласачи, од кои околу 90 отсто се Албанци. Ова бројка не се однесува на фантомски гласачи, туку на вистински луѓе кои имаат право на глас, но чии податоци не се совпаѓаат целосно со базите на податоци со кои располагаат институциите. Oва е потврдено и од членови на ДИК кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ и од претседателот Александар Чичаковски, кој додал дека нема потреба од паника, бидејќи фантомски гласачи нема, пишува „Нетпрес“. [Рецензија: „ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ нема, проблем се само 30 000 гласачи, 90% Албанци”] Во еден краток текст е третиран еден многу чувствителен

Латифи: Политиката да ги слуша медиумите, а не обратно!

на 23. 03. 2016 | | sq
Anita Latifi
Таа е јавнa личност веќе години наназад. Директна, со специфичен хумор и со ставови што се читаат и се коментираат по социјалните мрежи. Таа е слика на албанската жена во медиумите… Почнала со работа во радио, за потоа да премине на телевизија, при што го хармонизирала нејзиниот ангажман со уметноста во Албанскиот театар. Неодамна, Анита Латифи стана дел од екипата на „Телевизија 21“, еден од неколкуте нови медиуми на албански

Насловите со коментари немаат место во информативните жанрови

на 22. 03. 2016 | | sq

Напис: Незири се пазари без анџијата: Прогласува победа на ДУИ, уште пред да гласаат Aлбанците!

Шефот на изборниот штаб, Беким Незири, честиташе за одржувањето на овој собир и истовремено истакна дека ДУИ во сите нејзини разграноци одржува изборни собири на Младинскиот форум. „Младинскиот форум е клучен сегмент за еден здрав политички субјект. Не се сомневам дека на 5 јуни ќе ја славиме следната победа во Липково и во цела Македонија. Почитувана младино, изборите на 5 јуни се најважни за ДУИ, но и за сите Албанци во Македонија“, известува „Журнал“. Неколку политички партии на различни начини, уценувајќи и лажејќи, ги напаѓаат политиките на ДУИ. Нема ни албанска ни македонска политичка сила што може да ги запре залетот и силата на ДУИ

Кога медиумот го претвора во заканувач тој што е под закана

на 17. 03. 2016 | | sq

Напис: Муки под закана или заканувач?

Мухамед Зекири дава до знаење дека му се закануваат од политички причини, но не појаснува конкретно кој и на каков начин. Неговата изјава е пренесена од речиси сите медиуми, без разлика дека за тоа што тој го нарекува закана, треба прво да им се обрати на соодветните органи. Но, Зекири претпочита повеќе да направи шоу отколку да побара законска заштита, да биде во центар на вниманието и да биде разгален од колегите Mакедонци, уште повеќе што таму каде што се наоѓа сега, го нема тоа јавно влијание што некогаш го имаше. Но, дали Зекири навистина бил под закана? Што подразбира тој под закана? Зошто не ја поткрепува заканата со ниеден факт, ако е навистина

Теоријата и практиката во новинарството, паралели што се пресекуваат

на 3. 03. 2016 | | sq
Во теорија, теоријата и практиката се иста работа. Во практиката, не се – Алберт Ајнштајн. Фото: Скриншот

Никако не можеш да се наречеш себеси новинар без да практикуваш новинарство и затоа универзитетите не треба да тврдат дека произведуваат дипломирани новинари без да им овозможат барем половина семестар да се запознаат одблиску со предизвиците на професијата

„За работите што треба да ги научиме пред да ги направиме, ние ги учиме правејќи

Со намера да се критикува, се забораваат фактите

на 1. 03. 2016 | | sq

Напис: Мола Сула го нарекува Груевски диктатор откако го „благослови“

Претседателот на ИВЗ во Македонија, Сулејман Реџепи, вели дека муслиманите од Балканот кои се борат во Сирија претставуваат опасност. Тој го смета поранешниот премиер Груевски за диктатор, пренесува „Телеграф“. Реџепи ова го изјавил во еден разговор со новинар од балканската мрежа БИРН, одржан во неговата канцеларија во Општина Чаир во Скопје. Познат и како колумнист, Сулејман Реџепи вели дека често е критикуван, но тој постојано пишува колумни само во свое име како интелектуалец и како граѓанин на оваа држава. Понатаму, Реџепи говори за мрежата БИРН дека не може да гарантира дека нема криминалци и терористи кај муслиманите, но самата религија не може да се идентификува со реалностите на поединците што

Може да се почне од сомневања, но основа се фактите

на 12. 02. 2016 | | sq

Напис: Тачи во Чаир не може да најде кандидат за пратеник, ДПА во паника каде ги снема членовите!

Скопје, 30 јануари: -Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, започнал интензивна кампања за да ги убеди неговите поранешни сопартијци да се вратат во редовите на неговата партија. Како што се дознава неофицијално, Тачи повикал неколку јавни личности кои се познати како поддржувачи на оваа партија, нудејќи им и позиции во листите за пратеници. Ловот на оваа партија, главно се одвива во таборот на ДР-ДПА, субјектот кој успеа да привлече еден дел на членството, но и борбата за нови гласачи.

[Рецензија:„Тачи во Чаир не може да најде кандидат за пратеник, ДПА во паника каде ги снема членовите!”]

Под притисок постојано да бидат во потрага

Новинарството е на страната на народот, не треба да биде против него!

на 11. 02. 2016 | | sq

 

Напис: Пола Арачиново на нозе за Заев, Албанците се посрамотија

Скопје, 28 Јануари -Стотици жители Албанци од село Арачиново, Скопско во центарот на селото го пречекаа лидерот на опозициската партија на Македонците, Зоран Заев. Во свечена атмосфера и со френетичен аплауз се пречека Зоран Заев, како една голема личност на албанскиот народ.   Неофицијално, Журнал дознава дека поголемиот дел на тие што го пречекаа Заев, биле дел од поранешната структура на ДПА на чело со Мендух Тачи. Центарот на Арачиново беше блокиран од сите страни и десетици Албанци почнаа да извикуваат „Заев, ти си спасител“. Фотографијата која ја објавил Заев на неговиот профил на Фејсбук, кажува јасно за присуството на жителите на Арачиново, кои ја покажаа својата лојалност кон лидерот

Без професионализам, текстовите остануваат „палаври“ (празни зборови)

на 13. 01. 2016 | | sq
Оригинален напис: Зборовите на Мендух Тачи „палаври“, притворените од Бродец „умираат во затвор“, а тој се занимава со Куманово
Скопје, 4 јануари – Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ветил дека ако ДПА стане дел од новата влада, тогаш под итно ќе го реши проблемот со притворените косовари од Диво Населје во Куманово. Тој не дава објаснување дали и овој случај ќе го реши како оној од Бродец. Тој ова го изјавил во едно интервју дадено за весникот Лајм. Инаку, во 2007 година, ДПА која беше дел од владата заедно со Премиерот Никола Груевски, организираше една голема полициска акција во Бродец, Тетово. Во оваа акција имаше неколку жртви, и голем број на селани беа приведени и малтретирани на најбрутален начин од

Претплатете се за најнови вести