verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Димитар Тануров

Креирање поинаква „вистина“

на 26. 01. 2016 | | sq
 

[ВИДЕО: Анкетите на ИРИ и Брима Галуп го променија ставот на Заев и СДСМ]

  Текстот е коментаторски и едностран, при што со прикривање податоци се обидува да направи спин за причините поради кои опозицискиот СДСМ одлучи да не оди на избори, доколку тие се одржат 24 април. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Анкетите на ИРИ и Брима Галуп го променија ставот на Заев и СДСМ Датум и време на објавување: 24.01.2016, 09:51

Датум на рецензирање: 25.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

СПИНУВАЊЕ

„Што се смени од крајот на ноември до средината на јануари? Опозицискиот лидер Зоран Заев за неполни два месеци го смени својот став околу одењето на избори, иако во суштина ништо не е променето.“ Текстот се темели

Ако не мислиш како власта, тогаш си СДСМ?!

на 25. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Алексов од МОСТ со исти ставови како на СДСМ]

  Написот е коментаторски и едностран, не се темели на факти и се обидува да ја дискредитира професионалноста на личноста која стои на чело на граѓанската Асоцијација за следење на изборите „Мост“. Во него се испуштаат информации за да се направи спин и да се создаде поинаква слика, која кореспондира со ставовите на власта. Линк до оригиналниот напис: Алексов од МОСТ со исти ставови како на СДСМ Датум и време на објавување: 22.01. 2017,10:22 Датум на рецензирање: 24.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ДИСКРЕТИТИРАЊЕ

„Директор на граѓанската асоцијација МОСТ или нов портпарол на СДСМ? Дарко Алексов деновиве настапува со тезите на Зоран Заев, а не ја врши работата за која е

Скапа облека – евтин текст

на 19. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Рада и Прада не се делат – кариеристиката од Пржино повторно се луксузира!]

Текстот е критизерски скроен и е правен со единствена намера – да ја дискредитира заменик-претседателката на СДСМ. Уште во поднасловот на оваа медиумска содржина се најавува дека таа има цел да етикетира и да оцрнува. Тоа се гледа во начинот на кој се презентира работната биографија на Радмила Шекеринска. Линк до оригиналниот напис: Рада и Прада не се делат – кариеристиката од Пржино повторно се луксузира! Датум и време на објавување: 17.01.2016 – 21:20 Датум на рецензирање: 18.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ДА СЕ УНИШТИ УГЛЕДОТ НА ШЕКЕРИНСКА!

Користејќи го терминот „кариеристка“, написот ја претставува Шекеринска како „ловец на позиции и на богатсво“, чија главна цел

Спинувана приказна

на 18. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Заев бега од избори затоа што се плаши од народот]

Текстот е едностран и коментаторски. Наместо информациите непристрасно да се презентираат, во согласност со новинарските стандарди, тие се коментираат, наменски се налепуваат нецелосни податоци и притоа се дава само владината страна. Линк до оригиналниот напис: Заев бега од избори затоа што се плаши од народот Датум и време на објавување: 16.012016, 12:44 Датум на рецензирање: 18.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ВАЖНА Е САМО ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ!

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев панично ги напушти синоќешните преговори во Пржино, а со истата таа паника сака да го избегне соочувањето со народот.“ При презентирањето на веста се изнесува лична оцена на случувањата и се спинува целата приказна. Како поткрепаа на пласираните ставови

За неточни вести се објавува корекција

на 16. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Груевски поднесе оставка]

  Текстот е неточен, едностран и без извори. Читателот не добива целосна информација за ситуацијата бидејќи во текстот се нафрлени штури податоци без нивно целосно разработување. Разработувањето на веста е неопходно за читателот да добие целосна претстава за тоа што се случува, но и за претходните настани кои довеле до веста, за кои можеби и не бил информиран. Линк до оригиналниот напис: Груевски поднесе оставка Датум и време на објавување: 14.01. 2016 Датум на рецензирање: 16.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

„После 10 години владеење, на големиот Христијански празник „Свети Василије“ , или православна нова година Никола Груевски поднел оставка на функцијата премиер и мандатор на владата, дознава Охридскај.“ Написот нуди неточна информација од неидентификуван

Прикривање податоци за поинаква вистина

на 21. 12. 2015 | | sq

[Рецензија:  Збор како ѓон, Заев не си го испочитува своето ветување за предавање на материјалите]

  Текстот е едностран и коментаторски. Во него се презентираат бајати информации, а во интерес на извртување на реалната ситуација се испуштаат најновите податоци за настанот, кои, пак, се клучни за читателот да може да оформи целосна слика. Написот со вака конструирани податоци, се обидува да го промовира ставот на владејачката партија. Линк до оригиналниот напис: Збор како ѓон, Заев не си го испочитува своето ветување за предавање на материјалите Датум и време на објавување: 18.12.2015, 13:41
Датум на рецензирање: 18.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по којзнае кој пат си го погази сопствениот збор, но и не го испочитува

Кревање паника за повеќе кликнувања

на 18. 12. 2015 | | sq

[Рецензија:  Родителите во паника – маж се обиде да киднапира девојче од градинка]

  Текстот има несоодветен, сензационалистички наслов, кој создава поинаква претстава кај читателите. Прикривајќи информации за местото на настанот, написот создава привид дека станува збор за случај во Македонија и предизвикува паника кај публиката. Линк до оригиналниот напис: Родителите во паника – маж се обиде да киднапира девојче од градинка  Датум и време на објавување: 16.12.2015 , 14:27 Датум на рецензирање: 16.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров

ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ НАСЛОВОТ

„Непозната личност се обидела да киднапира девојче од една градинка во Сараево, додека воспитувачките ги подготвувале децата за дома.“ Насловот на текстот не ја открива локацијата за настанот, поради што се добвива вчечаток дека киднапирањето се случило во Македонија. Текстот

Цело е кога има сè!

на 18. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: По Црвенковски и Шилегов: Се третираат ли навредите на жените како доблест во СДСМ?!]

  Прилогот е едностран, етикетира, генерализира и коментира. Тој се обидува преку два случаи да повлече паралела и таквото однесување да го припише како карактеристика на целата партија. Испуштањето на реакциите на политичките партии, како и на партијата на која се однесува написот, создава впечаток дека целта е да се дискредитираат партијата и нејзините претставници.
Линк до оригиналниот напис: По Црвенковски и Шилегов: Се третираат ли навредите на жените како доблест во СДСМ?! Датум и време на објавување: 17.12.2015, 18:25
Датум на рецензирање: 18.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

ГЕНЕРАЛИЗИРАЊЕ

„По повод вербалниот инцидент што се случи на Анкетната комисија меѓу претседателот на комисијата Петре Шилегов

Бајата и ископирана вест

на 17. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Од устата на тинејџер извадиле 232 заби!]

  Текстот е стар, не дава нови информации за случајот и целосно е ископиран од друг портал. Линк до оригиналниот напис: Од устата на тинејџер извадиле 232 заби! Датум и време на објавување: 15.12.2015, 16:00 Датум на рецензирање: 16.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

НАПИС СТАР ЕДНА ГОДИНА

„Ашик Гаваи (17) имал бениген тумор па во неговата вилица му се формирале огромен број заби. Лекарите велат дека станува збор за многу редок случај и дека ова момче е светски рекорд.“ Написот е објавен со задоцнување од повеќе од една година и целосно е ископиран од порталот „Точка“. Авторот на текстот, како извор го наведува британскиот национален сервис „Би-Би-Си“, кој веста ја објавил на

Кога новинарството се користи за дискредитирање

на 16. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: ВИДЕО: Нова шлаканица за Саше Политико]

  Текстот е едностран и коментаторски, етикетира и дава лични оцени, без тие да бидат поткрепени со факти. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Нова шлаканица за Саше Политико Датум и време на објавување: 14.12.2015 – 10:54
Датум на рецензирање: 15.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

ТРИ ВО ЕДНО!

„Саше Политико, кој на јавноста и е познат по погрдните зборови и некултурата која ја користи, имаше неуспешен обид да ги испровоцира граѓаните.“ Авторот на текстот при презентирањето на информацијата го етикетира новинарот кој ја врши анкетата. Истовремено, во написот се нудат заклучоци што не се поткрепени со факти, ниту, пак, произлегуваат од одговорите на анкетираните. „Разликата меѓу конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивноста на СДСМ и

Претплатете се за најнови вести