verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Fatlume Dervishi

Нецелосна, еднострана и несеопфатна вест за Осломеј

на 7. 10. 2016 | | sq

Напис: Кичевo, студија за модернизирање на термоелектраната Осломеј

Презентацијата за модернизација на термоелектраната во Осломеј ги предвидува мерките за намалување на загадувањето, начинот на транспортирање на јагленот од трети земји и неговиот квалитет, што ќе ги намали и количествата на испуштени гасови. Според оваа студија, термоелектраната Осломеј ќе троши околу 350.000 тони ќумур траспортиран преку железничка линија или по земјен пат и од ова количество јаглен се очекува да се обезбедат 800 мегават-часови електрична енергија. Заменик-директорот на ЕЛЕМ, Фатмир Лимани, вели дека термоелектраната во осломеј, во недостиг на јаглен во последните години не функционирала со полн капацитет, затоа овие интервенции предвидени со овој проект се неопходни. По презентацијата на оваа студија, на која учествуваа и претставници од Општина Кичево, невладини

Медиумски земјотреси при известување за земјотреси

на 22. 09. 2016 | | sq

 

Како што треба да се почитува начелото дека потребата за брзина никогаш не смее да ја загрози професионалноста, вистинитоста и веродостојноста на трудот, во продолжение вреди да се почитува и начелото дека обидот за сензација (кој подразбира кликови, читаност и прегледност), не смее да ја занемари употребата на фактите

Пишува: Фатлуме Дервиши
Низа „земјотреси“ во медиумите следуваа по последователните тресења од минатата недела во Скопје и во околината. Станува

Новинарството треба да ги избегнува шпекулациите

на 9. 09. 2016 | | sq

 

Напис – Екслузивно: Заев дава оставка како претседател на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, известуваат за весникот „Лајм“ сигурни извори. Меѓутоа, оваа оставка не претставува негово повлекување од политиката, а ни од раководството на СДСМ. Тој повторно ќе се кандидира за претседател на партијата на конгресот на СДСМ што ќе се одржи по две недели. Истите извори велат дека иако можеби ќе има и противкандидати, на овој конгрес Заев повторно ќе биде избран за лидер на партијата, бидејќи има неоспорна поддршка кај мнозинството делегати и структурата. „На овој начин Заев ќе ја потврди неоспорната поддршка што ја има и со оваа поддршка ќе се впушти во изборната трка на 11 декември“,

Еве како изгледа еден манипулативен наслов

на 2. 09. 2016 | | sq

Напис: Велјановски го загуби животот во сообраќајна несреќа во Oхрид

  Откриен е идентитетот на мотоциклистот што во вторникот го загуби животот во сообраќајна несреќа во Охрид. Според весникот „Дневник“, станува збор за Крсте Велјановски, сопственик на познат локал во Охрид, пренесува весникот „Лајм“. Несреќата се случила на патот Кичево – Охрид, во близина на селото Требеништа, меѓу еден мотоцикл и камион. Мотоциклот од Скопје се движел во правец кон Охрид, додека тешкиот камион „сканиа“ се движел од Охрид кон Кичево. Мотоциклот завршил под камионот. Од МВР потврдиле дека возачот на мотоциклот починал на самото место.  

[Рецензија: „Велјановски го загуби животот во сообраќајна несреќа во Oхрид“]

Манипулацијата со сензационални наслови не е реткост во новинарството. Ова се прави за

И стара вест без ниту еден нов елемент, може да биде опасна

на 31. 08. 2016 | | sq

 

Напис: 21-годишниот Ром осуден на 13 години затвор за украдени 100 евра

Ромското семејство Сејфула во Куманово вели дека сè уште се шокирани од пресудата на судот за нивниот 21-годишен син што беше осуден на 13 години затвор за кражба на 100 евра. Осудениот е Бирсан Сејфула, кој се обвинува дека со група ги нападнал тројца илегални Авганистанци мигранти во околината на Куманово и им украл 100 евра. И братот на Бирсан завршил со казна, но во куќен притвор, додека двајцата други напаѓачи се во бегство. Таткото на осудениот истакнал дека син му ќе одлежи затвор од 13 години, како да убил некого: „Оваа казна е срам за судството. Ова е гнасно. Поради оваа висока казна, здруженијата на ромската

Известување за природните катастрофи – како треба да се прави?

на 26. 08. 2016 | | sq

 

Кога се случува една природна катастрофа, поплави, земјотрес, цунами итн., обично медиумот известувањето за катастрофата го остварува во две фази: првата е таа на вонредните изданија (breaking news – вонредни вести), веднаш по катастрофата, кога луѓето сè уште се соочуваат со првите последици од катастрофата, додека втората фаза е фазата на вообичаеното информирање по нормализација на ситуацијата, со опширни објаснувања од повеќето аспекти на феноменот и на последиците

  Пишува:

„Цунами” во Тетово или „цунами” во текстот?

на 26. 08. 2016 | | sq

 

 

Напис: АЛАРМ: Во Тетово почна „цунами“

Ова не е природна катастрофа што доаѓа од бога, туку човечка катастрофа што доаѓа од ДУИ на Али Ахмети. Ако во Хасанбег (Сингелиќ – заб. на СПФМ), поплавите ги избркаа луѓето од нивните домови, во Тетово ДУИ е таа што ги брка тетовчани од нивното место. За што станува збор? Шест администратори кои се вработени во Управата за јавни приходи во Тетово и кои имаат канцеларии во објектот на Општина Тетово, со одлука од структурите на ДУИ се трансферираат од нивното работно место во Тетово, во Управата за јавни приходи во Скопје, без ниедна причина, туку само затоа што не се политички ангажирани и ја вршат професионално својата работа. Но, ова не е

Контроверзно новинарство: „Тешко на државата со невработените“

на 16. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Повеќе од 200.000 „невработени бадијалџии“ не планираат да работат во Хасанбег?!

Скопје, 10 август – Во Македонија продолжува една чудна ситуација, при што повеќе од 200.000 лица се евидентирани во Агенцијата за вработување како невработени, но воопшто не преземаат ниедна конкретна иницијатива за да се ангажираат во последните поплави што се случија во Хасанбег (с. Сингелиќ – заб. на СПВ на македонски јазик) и во другите скопски села. Овие невработени лица се со години евидентирани во Агенцијата за вработување и уживаат многу права од државата. Добиваат помош од државата и имаат бесплатно здравствено осигурување. „Журнал“ прашува како е можно последниве денови, кога Општина Гази Баба бараше доброволци за чистење на населбите од последните поплави и за овие доброволци

Новинарство киднапирано од сензационализмот

на 15. 08. 2016 | | sq

 

 

 Напис: Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?

Гостивар, 3 август – 31-годишниот Ќ.Х. и 21-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар во вторникот, околу 7.30 часот, киднапирале две деца на 15 и на 16-годишна возраст. Случајот се случил во планината над гостиварското село Врањовце, пренесува весникот „Лајм“. Едно од децата било врзано со јаже од страна на Ќ.Х., додека другото дете го држел Ќ.Џ. Случајот се случил поради тоа што тие ги обвинувале двете деца дека им ги украле нивните коњи. Исто така, на двете деца им упатиле закани по животот. Случајот бил пријавен во полиција, а против Ќ.Х. и Ќ.Џ. е поднесена кривична пријава. Инаку, граѓаните на Гостивар се жалат дека градот станал опасен за

Наслов за мамење читатели

на 4. 08. 2016 | | sq

 

   

Напис: Пратениците и министрите на ДУИ ги напуштаат Собранието и Владата

Министрите и зaменците министри на ДУИ, како и парламентарната група на интегративците, со исклучок на два-тројца пратеници, ги напуштиле Собранието и Владата. Тие не се појавиле на денешната седница посветена на пратеничките прашања, бидејќи отишле на погребот на мајката на Али Ахмети во Зајас. Хума Ахмети, 82-годишната мајка на лидерот на ДУИ, починала синоќа. Ахмети неколкупати се појави во јавноста со неговата мајка Хума. Еднаш се појавија одејќи заедно на гласање. [Рецензија: „Пратениците и министрите на ДУИ ги напуштаат Собранието и Владата“] До каде ќе одат медиумите и новинарите со нивните целосно „аут“ наслови само за да ги привлечат читателите?! Секако дека ова прашање паѓа на ум

Претплатете се за најнови вести