verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Димитар Тануров

Сензационализам од несреќен случај

на 16. 03. 2016 | | sq

[ФОТО: Ова е малата Теодора која падна од тараса и остана жива]

  Текстот има наведувачки и сензационалистички наслов, а нуди штура информација за настан што се случил во Србија, без притоа да даде повеќе детали, особено зашто за случката претходно воопшто не е пишувано. Ваквите половични информации не ги исполнуваат критериумите за вест, а уште помалку му нудат целосно информирање на читателот. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е малата Теодора која падна од тараса и остана жива Датум и време на објавување: 14.03.2016, 14:51 Датум на рецензирање: 16.03.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ЗБУНУВАЧКА ВЕСТ

„Едногодишната Теодора Добреновиќ од Ниш е повредена во саботата откако паднала до тераса од 2,5 метри висина.“ Текстот е објавен со наслов кој навестува

Приказната за охридскиот лебед: Расипан телефон и филувани информации

на 15. 03. 2016 | | en
Една фотографија, многу шпекулации. Погрешната приказнa за охридскиот лебед ја пренесоа и светските медиуми . Фото: Наќе Батев, преземена со дозвола на авторот.

 

Целиот случај со лебедот од Охрид и начинот на кој се пренесе информацијата укажува колкаво е значењето на јазикот во новинарските текстови – тој мора да биде јасен, прецизен и разбирлив

  Пишува: Димитар Тануров   „Светот не се состои од работи, туку од факти, а

„Отровен“ текст

на 10. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Две новинарски квачки, кешоварки на услуга]

  Написот повеќе наликува на комшиски, озборувачки муабет отколку на новинарски текст. Во него не се запазени новинарските стандарди и не се нудат никакви факти за да се поткрепат изнесените тврдења. Овој „отровен“ текст користи навредлив говор, етикетира и има за цел да ги оцрни личностите кои ги става на „отстрел“. Линк до оригиналниот напис: Две новинарски квачки, кешоварки на услуга Датум и време на објавување: 03.03.2016 Датум на рецензирање: 09.03.2016 Рецензент: Димитар Тануров     НАВРЕДУВАЊЕ, ЕТИКЕТИРАЊЕ, ДИСКРЕДИТИРАЊЕ Написот е пишуван со еден недоличен, примитивен речник и со омраза кон двете новинарки. Тој, според својата конструкција не исполнува ниту една од карактеристиките на новинарските жанрови. Гледам вчера не можам да се изначудам

Манипулирање преку генерализирање

на 7. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Младите од Скопје со јасна порака за Заев]

  Станува збор за фотовест, во која освен што има три фотографии и се коментира текстот од прикажаните натписи, не се наведуваат никакви други податоци, како, на пример, точната локација на транспарентите и кој навистина стои зад нив. Па, наместо проверка на информациите, се извлекува едностран заклучок: „ Младите од Скопје со јасна порака за Заев.“ Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Младите од Скопје со јасна порака за Заев Датум и време на објавување: 28.02. 2016,15:29 Датум на рецензирање: 04.03.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

НАМЕНСКА ИНФОРМАЦИЈА

„Преку големи транспаренти младите му испраќаат порака на лидерот на СДСМ.“ На самиот почеток од текстот се тврди дека младите се автори на транспарентите

Внимание: „кромид-вест“!

на 19. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: ПАНИКА: Во продажба портокали заразени со ХИВ позитивна крв]

  Текстот е невистинит, создава паника кај граѓаните, а главна причина за неговото објавување е собирање на повеќе кликнувања. Истовремено, станува збор за „кромид- информација“ која е стара повеќе од една година, а во написот не се ни прави обид да се демистифицира целата „теорија на заговор“. Линк до оригиналниот напис: ПАНИКА: Во продажба портокали заразени со ХИВ позитивна крв Датум и време на објавување: 14.02. 2016,19:43 Датум на рецензирање: 18.02.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

СТАРА И НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

„На интернет деновиве се прошири вознемирувачка вест дека Царинската служба на Алжир открила големо количество портокали, увезени од Либија, во кои била вбризгана ХИВ позитивна крв.“ Текстот се темели на непроверени

Не е важно кој објавува, важно е да се напаѓа!

на 17. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Специјалната Фатиме јавно се заканува!]

  Текстот е едностран, граден врз основа на непроверени и на погрешни факти и има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Оваа медиумска содржина свесно ја дезинформира јавноста дека обвинителката Фетаи, наводно, се заканувала откако Судот не ги прифати барањата на специјалната обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Линк до оригиналниот напис: Специјалната Фатиме јавно се заканува! Датум и време на објавување: 14.20.2016 – 22:46 Датум на рецензирање: 15.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

НЕПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Написот се темели на објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ и тоа на ФБ-страница на обожаватели, а која не е ниту раководена од самата обвинителка. „Специјалната јавна

Фотомонтажа и теорија на заговор

на 16. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Зоран Заев најави, а Јанева денес настапи со политичка прес-конференција]

  Текстот e едностран и повеќе коментира отколку што презентира информации. Фактите, пак, кои делумно ги прикажува се искористени за да се направи спин и да се извалка професионалноста на специјаната обвинителка и на нејзиниот тим. Пишуван во ваков манир, написот испраќа целосно извитоперена слика во јавноста. Инаку, оваа објава се наоѓа во сосема несоодветна категорија (видео), иако во неа нема аудиовизуелни содржини. Линк до оригиналниот напис: Зоран Заев најави, а Јанева денес настапи со политичка прес-конференција  Датум и време на објавување: 12.02. 2016,12:21 Датум на рецензирање: 14.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

ИЗВИТОПЕРЕНА СЛИКА

Не само насловот, туку и главата на текстот најавува дека написот повеќе ќе коментира, отколку

Стара вест со нов бомбастичен наслов

на 15. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Ново и остро соопштение од ЕУ: Престанете со нападите врз Јанева]

  Написот пренесува стари информации, а соопштението е целосно испревртено и со бомбастичен наслов се обидува да создаде претстава дека има нови реакции, кои не се ниту прецизно лоцирани. Линк до оригиналниот напис: Ново и остро соопштение од ЕУ: Престанете со нападите врз Јанева  Датум и време на објавување: 09.02.2015, 17:17:18 Датум на рецензирање: 12.02.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

ПОДМТЕНАТО „БАЈАТО“ СООПШТЕНИЕ

„ЕУ ги повикува политичките партии да соработуваат со Специјалната јавна обвинителка, да прекинат со напади врз ова независно тело и да престанат со заплашувања врз јавни функционери чија што задача е да ги подготват изборите, се вели во соопштението на ЕУ.“ Текстот се темели на интерно

Погрешен наслов

на 4. 02. 2016 | | sq

[Рускиот јазик сè уште главен странски јазик во Бугарија и балтичките држави]

  Текстот во содржинскиот дел пренесува точни статистички податоци. Но, тие во насловот се лошо интерпретирани и е изведен погрешен заклучок. Доколку читателот го види само насловот, ќе добие погрешна информација и ќе оформи сосема искривена слика дека рускиот е доминантен странски јазик во Бугарија и во балтичките држави. Линк до оригиналниот напис: Рускиот јазик сè уште главен странски јазик во Бугарија и балтичките држави Датум и време на објавување: 01.02.2016, 13:26 Датум на рецензирање: 03.02.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

УПРОПАСТЕНА ВЕСТ

„Бугарија, Естонија, Летонија и Литванија се единствените држави во ЕУ, каде што рускиот јазик се изучува како втор странски јазик во училиштата, покажуваат податоците на Евростат,

И обвинител, и судија!

на 1. 02. 2016 | | sq

[ВИДЕО: Патологија на лажење на опозицискиот лидер]

  Коментаторски напис кој има цел да ги дискредитира најголемата опозициска партија и нејзиниот лидер. Во него не се даваат нови податоци ниту, пак, се пренесува став од партијата за критиките што се испорачани на нејзината адреса. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Патологија на лажење на опозицискиот лидер Датум и време на објавување: 26.01.2016, 12:57 Датум на рецензирање: 29.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

НАВРЕДЛИВ ТОН

„Дека СДСМ е партија која се служи со лаги и манипулации од најдолен вид не е ништо ново за македонските граѓани. Тие тоа го покажуваат во секој изборен процес покажувајќи и на опозицијата дека со лаги не се доаѓа на власт.“ Новинарскиот напис почнува со коментар, кој не

Претплатете се за најнови вести